Димитар Иванов Бербатов (роден на 30 јануари 1981 година) — поранешен бугарски фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.
Додека настапувал во Англија го добил прекарот Берба, по кој е општо познат.
Тој бил капитен на бугарската репрезентација од 2006 до 2010 година, и е нејзин водечки стрелец на сите времиња. Тој ја има освоено и наградата Бугарски фудбалер на годината рекордни седум пати, надминувајќи го бројот на победи на легендарниот бугарски фудбалер Христо Стоичков.
Клупска кариера Роден е во Горна Џумаја (Благоевград) а кариерата ја започнал во клубот од родниот град, екипата на ФК Пирин, пред да потпише за ЦСКА Софија како 17-годишен во 1998 година. Во јануари 2001 година, тој потпишал за германскиот Бундеслигаш, Баер Леверкузен со кој играл во своето прво финале на Лигата на шампионите, 18 месеци подоцна. Во тој натпревар Бербатов влегол како замена, но не успеал да му помогне на својот тим да избегне пораз со 2-1 од Реал Мадрид. По пет и пол години во Леверкузен, тој му се приклучи на англискиот клуб Тотенхем во 2006 година во месец јули, каде што помина две години пред да се пресели во Манчестер Јунајтед. Тој играл во своето второ финале на Лигата на шампионите во 2009 година, но таму пак неговиот тим загуби со 2-0 од Барселона.
Во ноември 2010 година, Бербатов станал првиот не-Англичанец во историјата на Премиер лигата кој успеал да постигне пет гола на еден натпревар, откако тоа му пошло од рака во победата со 7-1 на неговиот Манчестер Јунајтед над Блекбурн Роверс.
Репрезентативна кариера Бербатов го направи своето деби за Бугарија на 17 ноември 1999 година, на возраст од 18 години, кога тој влезе како замена за Александар Александров во пријателскиот меч против Грција што тие го загубија со 1-0. Тој го постигна својот прв гол за својата земја на 12 февруари 2000 година во друг пријателски пораз, овојпат со 3-2 од Чиле. Својот прв хет-трик (за својата селекција) го постигна во победата од 6-2 на домашен терен во квалификациите за Светското Првенство 2010 против Грузија во октомври 2009 година.
Титули ЦСКА Софија Куп на Бугарија: 1998/99
Баер Леверкузен Бундеслига: 2001/02 (второпласиран) ДФБ Покал: 2001/02 (второпласиран) Лига на Шампиони: 2001/02 (второпласиран)
Тотенхем Лига куп: 2007/08
Манчестер Јунајтед Премиер лига: 2008/09, 2010/11 Лига на Шампиони: 2008/09 (второпласиран) ФА Комјунити Шилд: 2010, 2011 Лига куп: 2009/10 ФИФА Светско Клупско првенство: 2008
Наводи
Надворешни врски
Официјално лично мрежно место Димитар Бербатов на ManUtd.com Димитар Бербатов на premierleague.com Димитар Бербатов на soccerway
Категорија:Фудбалери на ПФК ЦСКА (Софија) Категорија:Фудбалери на ФК Баер Леверкузен Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Фулам Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Бугарски фудбалери Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на ФК Монако