Обичната гуска или дива гуска (Anser anser) ― птица која е нашироко распространета во Стариот Свет. Таа е типски вид на родот гуска.

Овој вид е предок на припитомената домашна гуска во Европа и Северна Америка. Многу се чести и јатата од гуски кои од припитомени повторно преминале на живот во дивината.

Дивата гуска е еден од видовите на кои се однесува Спогодбата за зачувување на африканско-евроазиските преселнички водни птици (AEWA).

Во самата наука, дивата гуска е најпозната како птицата со која етологот Конрад Лоренц првично го проучувал феномнеот во поведението попознат како отпечатување.

Таксономија мини|лево|Примерок во Зоо Скопје. Anser anser, дивата гуска, е член на семејството водни птици патки. За прв пат била опишан од шведскиот натуралист Карл Линеј во 1758 година како Anas anser, но била префрлена две години подоцна во новиот род Anser, воздигната од францускиот зоолог Матирен Жак Брисон, каде што е типски вид. Два подвида се признаени; A. anser, западна дива гуска, која се размножува во Исланд и северна и средна Европа; A. a. rubrirostris, источна дива гуска, која се размножува во Романија, Турција и Русија кон исток до североисточна Кина. Двата подвида се мешаат таму каде што се среќаваат нивните опсези. Дивата гуска понекогаш се хибридизира со други видови гуски, вклучувајќи ги и граорестата гуска (Branta leucopsis) и канадската гуска (Branta canadensis), а повремено и со црвеноклуниот лебед (Cygnus olor). Дивата гуска била едно од првите животни што биле припитомени; ова се случило пред најмалку 3.000 години во Стар Египет, домашниот подвид е познат како A. a. domesticus. Бидејќи домашната гуска е подвид на дивата гуска тие можат да се спаруваат, а потомството ги дели одликите на дивите и домашните птици.

Физички опис

Дивата гуска е најголема и најгломазна од сивите Anser гуски. Поседува заоблено, гломазно тело, дебел и долг врат, како и голема глава и клун. Има розови нозе и стапала и портокалов или розов клун. Долга е 74 до 91 cm, со должина на крилјата од 41,2 до 48 cm. Опашката е долга 6,2 до 6,9 cm, а клунот 6,4 до 6,9 cm. Тежи 2,16 до 4,56 кг, со просечна тежина од околу 3,3 кг. Распонот на крилјата е 147 до 180 cm. Мажјаците се обично поголеми од женките, при што половиот диморфизам е поизразен кај источниот подвид rubirostris, кој во просек е поголем од сите останати подвидови.

Пердувите на дивата гуска се сивкасто-кафеави, со потемна глава и поблед стомак со различни црни точки. Шарите на нејзините пердуви се резултат од бледите рабови на перјата. Има бела линија која граничи со горните слабини. Нејзините покривни пердуви се посветло обоени за разлика од потемните летачки пердуви. Младите гуски се разликуваат главно по отсуството на стомак исшаран со црни точки.

Подвидови

A. a. anser (Линеј, 1758) - западна дива гуска; A. a. rubrirostris (Свихоу, 1871) - источна дива гуска; A. a. domesticus (Линеј, 1758) - домашна гуска.

Наводи

Категорија:Гусковидни Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Животни во Зоолошка градина Скопје