Грег ван Авермат (; р. ) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата . Сметан за еден од најсестраните возачи во современиот велосипедизам, Ван Авермат е специјалист за класичните велосипедски трки, но исто така освоил етапи и генерален пласман на етапните трки, особено кога вози на ридест терен, како што се Тирено-Адријатико 2016 и Тур де Јоркшир 2018. Неговиот силен спринт му овозможува да победува од мали водечки групи, но исто така освоил трки по соло-бегства.
Ја освоил друмската трка на Летните олимписки игри 2016 и освоил други еднодневни трки, како што се Париз-Рубе, Гент-Вевелгем и Е3 Харелбеке во 2017 година, ГП Монтреал 2016 и Тирено-Адријатико 2016, Омлоп Хет Ниусблад во 2016 и 2017. На големите трки, Ван Авермат има освоено две поединечни етапни победи на Тур де Франс и ја носел жолтата маичка единаесет дена во текот на изданијата 2016 и 2018 и го освоил бодовниот пласман на Вуелта а Еспања, со една етапна победа во 2008 година. Ван Авермат бил исто така победник на Светската турнеја 2017.
За сезоната 2021, Ван Авермет се приклучил на со тригодишен договор.
Кариера Ран живот и аматерска кариера
Семејството на Ван Авермат било семејство на велосипедисти, неговиот татко и дедо биле професионални велосипедисти. Бил именуван по американскиот велосипедист Грег Лемонд бидејќи неговиот такот „бил обожавател“. Започнал со велосипедизам на 19 години, претходно играјќи фудбал како голман за ФК Беверен. Во 2006 година, на негови 21 година, станал белгиски аматерски првак, возејќи за екипата .
2007-2010
мини|175п|лево|Ван Авермат возел четири години за екипата
2007 Во 2007 година го потпишал својот прв професионален договор со екипата и освоил четири трки во првата година. На Трката околу Катар, негова прва професионална трка за новата екипа, ја освоил петтата етапа во спринт во групата на бегството, по што следеле бројни блиски завршници на помали трки. Неговите резултати му го донеле учеството на Трката околу Фландрија и Париз-Рубе - негов најдобар резултат било 29. место на Париз-Рубе. Неколку месеци подоцна освоил етапа на Тур де Валони, како и престижната еднодневна Трка околу Хајнлајте во Германија и Меморијал Рик ван Стенберген во Белгија. Го имал својот прв настап на Светското првенство во Штутгарт, каде завршил на 63. место во друмската трка.
2008 Пробивот на Ван Авермат бил во 2008 година. Завршил трет на Е3 Харелбеке откако бил во бегство и осми на неговиот втор настап на Трката околу Фландрија. Во мај освоил етапа на Трката околу Белгија, но ја загубил водечката маичка следниот ден од Стајн Дефолдер и завршил втор во генералниот пласман. Подоцна, бил четврти на националното друмско првенство.
На лето освоил етапи на Тур де Валони и Тур де л’Ен, како и седмо место на ГП Западна Франција во Плуе, пред да го има својот прв настап на некоја голема трка, Вуелта а Еспања. Имал забележливо деби, со победа на деветтата етапа на трката, кога ги претекнал останатите членови на бегството, пред Давиде Ребелин. По неколку други завршници во првите десет, исто така го освоил завршниот бодовен пласман пред Алберто Контадор и Алехандро Валверде. Една недела подоцна, завршил на 17. место на Светското друмско првенство. На крајот на 2008 година ја добил наградата „Фландриец на годината“ од белгиските новинари.
2009 Сезоната 2009 се покажала тешка година, со само една победа, Хеистсе Пејл и неколку завршници на подиумот. Го имал својот прв настап на Тур де Франс со четврто и седмо место на подоцнежните етапи како најдобри резултати. Завршил на Тур де Франс на 89. место.
2010 Во 2010 година немал победа и не бил вклучен во составот за Тур де Франс. Завршил на 49. место на неговото второ учество на Вуелта а Еспања, пред да учествува на Светското првенство во Австралија. Завршил петти на друмската трка, во спринт освоен од Тор Хушовд. На крајот на сезоната изјавил дека ја напушта екипата .
2011
десно|мини|2011: Прва победа на класик на Париз-Тур по спринт со Марко Маркато.
Во 2011 година се приклучил на екипата . По започнувањето на сезоната на Трката околу Катар, започнал забележлива кампања на пролетните класици, на кои бил еден од најнапаѓачките возачи. Деветто место на Милано-Санремо и седмо на Лиеж-Бастон-Лиеж биле негови најдобри резултати. По пролетните класици, завршил втор на Трката околу Белгија.
Летото ги освоил првите победи за неговата нова екипа. Освоил етапа и бодовниот пласман на Трката околу Австрија и го освоил генералниот пласман и завршната етапа на Тур де Валони. Настапил на Енеко Тур и Вуелта а Еспања на кои завршил помеѓу првите 20. Во октомври го освоил својот прв класик, победувајќи го Марко Маркато во меѓусебен спринт на Париз-Тур 2011. Ја завршил сезоната со второ место на Тур де Пиемонте и дванаесетто место на Џиро ди Ломбардија.
2012-2014
2012 Пролетта во 2012 година, Ван Авермат станал фаворит на класиците со неколку силни настапи. Рано во сезоната бил петти на обете трки, Омлоп хет Ниувсблад и Страде Бјанке, пред да се насочи на калдрмисаните класици. Завршил четврти на Трката околу Фландрија, каде го освоил спринтот во завршницата, 40 секунди зад водечкото бегство.
На лето, повторно го пропуштил Тур де Франс и бил многу блиску до освојување на трката од Светската турнеја Гран при Квебек. Започнал силен напад на стрмното искачување Кот де ла Монтањ, на околу 4 километри пред крајот, но бил следен од Сајмон Геранс (). Двоецот направил доволна предност пред групата и учествувал во спринт, каде Геранс се покажал подобар. Повторно бил втор пет дена подоцна на Гран при де Валони, пред да настапи на Светското друмско првенство во Холандија. Завршил на 25. место, откако одиграл улога на поддршка за колегата Филип Жилбер, кој освоил светска титула. Ја завршил сезоната со осми места на Џиро дел Пиемонте и Париз-Тур.
лево|мини|Ван Авермат ја прославува победата на првата етапа на Трката околу Јута 2013
2013 Во 2013 година, Ван Авермат завршил помеѓу првите десет на неколку пролетни класици. Завршил петти на Омлоп Хет Ниувсблад, шести на Страде Бјанке, трет на Гент-Вевелгем, седми на Трката околу Фландрија, четврти на Париз-Рубе и шести на Брабантсе Пејл, но повторно не успеал да освои една трка.
Подоцна во годината, имал силна летна сезона, започнувајќи со две етапни победи и крајна победа на Тур де Валони, како и победа на првата етапа на Трката околу Јута и неколку завршници помеѓу првите пет на САД Про Сајклинг Челинџ. На ГП Западна Франција бил достигнат од главната група на 300 метри од целта по доцното бегство. На трките во Канада, завршил трет на Гран при де Квебек и четврти на Гран при де Монтреал. Назад во Европа, завршил на 23. место на друмската трка на Светското првенство во Фиренца и на 19. место на Џиро ди Ломбардија. На крајот на 2013 година, со четири победи, по вторпат ја освоил наградата „Фландриец на годината“.
2014 upright|мини|десно|Ван Авермет на Тур де Франс 2014 Во 2014 година, Ван Авермат започнал уште една силна пролетна сезона, но повторно не успеал да освои еден класик. Завршил втор на Омлоп Хет Ниувсблад и на Трка околу Фландрија, губејќи ги двете трки во спринт. На лето, учествувал на Тур де Франс и му помогнал на неговиот предводник Тиџеј ван Гардерен да го заземе петтото место во генералниот пласман.
Подоцна во сезоната, Ван Авермат го освоил осмото место на Класика де Сан Себастијан и петтото на Енеко Тур, како и една етапна победа. Завршил петти на Гран при де Квебек — негова трета последователна завршница меѓу првите пет во Квебек — и седми на Гран при де Монтреал. Во септември, Ван Авермат ја заработил престижната победа на ГП де Валони. Бил дел од бегство на четворица возачи кои се одвоиле на 20 километри пред целта и групата им била зад петици, но Ван Авермат нападнал во последните кривини за да ја помине целта прв за втора победа во сезоната. Неколку дена подоцна победил на ГП Импанис-Ван Петегем, што му го донело водството во белгиската репрезентација на Светското првенство во Понферада, Шпанија. Бил во водечкото бегство на друмската трка, но и покрај помошта од колегата од БМЦ и сонародникот Филип Жилбер, не можел да го спречи крајниот напад на Михал Квјатковски и завршил петти. Ја завршил сезоната со 39. место на Париз-Тур.
Подоцна, во текот на октомври, било објавено дека Ван Авермат ја освоил наградата Фландриец на годината, втора сезона по ред, трета вкупно.
2015
мини|десно|Ван Авермат (десно) на подиумот по завршувањето на третото место на Париз-Рубе 2015
Во 2015 година, Ван Авермат традиционално ја започнал сезоната на арапските трки, Трка околу Катар и Трка околу Оман, каде завршил трет на две етапи. По уште една завршница меѓу првите десет на Омлоп Хет Ниувсблад, завршил втор на Страде Бјанке зад Здењек Штибар. Ја освоил првата победа во сезоната на третата етапа на Тирено-Адријатико со освојување на спринт, победувајќи ги Петер Саган и Здењек Штибар. На калдрмисаните класици, имал тежок пад на Е3 Харелбеке, скоро загрозувајќи ги априлските класици. Во април се искачил на третото скалило на подиумот на Трката околу Фландрија откако го отфрлил Петер Саган додека ја бркал победничката двојка напред. Недела подоцна имал престижен пласман на подиумот на Париз-Рубе, завршувајќи трет по нападот во последните километри. И покрај тоа што бил под истрага за допинг во тоа време (видете подолу), Ван Авермат учествувал на Амстел Голд Рејс и завршил на петтото место, иако бил под истрага за допинг во тоа време.
мини|лево|Грег ван Авермат на презентацијата на екипата за Тур де Франс 2015, на која освоил една етапа.
Во мај, како дел од подготовките за Тур де Франс, Ван Авермат ја освоил завршната етапа и генералниот пласман на Трката околу Белгија. Учествувал на Тур де Свис, завршувајќи шести на прологот и трет на четвртата етапа. Ван Авермат бил избран да вози на Тур де Франс 2015 и му помогнал на да го освоил екипниот хронометар на деветтата етапа. На 17 јули 2015 година, Ван Авермат ја освоил својата прва поединечна етапа на Тур на тринаесеттата етапа. Го претекнал носителот на зелената маичка Петер Саган и сонародникот Јан Бакелантс на завршница на нагорнина. Се повлекол од трката три дена подоцна за да биде на раѓањето на неговата прва ќерка.
На помалку од две недели подоцна, на 1 август 2015 година, Ван Авермат нападнал на последното искачување на Класика де Сан Себастијан за водство на трката пред Адам Јејтс (), но кон врвот бил удрен од одзади од еден од моторите кои обезбедувале телевизиски пренос на трката. Бил фрлен на подот и рамот на неговиот велосипед се скршил; Ван Авермат не можел да ја заврши трката. По несреќата тврдел дека падот го чинело победа, а неговата екипа се заканила со тужба поради „милиони долари изгубени во публицитет“. Неколку дена подоцна настапил на Енеко Тур и завршил втор, една минута зад победникот Тим Веленс.
Како подготовка за Светското друмско првенство, завршил петти на Ватенфал Класик во Хамбург и настапил на канадските трки. Сметан за фаворит на Светското друмско првенство, нападнал на последното искачување на трката, но бил претекнат од Петер Саган и за малку не успеал да остане на тркалото на Словакот. Неговите обиди за достигнување на Саган потфрлиле бидејќи членот од бегството Едвалд Боасон Хаген не му било дозволено да работи во потерата и обајцата биле достигнати од главната група во завршниот километар. Ван Авермат завршил на 23. место. Негова последна трка во сезоната била Париз-Тур, каде бил во победничкото тричлено бегство и фаворит за победа во спринтот, кога му се дупнала гумата на еден километар од целта и завршил на разочарувачкото трето. На крајот на годината, Ван Авермат ги добил наградите „Кристален велосипед“ и „Фландриец на годината“ како најдобар белгиски велосипедист на годината, а бил втор на изборот за белгиски спортист на годината зад фудбалерот Кевин де Брујне.
2016
мини|десно|На подиум на Омлоп Хет Ниувсблад со неговата ќерка Флер, Петер Саган (л.) и Тиш Бенот (д.).