Во софтверското инженерство со терминот функционални барања, се дефинираат функции на софтверскиот систем или функции на негови компоненти. Функција е опишана како множество од влезни податоци, однесувања и излезни податоци. Под функционалните барања спаѓаат пресметки, технички детали, ракување со податоци и нивна обработка и други функционалности што дефинираат што треба системот да изврши.

Барањата за однесување ги опишуваат сите случаи каде што системот ќе ги користи функционалните барања. Функционалните барања се поддржани од нефункционалните барања (кои се познати и како барања за квалитет), во кои се наметнуваат ограничувања во дизајнот и имплементацијата. Генерално функционалните барања се изразуваат во форма: ,,системот мора да ги има <барања>‘‘, додека пак нефункционалните барања се изразуваат во следната форма: ,,системот треба да биде <барања>‘‘. Планот за имплементирање на функционалните барања е наведен во дизајнот на системот, додека пак планот за имплементирање на нефункционалните барања е наведен во архитектурата на системот.Roman, G.-C. (1985) "A taxonomy of current issues in requirements engineering" Computer, April 1985 Volume: 18 Issue: 4, pp. 14-23, ISSN: 0018-9162

Функционалните барања специфицираат поединечни резултати од системот. Ова треба да биде во согласност со нефункционалните барања, коишто ги специфицираат севкупните одлики на системот. Функционалните барања се водени од архитектурата на системот, додека нефункционалните се водени од техничката архитектура на системот. Во некои случаи, инженерот задолжен за анализа на барањата, изработува и кориснички случаи по разгледувањето и анализата на барањата. Секој кориснички случај прикажува сценарија во кои се опишува барем едно функционално барање. Концептот на функционални и нефункционални барања бил презентиран во 1982 година на конференција за компјутерски софтвер и апликации.R. T. Yeh (1982) "Requirements Analysis- A Management Perspective," Proc. COMPSAC '82, Nov. 1982, pp. 410-416

Начин на работа Секое функционално барање треба да содржи единствено име и број, кратко резиме и објаснување. Тие информации се користат за да им помогнат на читателите зошто тоа барање е потребно, додека пак преку бројот барањето лесно ќе биде следено во текот на развојот на софтверот. Барањето мора да биде јасно и читливо, во кое е опишано како системот да се однесува. Многу од барањата може да бидат откриени кога се прават корисничките случаи.

Книги

Наводи

Категорија:Системско инженерство