мини|360x360пкс|Евстратиј Печерски, 1661 Евстратиј Печерски е христијански светец од 11 век.

Според христијаните бил мошне богат но целиот свој имот го раздал и стапил во Печерскиот манастир и се замонашил. Кога Полјаците завојувале против Киев во 1097 година, го ограбиле манастирот, мнозина христијани и монаси исекле, а Евстратиј со уште некоин верници го продале во ропство на некој Евреин во градот Корсун. Тој Евреин му се потсмевал на Евстратиј и другите со него и ги приморувал христијаните ѝ да преминат во еврејската вера. Гледајќи дека нема друг излез, сите решиле со глад да умрат. На таа одлука христијаните ги охрабрил Евстратиј.

Научен на пост Евстратиј издржал 14 дена без храна. Разгневен Евреинот што му пропаднале парите со кои ги купил робовите, му се одмаздил на Евстратиј на тој начин што го приковал на крст по кое тој починал. Бесен, од лутина, Евреинот го прободел со копје а неговото тело било фрлено во морето. Наскоро потоа византискиот цар наредил да се казнат Евреите во Корсун за злобата кон христијаните. По ова, евреинот бил заробен и обесен на дрво„Охридски пролог“ стр. 129.

Православната црква неговиот ден го чествува на 28 март.

Наводи

Категорија:Православни светци Категорија:Киевско-печерски светци од Блиските пештери Категорија:Христијански светци од 11 век Категорија:Украински светци Категорија:Руски светци