Бранко Трпеновски (, - , ) бил виден македонски универзитетски професор, алгебрист, втемелувач на информатичко образование во Македонија и поранешен амбасадор.
Животопис Трпеновски е роден во Охрид во 1934 година. Дипломирал во 1957 година во Скопје. Докторирал во 1964 година на Природно-математичкиот факултет во Загреб на тема „Прилог кон теоријата на n-полугрупите“. За асистент на Природно-математичкиот факултет во Скопје е примен во 1957 година. Подоцна работи како редовен професор на Електротехничкиот, па на Машинскиот факутет во Скопје. Проф. Трпеновски е еден од нашите најдобри алгебристи и извонредни наставници. Соавтор е на значајниот учебник во четири тома Виша математика (напишан заедно со Ѓорѓи Чупона и Наум Целакоски), на учебникот Предавања по алгебра, кн. 2 (напишан заедно со Ѓорѓи Чупона), како и на значајни учебници од теоријата на веројатноста. Заземал високи должности: декан на ЕТФ, ректор на УКИМ, амбасадор во Бразил.
Починал во Скопје во 2005 година.ПМФ 1946-1996, монографија
Наводи
Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Македонски математичари Категорија:Македонски информатичари Категорија:Ректори на УКИМ Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Македонски амбасадори