Волта а Каталуња или Трка околу Каталонија — популарна друмска велосипедска трка, која се одржува секоја година во Каталонија, Шпанија. Дел е од програмата на Светската турнеја, рангирана како втора по популарноста зад Вуелта а Еспања во Шпанија. Поради нејзиното место во календарот (по Џиро д’Италија), долго била гледана како важна трка за подготовки за велосипедистите пред Тур де Франс. По воведувањето на ProTour, трката била преместена во мај, правејќи ја алтернатива за Џиро. Ова не се покажало како успешна примена и во сезоната 2010, организаторите на трката ја префрлиле на крајот на март, датум, кога порано го држела друга каталонска етапна трка, Сетмана Каталана. Првото издание било одржано во јануари и траело три дена.
Вкупниот победник ја добива белата маичка со зелени риги. Таа е една од 28. трки, кои го сочинуваат календарот на Светската турнеја. Исто така постојат и три други пласман. Победникот на бодовниот пласман (спринт) ја носи белата маичка, црвената е за победникот на планинскиот пласман и маичката на националниот велосипедски тим на Каталонија е за најдобро пласираниот Каталонец. Исто така, постои и екипен пласман.
Волта а Каталуња е третата најстара велосипедска етапна трка во светот (првпат се возела во 1911), веднаш зад Тур де Франс (1903) и Џиро д’Италија (1909). Само аматерската и трката за возачи под 23 години Волта а Тарагона (1908) е постара отколку Волта а Каталуња во Каталонија и на Пиринејскиот Полуостров.
Минати победници
Повеќекратни победници
Победи Возач Изданија 7 1928, 1929, 1930, 1932, 1935, 1936, 1939 3 1988, 1991, 1992 2009, 2017, 2018 2 1924, 1925 1926, 1927 1947, 1948 1952, 1960 1953, 1959 1980, 1989 1984, 1986 2010, 2014
Возачите со закосени букви се сè уште активни.
Победи по земја
Победи Земја 60 11 10 5 3 , 2 , 1 , , , ,
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Категорија:UCI ProTour трки Категорија:Светски ранкинг на UCI Категорија:Светска турнеја на UCI Категорија:Велосипедски трки во Каталонија Каталонија