Горан Ристовски (, ) — македонски графичар. Животопис Горан Ристовски е роден на 7 јануари 1987 година во Струга. После средното образование во ДСУ „Нико Нестор“ се запишал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде во 2009 година дипломирал, на отсекот графика, насока графички дизајн, во класата на професор Димитар Малиданов. Истата 2009 во Струга во ЦК „Браќа Миладиновци“ ја поставува својата прва самостојна изложба на графики и монотипии “End.Begin”, подоцна се претставува и во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово. Во наредниот пероиод Ристовски зема учествуво на повеќе групни изложби во Македонија и надвор, биеналиња, и фестивали. Во 2013 година заедно со неколку локални уметници го формираат уметничкото здружение ИНКА, преку кој следните 7 години ќе организираат различни културно уметнички настани лоцирани најчесто во Струга. Еден од таквите настани е „Фестивалот за процесирање култура ДРИМОН“ кој станува препознаен не само на локално и ниво на републиката туку и на балканот. Следно реализира изложба во Музеј Робевци во Охрид со делата „Ликвидирани вредности“, потоа изложба на фотографски циклус во Прима Центар во Берлин и потоа во Скопје и Струга. Ристовски е селектор и организатор на ин- ситу уметнички инсталации и резиденциски престои каде ќе се спроведат интервенции на неколку различни напуштени локации во Струга и околината. Во 2023 година ја реализира изложбата со наслов „Траги“ која истата ја изложува во Скопје, Велес и Струга. Според делата од серијалот „Траги“ во 2024 е работен и експериментален краток филм инспириран од тематиката и визуелните впечатоци од делата снимани во пределите на планаината Јабланица во близина на Вишни, струшко. Неговата уметничка практика се состои од истражување на различни техники и материјали, се изразува преку цртеж, слика, фотографија, графика, инсталација, вклучувајќи и готови предмети како и муралот како улична уметност. Во неговата творечка практика инспирацијата потекнува од посматрање и реакција на локалните случувања, како тие влијаат врз индивидуата и општеството, промените предизвикани од човечкиот фактор врз природата како и традиционалните трансформации и мемории рефлектирани во современиот свет. мини|220п|Муралот. Во октомври 2021 година, во рамки на проектот „Градиме култура, сликаме култура - мурали за 30 години независност“, уметникот Горан Ристовски насликал на јужната страна на зградата на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга, мурал со ликот на Владо Малески, струшкиот вез и дел од текстот на химната „Денес над Македонија“ односно делото на Малески.

Изложби Самостојни изложби: 2025 „Премин“ НУЦК „Марко Цепенков“, Прилеп 2025 „Траги“ Галерија АРТ 55, Ниш, Србија 2023 „Траги“ КСП Центар- Јадро, Скопје; ЛУ Нароен музеј Велес 2022 „Траги“, ЦК „Браќа Миладиновци“, Струга 2021 „Траги“ Виртуелна изложба, PrivatePrint VR Studio, Скопје 2019 „Цврсти лаги“ Мобилна Галерија, Скопје 2018 „Цврсти лаги“ Прима центар Берлин, Берлин, Германија 2012 „Ликвидирани вредности“ Музеј „Робевци“- Охрид 2011 „END.BEGIN“ Центар за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово 2010 „END.BEGIN“ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга

Селектирани групни изложби: 2025 7-мо Интернационална Екс Либрис изложба Скопје, КИЦ, Скопје (Почесна диплома) 2024 РеОткривање- Europe House Struga 2024 11 Интернационално графичко триенале Битола 2022 Tirana International Biennale of graphic arts, Tirana, Albania 2022 4 Интернационално графичко биенале, ДЛУМ, Скопје 2022 MIRROR FACE TO FACE 2022 Italian and Macedonian Artist Exhibition, Vila Caldogno, Italy 2021 Vortex, Дом на култура „Кочо Рацин“, Скопје 2021 „Надминување на уметноста“ КСП Центар- Јадро, Скопје 2021 22 International Triennale Grenchen, Switzerland 2021 10-то Интернационално графичко триенале Битола 2021 Изложба „Бегство“, Резиденција на Европска Унија, Скопје 2020 3-то Интернационално графичко биенале 2020 ДЛУМ, Скопје 2020 Изложба, инсталација „Сцена без (с)цена“, колаборативен проект, Калишта, Струга 2019 Изложба, инсталација „Раздримување- колективна игра“, колаборативен проект, Струга 2018 Под земја полесно се дише 6, Скопје 2018 XII Биенале на млади уметници, НУ Музеј на современата уметност – Скопје 2017 Изложба „1101: Св. Климент низ современата уметничка призма“ Скопје 2017 Изложба на плакати „Бегалци во сопствената земја“, Скопје, Струга 2016 Изложба “Artvertizing For Fairpress“, циклус на плакати, Кампања за подигнување на јавната свест против клиентелизмот, Скопје, Струга 2015 „Paratissima 11” – Торино, Италија 2015 „Paratissima Skopje“ МКЦ, Скопје 2010 Триенале на Графичката работилница СОФИЈА, Богданци 2010 Интерконтинентално биенале на мала графика “inter art” - Аиуд, Романија 2010 ОСТЕН Светска галерија на цртеж, Скопје 2010 Петто меѓународно биенале во мала графика, Тетово 2009 6-то меѓународно графичко триенале, Битола 2008 4-то меѓународно биенале во мала графика, Тетово

Наводи

Категорија:Македонски графичари Категорија:Луѓе од Струга Категорија:Живи луѓе