Островските игри (англ. Island Games) се меѓународен повеќеспортски натпревар во организација на Меѓународна федерација за Островски игри (IGA).

Историја Островските игри започнале во 1985 под името „Меѓуостровски игри“ (Inter-Island Games) како дел од Меѓународната спортска година на островот Ман, предвидени само како еднократен спортски настан. Првиот директор на игрите, Џефри Корлет, не се ограничил на островите околу Британија, туку ги повикал на учество и Исланд, Малта, Фарски Острови, Гренланд, Света Елена и Каналските Острови и други. На првите игри учествувале петнаесет острови со 600 натпреварувачи во седум спортови, на вкупен организациски трошок од 70.000 фунти. Натпреварите во атлетски дисциплини се одржале на патека од трева со осум ленти - огромна разлика од денешните игри, што се одржуваат на синтетичка патека во стадион со капацитет за 10.000 гледачи. Првите игри доживеале таков успех, што било одлучено да се одржуваат секои две години.

Домаќини мини|Веслање: данска поштенска марка во чест на Островските игри во 1989 мини|Фудбал на фарска поштенска марка

ГодинаИгриОстров-домаќинЗемја1985I британски крунски посед1987II британски крунски посед1989III дански автономен регион1991IV финска автономна покраина1993V Вајт англиска грофовија1995VI британска прекуморска територија1997VII британски крунски посед1999VIII шведски округ2001IX британски крунски посед2003X британски крунски посед2005XI шкотска грофовија2007XII грчки остров2009XIII финска автономна покраина2011XIV англиска грофовија2013XV британска прекуморска територија2015XVI британски крунски посед

Спортови Домаќинот одбира 12-14 спортови за игрите од следниов список:

атлетика бадминтон боќање велосипедизам гимнастика голф

едрење едрење на даска кошарка мотоциклизам одбојка пинг-понг

пливање сквош стрелаштво стреличарство тенис триатлон

фудбал џудо

Освоени медали Еве список на острови со вкупниот број на освоени медали. Кога земјите имаат еднаков број на златни медали, пласманот се определува по бројот на освоени сребрени медали, а потоа и бронзени.

+ Освоени медали Место Земја Вкупно 1 418 408 387 1203 2 343 333 353 1029 3 335 349 363 1047 4 208 173 170 551 5 162 155 183 500 6 153 160 134 447 7 150 138 182 470 8 65 44 49 158 9 60 72 71 203 10 56 54 64 174 11 50 45 41 136 12 50 43 43 136 13 44 48 74 166 14 37 52 81 170 15 28 25 33 86 16 19 31 37 87 17 19 30 38 87 18 15 19 26 58 19 6 6 9 21 20 6 2 2 10 21 3 5 13 21 22 2 8 6 16 23 1 5 11 17 24 1 2 0 3 25 1 1 2 4 26 0 2 3 5 27 0 0 2 2

Од 2001 наваму, натпреварувачите од острови со помалку од 10.000 жители (Олдерни, Фокланд, Фреја, Хитра, Св. Елена и Сарк) се натпреваруваат за златни, сребрени или бронзени уверенија, со тоа што среброто се доделува ако има барем 3 натпреварувачи, а бронзата ако има барем 4.

Надворешни врски Островски игри - официјална страница