Научното знаење и неговата структура

Суштината на научното знаење, не го сочинуваат само неговите особини, туку и неговата структура. Одликите на научното знаење ја претставуваат содржинската страна на науката, а структурата на научното знаење го претставува нејзиниот облик. Формата во која се јавува научното знаење е важна, за природата на науката, бидејќи истовремено ги изразува неговите одлики, почнувајќи од: општост, проверливост, објективност сè до вистинитост, но истовремено има функционална улога во стекнување на нови знаења. Постојат различни сфаќања за структурата на научното знаење, но сепак таа претставува одредена целина на целокупното научно достигнување, составена од сегменти во сознајниот процес.

Зградата на научното знаење може да се подели на:

1. Јазик (терминологија) 2. Поимниот апарат 3. Закони 4. Теории 5. Научни системи

1.Јазикот на науката

Јазикот на науката, претставува научно средство за исразување на научната содржина, односно е специфичен систем на знаци за изнесување на основните судови за реалноста. За разлика од другите знаци, кои содржат чувства, јазикот на науката е орудие на мисли, кое е формирано по логички пат. Раководени од логиката, но и потрбата да се стои цврсто на терен на податоците, јазикот на науката има посебно симболичко значење, како што се: општост, објективност, прецизност, проверливост, систематичност, вистинитост, но на еден јасен и конкретен начин.

Научниот јазик има две страни:

===1.Именска(терминолошка) од лат. збор terminus-име, израз, збор, како негова основна единица=== ===2.Втората се однесува на значењето===

Зборот е ознака за некој предмет. Поврзувањето на зборовите во реченици, а овие во ставови, градат пошироки јазични целини. Во науката термините се со специфичен карактер, и се однесуваат на т.н. технички термини(вештина), означува способност јасно да се изрази некоја суштина на научниот предмет. Науката тежнее да дефинира одреден поим со помош на јазична операција, со што помалку зборови, со цел тоа да биде, ако е можно и само еден збор. Термините во науката треба да бидат со јасна содржина, препознатлива во сите јазици, кои се употребуваат во секојдневна комуникација, овозможувајќи воведување на технички тремини. Интересно е тоа дека јазикот е знак за создавање на ново знаење, бидејќи новите парадигми носат нови термини. Самите научници, создаваат свои нови ознаки за појавите, кои подоцна се или не се прифаќаат. Карл Маркс, на пр: ги создаде термините: производни сили, општествено-економска формација, термини кои не постоеле, а сепак внеле револуција во јазикот на општествените науки и станале дел од научното знаење. Терминолошките својстава на јазикот овозможуваат средување на научното знаење. Без техничките термини не би било можно формирање на поимниот апарат, системот на теории, бидејќи едноставно тие не би можеле да се изразат. Покрај ова термините се користат за научно објаснување. Ако се има предвид дека разбирањето на реалноста е конечната задача на науката, користењето на тремините е од незамисливо значење.

Страната која се однесува на значењето, честопати е поважна од именската, бидејќи е директен одраз на содржината на предметот. Значењето на научниот јазик упатува на некоја релација на предметот, која се изразува со симболи. Значењето на термините претставува негова длабока експликација, односно врска на која се однесува. Пр.: кога се дефинира физички терминот вода, тогаш тоа е именска ознака, позади која стои зачењето на содржината, а се однесува на релација однос, атом на кислород и водород. Кога ќе кажеме општествена класа, тогаш тоа е симбол, кој означува голема општествена група, чија положба е одредена со односот според средствата на производство и според распределба на материјалното богатство и општествена моќ. Значењето на јазикот овозможува да се утврди и детална анализа на сознајниот процес, бидејќи се однесува на содржината на комуникација и објаснување. Во таа смисла значењето на јазикот се согледува во преиспитување на објектот(реалноста), која субјектот(научникот) ја открива и ја дефинира со помош на поимниот апарат, закони, теорија. Значењето на научниот јазик може да биде различно, но во главно:

• Предметно(се однесува на содржината на објектот, појавата и нивната причина) • Концептуално(се однесува на логичките правила на мислење, со што се формираат ставовите на науката). Со помош на ставовите се мисли, се комуницира, се објаснува. Концептуалното значење е вистинска подлога за средување на знаењето, со него се создава поимната рамка на науката, па и целиот апарат, закони, теорија, системи.

2.Поимниот апарат на науката

Ставовите се основа на апаратот на науката, кои не се ништо друго, туку специфичен збир на нејзиното орудие за работа. Ставот е реченичен исказ, комбинација на симболи, т.е. со симболично-реченичен карактер. Тој е секогаш тврдење за објектот, за стварноста, но не може да се сведе на објект, туку на претставата за него. Во него се воочува постоењето на субјектот, кој во ставот го изразува тврдењето за објектот, односно за она за што се формира тврдењето. Тоа може да биде вистинито или лажно, но тој никогаш не го доведува во прашање ниту субјектот, ниту објектот. Тие заедно го сочинуваат треминот став, кој има свој обем и содржина. Обемот на треминот став, или денотација се однесува на објектот или неговата класа. Содржината на терминот став или конотација, изразува збир на атрибути или одлики на објектот. Тие атрибути, можат да бидат: збир на сите обележја на објектот, збир на суштинските одлики на објектот и целина на заеднички црти на објектот. Научните судови, се специфични ставови, во кои тврдењата секогаш се искажувааат со поими. Во своето општо значење, поимот е термин, кој означува мисла за битните својства и односи на некој објект, односно анализа на субјектот, добиен елемент на логички суд. За создавањето на поими, од големо значење е и самиот процес на дефинирање на појавите. Поимите настануваат по логичка постапка на одредување, во која се изделуваат битните одлики и релација помеѓу реалниот и замислениот објект. Самата дефиниција е јазичен израз, со кој се утврдува збирот на основните атрибути на содржината на објектот. Специфичноста на научниот поим, се состои во тоа што ставот за објектот на реалноста се заснова на податоци. Дефиницијата на поимот, ги вклучува овие чинители на два начина: непосредно и посредно. Непосредното вклучување на содржината на реалноста се заснова на сетилното искуство, што честопати е не е лесно да се постигне, и затоа се прибегнува кон посредување, кое е од логичко-теоретска природа. Искуствената и логичко-теориската страна на поимите во науката се рамноправни. Учењето, за тоа да научниот поим се сведува само на оној став, кој може искуствено да се докаже, потполно ја осиромашиле науката и ја сведуваат на поединечни и приземни поимни реалности. Освен тоа апстрактните поими, кои ја откриваат врската на целината со реалноста, на тој начин би биле исклучени од реалноста. Според тоа, сосема се во право Коен и Негел, кои истакнуваат дека научниот поим е само оној став, во кој се изнесува релацијата со другите ставови, што значи во тоа и се согледува и природата на научното знаење. Научниот поим не може да биде знак, кој не би се засновал на искуство, па дури и посредно да биде поврзан со други ставови. Одредувањето на општите поими со помош на други поопшти поими, би ја затворило науката во круг, од кој не биимало излез. За да не се случи тоа, неопходно е постоење на премин на искуствените ставови, затоа е и комбинацијата на логичко-искуственото одредување, значајно за природата на научните судови-поими. Поимите на науката, ја градат својата научна апаратура. Секоја дејност поседува свои орудија за работа, а во науката тоа се поимите, кои се поврзани во една мрежа, со која ја покриваат реалноста. Степенот на изграденост на една наука и нејзиното знаење, се согледува врз основа на развиеноста на мрежата или апаратот. Повеќе поими во науката, се претпоставува дека има поголеми можности за научните сознанија на реалноста. Од логичка страна, поимниот апарат се состои од научни судови и ставови, специфицирани во поими. Од содржинска страна, поимниот апарат се изразува во поимните видови поими како што се: категории, аксиоми, постулати, теореми и принципи.

Во своето елементарно значење, кое е од филозовски карактер, категориите се најопшти поими, без кои нема знаење. Според Хегел, категоријата е самиот поим на работите, што е всушност објективен став. Кант тврдел, дека категориите се основни поими на сознанијата apriore, бидејќи одлучуваат за судење на некој работи. Сметал дека постојат четири категоријални поими: квалитет, квантитет, релација и модалитет. Според Аристотел постојат десет основни поими на категории за реалноста: супстанција, колку, какво, однос кон, кога, положба, состојба, дејност. Во научна смисла, категоријата, означува највоопштени поими, кои интегрално ги објаснуваат објектите и реалноста во целина. Меѓу другите категории се: реалноста, природата, општество, човек. Поради својата воопштеност, тие се врска меѓу научното и филозовското знаење во онаа смисла во која постои релација помеѓу облиците на рационалното сознание, но и мислење. Во таа смисла научните категории содржат поими, кои имаат заеднички особини за сите предмети и појави на објективната реалност. Аксиомите се поимни ставови со изворен карактер. Нивното име потекнува од грч. збор аксиома(углед, чест, авторитет). Изворното тврдење, според тоа претставува поаѓалиште кое не се доведува во прашање, односно претставува точност на судот. Основната функција на аксиомите, е дека по пат на дедуктивните правила се изведуваат нејзините тврдења од општ, висок или низок ред. Аксиомите потекнуваат од очигледна вистина, воопштена од човековата пракса со дедукција, со аксиолошки знаења и уверувања. Под аксиома се подразбира она што е исправно, став што не треба да се докажува, а е основа на секое докажување. Поимот ги означува првите принципи на логиката, метафизиката, етиката како и на математичките постулати. Аксиомите или највишите принципи (maximae propositiones) на секоја наука, се оние ставови со кои се толкува нивниот предмет и нивните суштински ознаки, се непосредно евидентни и сигурни, служат за заклучување и докажување, додека самите не можат да се докажат. Според Аристотел аксиома е оној принцип кој треба да се прифати ако сака нешто да се разбере, односно тоа е првата поставка од која почнува докажувањето, а самата не се докажува. За стоиците аксиома е „она што е вистинито или лажно". За Кант аксиомите се „априорни синтетички принципи, доколку се непосредно сигурни". Постулатите се поимни судови, кои се земаат како содржински и логички вистини, но како и аксиомите нивната вистина не се докажува. Постулатот, значи е сличен со аксиомата, но за разлика од него, тој не мора да биде очигледен, туку најчесто е резултат на дедукција. Истовремено, помеѓу аксиомите и постулатите не постои разлика во сложеноста на ставовите, така да често се земаат како синоними. Принципи се појмовни ставови, кои како и аксиомите и постулатите, претставуваат исходишни судови. Самиот термин води потекло од лат. збор principium, кој означува основа од која се потекнува(во онтолошка смисла). Покрај сличноста на аксиомите со постулатите, кај принципите е особено нагласена вредносната димензија, што е всушност и критериум за проценување. Оттука принципите служат за вреднување на сите судови, кои се изведени од него како добри или лоши. Покрај вреднувањето, кај принципите истакнат е момент на логичка дедуктивност и исправност на ставовите од понизок ред, па и критериумите според кои се јавуваат и прилагодуваат другите ставови. Како аксиомите и постулатите, така и принципите според методолошкиот критериум(интерпретативни и експликативни), воведуваат ред во истражувањето и научното објаснување. Често од нив мора да се поаѓа при прибирањето на податоците, но истовремено и во изнесување и заклучување на резултатите.