Уџае (маршалски: Ujae или WūjaeMarshallese-English Dictionary - Place Name Index) е корален атол во Тихиот Океан составен од 15 мали островчиња. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови и тој претставува една од општините во државата. Уџае има вкупна површина од околу 1.86 км2 и лагуна од 185.94 км2. Атолот е оддалечен од Кваџалејн 122 км. Според податоците од 1998 година атолот имал население од 448 жители. Атолот има надморска височина од 3 метри.

Историја Во 1884 година атолот бил под германска контрола и дел од Германска Нова Гвинеја. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска. Во 1986 година Маршалските Острови станале независни и атолот станал дел од новата држава.

Наводи

Поврзано Маршалски Острови Острови во Маршалските Острови Ралички Острови

Надворешни врски Маршалски Острови Уџае на Oceandots.com

Категорија:Ралички Острови Категорија:Општини во Маршалските Острови