Островите Хуан Фернандес (шпански: Archipiélago Juan Fernández) се слабо населени острови во Океанија, Тихиот Океан. Островите се наоѓаат на 600 км оддалеченост од Чиле, под чија управа се островите. Островите се составени од три главни вулкански острови: Робинзон Крусо, Алехандро Селкирк и Санта Клара.

Островите биле четири години дом на Александар Селкирк, и тоа можеби било инспирација за пишување на романот Робинзин Крусо. Островите имаат вкупна површина од 181 километар квадратен, од кои 93 км2 се од Робинзон Крусо и Санта Клара и 33 км2 од Александар Селкирк. Според пописот од 2002, островите имаат население од 633 жители и сите се на островот Робинзон Крусо. 598 жители живеат во главниот град Сан Хуан Баутиста.

Острови Робинзон Крусо, () (или на шпански познат како Isla Más a Tierra), е најблиску до чилеанскиот брег и е опколен од помалите островчиња: Хуананга, (шпански: Islote Juananga) Санта Клара () (шпански: Isla Santa Clara), островче кое има 1 километар квадратен Алехандро Селкирк () (или на шпански познат како Isla Más Afuera)

Најголем остров е Робинзон Крусо и има 93 км2. Највисока точка на островот е ЕлЈунке и има 916 метри надморска височина. Алехандро Селкирк има 50 км2 и највисоката точка изнесува 1.319 метри надморска височина. Санта Клара има 2.2 км2 и највисоката точка има 350 метри.

Наводи

Поврзано Океанија Тихи Океан Чиле

Надворешни врски

Официјално мрежно место на островите Хуан Фернандес на World Wildlife Fund Човеково влијание врз растителноста на Хуан Фернандес Слики од Хуан Фернандес Архива за Хуан Фернандес

Категорија:Општини во Чиле Категорија:Валпараисо (регион) Категорија:Екорегиони во Чиле Категорија:Архипелази во Тихиот Океан