Колдиц () — град во округот Лајпциг, во сојузната покраина Саксонија, Германија, близу Лајпциг, сместен на бреговите на реката Мулде.

Градот е најпознат по неговиот замок, Замок Колдиц, кој бил користен како принуден камп, ментална институција и воен камп во текот на Првата светска војна и како Офлаг IV-C во Втората светска војна.

Историја

Првите докази за населба, сместена на реката Мулде, наречена Cholidistcha се од 1046 година.

Во 1083 година, Хајнрих Четврти предложил грофот Випрехт од Гројцш да изгради замок на ридот над реката. Во текот на век биле изградени куќите околу плоштадот, како и црквата Свети Никола. Во 1265 му биле доделени градските права. Во 1504, пекарот ненамерно предизвикал пожар во градот, со што градското собрание, црквата, замокот и голем дел од градот изгореле. Во 1506, започнала обновата и биле изградени нови згради околу руинираниот замок.

Во текот на век се развиле текстилната и ткајачката индустрија. Во век, глината од околината на Колдиц започнала да се користи во фабриката за порцелан во Мајсен, која била основана во 1710 од изборниот кнез на Саксонија. Во 1804 била основана фабрика за керамика во Колдиц од Thomsberger & Hermann.

Во текот на Втората светска војна градот не доживеал никаква штета. Градот станал седиште за воениот персонал, кои ги чувале воените заробеници во замокот, кој бил претворен во камп. На 14 април 1945, американската армија влегла во градот и ги ослободила затворениците. Меѓутоа, со договорите потпишани на Јалта, Американците се повлекле и биле заменети од советските окупациски силе во јуни 1945. Како последица на тоа, Колдиц и целата покраина Саксонија станале дел од Источна Германија. Во 1958 била отворена фабрика за порцелан.

Од повторното обединување на Германија во 1990, се прават напори за зголемување на бројот на туристите. Замокот бил обновен и добил музеј. Големите поплави во август 2002 предизвикале штета на стариот град, но биле поправени.

Знаменитости

Замок Колдиц Црква Свети Никола - првично изградена во средината на век Стариот плоштад - Markthttp://www.colditz.de/data/include_stadt/stadtfuerer.php Водич низ Колдиц (на германски) Долен плоштад - Untermarkt 3

Збратимени градови

Колдиц е збратимен со:

26п Оксенфурт во

Сообраќај

Во близина на градот се наоѓаат два аеродрома: Аеродром Лајпциг-Алтенбург (26 км) и Аеродром Лајпциг/Хале (52 км).

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Замок Колдиц: Опис на градбата Информации за посетителите за замокот Колдиц Германски воени доказ VirtualColditz.com - Видеа и слики од денешниот замок Колдиц

Категорија:Лајпциг (округ)