Петер Саган (; р. во ) — словачки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата . Саган имал успешна јуниорска кариера во планинскиот велосипедизам и велокросот, победувајќи на Светското првенство во 2008 година, пред да се префрли во друмскиот велосипедизам.

Саган е сметан за еден од најголемите таленти, откако освоил некои престижни победи, вклучувајќи ги: три светски првенства, едно европско, две етапи на Париз-Ница, седум на Тирено-Адријатико, една на Тур де Романди, три и генерален пласман на Трката околу Полска, рекордни седумнаесет и генерален пласман на Трката околу Калифорнија, и рекордни петнаесет на Тур де Свис. Освоил бројни класици, вклучувајќи ги монументите Париз-Рубе и Трка околу Фландрија, три изданија на Гент-Вевелгем и Е3 Харелбеке, заедно со шеснаесет етапи на големите трки: четири на Вуелта а Еспања и дванаесет на Тур де Франс. Откако станал прв возач кој го освоил бодовниот пласман на Тур де Франс во неговите први пет обиди, стигнал до рекордни седум победи, во 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2018 и 2019.

По неговата победа на Светското друмско првенство 2017, Саган ја носел виножито-маичката во сезоната 2018 трета година по ред. Потпишал тригодишен договор со германската екипа , почнувајќи од 2017 година.

Ран живот и аматерска кариера

Саган е најмалиот во семејство со три постари браќа и една сестра. Бил одгледан од неговата сестра, бидејќи неговите родители поголемиот дел од денот го поминувале во малата продавница, која тие ја поседувале во неговиот роден град. Неговиот брат Јурај Саган е исто така професионален велосипедист и е исто така член на екипата .

Саган започнал да вози велосипед на возраст од девет години, кога се приклучил на Cyklistický spolok Žilina, мал локален клуб во неговиот роден град. Низ неговите јуниорски години Саган возел и планински и друмски велосипедизам и бил добро познат по неговиот необичен стил на возење во патики за тенис и маички, пиејќи само чиста вода. Саган привлекол поголемо внимание, кога се појавил на Словачкиот куп со велосипед позајмен од неговата сестра, откако по грешка го продал неговиот, а велосипедот од спонзорот VeloSprint доцнел во испораката. Возејќи обичен велосипед со не толку добри кочници и ограничена брзина, тој ја освоил трката.

Професионална кариера 2009

Саган го покажал неговиот талент во професионалниот велосипедизам, кога бил примен од екипата Дукла Тренчин Мерида, словачка екипата во континенталната про (втора) дивизија. Во 2008, победил на светското јуниорско првенство во планински велосипедизам во Вале ди Соле. Истата година, завршил втор на светското јуниорско првенство во велокрос во Тревизо и на јуниорскиот Париз-Рубе.

Саган се придружил на екипата за друмско тестирање, но не успеал да добие договор. Неговата фрустрација била толку голема, што тој одлучил да се откаже од друмскиот велосипедизам, меѓутоа притиснат од неговото семејство, тој се обидел со и успеал. Ликвигас му понудил на Саган двегодишен договор (2010–2011) со можност да вози планински велосипедизам за Канондале. Договорот бил продолжен до крајот на 2012 во април 2010. Докторите и менаџерите на Ликвигас биле зачудени од резултатите на медицинските тестови на Саган, велејќи дека никогаш не виделе возач со 19 години да биде толку физички силен и способен како Саган. Во текот на тренирањето, Саган уништил повеќе планински велосипедизам отколку кој било друг возач, поради неговата способност да вози повеќе отколку што издржува велосипедот. Неговите колеги започнале да го викаат Терминатор, и покрај тоа што како личност е мирен и многу љубезен.

2010

Ликвигас го одредил Саган за неговата прва Pro Tour друмска трка Тур Даун Андер во јануари 2010 година, на возраст од 19 години. Тој бил вклучен во пад во текот на втората етапа, но останал да вози со 17 шавови на неговата рака и левото бедро. На кралската етапа до Вилунга тој се приклучил во нападот преку последното искачување со Кедел Еванс, Алехандро Валверде и Луис Леон Санчес. Четворката се борела да се оддалечи од спринтерската група во следните 20 километри, со што Санчес победил на крајот.

Саган ја освоил првата и втората ProTour етапа во текот на друмската трка Париз-Ница 2010. Саган првично не бил одреден за трката, но му се приклучил на составот од екипата, откако неговиот совозач Маќеј Боднар ја скршил неговата клучна коска. Неговата прва етапна победа била постигната на 10 март 2010 година, кога Саган се приклучил на нападот поттикнат од Николас Роуш на последното искачување на третата етапа во Орилак и ги поминал Роуш и Хоаким Родригес за етапна победа. Оваа етапна победа исто така му го донела и водството во бодовниот пласман. Втората ProTour победа на Саган дошла два дена подоцна со соло напад во петтата етапа во Екс ан Прованс. Напаѓајќи во последните три километри од крајот на тешкото искачување, Саган бил способен да се оддели од главната група за победа. Покрај неговата две етапни победи, Саган исто така завршил втор на етапата 2 до Лимож и трет на шестата етапа до Турет сир Луп. Збирот на високите места во етапите и бодовите од средните спринтови му ја донеле зелената маичка на Саган за 2010. Ја завршил етапата на 17. место, три минути и дваесет и една секунда за победникот на трката Алберто Контадор, кој го пофалил младиот Словак и предвидел дека во иднина ќе му биде конкурент. Исто така завршил осми во пласманот за млад возач.

десно|мини|Саган носејќи ја зелената маичка на Трка околу Калифорнија 2010.

На Трка околу Калифорнија 2010, Саган победил на петтата и шестата етапа, доаѓајќи со кандидатите за генерален пласман во исто време. По грешка на етапата 3, тој каснел 17 секунди. Двете етапни победи не само што го поместиле на третото место во генералниот пласман, туку го преземал водството и во бодовниот пласман. На седмата етапа, хронометарот низ Лос Анџелес, тој доцнел само 9 секунди. Иако претходно имал некои успеси во пролозите, овој хронометар бил малку подолг и тој изгубил една минута и 35 секунди во генералниот пласман. И покрај овој неуспех, тој сепак успеал да го задржи водството во бодовниот пласман и пласманот за млад возач. Завршил осми во крајниот пласман, зад сезонските ветерани како Леви Лајпхајмер, Мајкл Роџерс, Давид Забриски, Крис Хорнер и Јенс Фогт, сите добро познати во велосипедизмот. Саган завршил четврти на почетниот пролог на Тур де Свис 2010, само три секунди зад Фабијан Канчелара, но завршил скоро 11 минути зад групата на втората етапа и не успеал да ја започне трката следниот ден поради алергија.

По паузата во јули, се вратил со добра форма подоцна во сезоната, обезбедувајќи високи места во голем број европски трки, како и второто место на првото издание на Гран при Монтреал. Возел на Светското друмско првенство во Гилонг, Австралија за Словачка, но не успеал да направи пробив во долгата трка. Планирал да вози неколку сезонски трки, вклучувајќи го и Париз-Тур и Џиро ди Ломбардија, но проблемите со цревата го принудиле да се откаже.

2011

Саган бил подготвен да продолжи во 2011 со истата екипа, сега преименувана во . Во тренинг-кампот во декември 2010, Саган изјавил дека негова прва цел за сезоната 2011 ќе биде Милано-Санремо.Liquidas-Cannondale Hit The Dolomites For Training Camp

По почетокот на неговата сезона со некои добри пласмани во неколку италијански еднодневни трки, Саган сериозно ја започнал сезоната на Џиро ди Сардења. Ги освоил трите од петте етапи на трката, како и генералниот и бодовниот пласман, тесно победувајќи го Хосе Серпа за 3 секунди во генералниот пласман.

Во текот на Трка околу Калифорнија, ја освоил етапата 5 на патот кон победа во бодовниот пласман втора година по ред на оваа трка.

Во јуни учествувал на Тур де Свис, освојувајќи го импресивното трето место во воведниот пролог. Потоа ја освоил и планинската етапа 3, докажувајќи ја својата разновидност, кога го достигнал Дамијано Кунего близу Гросе Шајдег и потоа го одминал на самата цел. Исто така, Саган успеал да дојде до подиум на уште две низински етапи, како и победа на етапата 8 во масовен спринт. Оваа победа била доволна да го обезбеди бодовниот пласман на оваа трка.

Тој возел на Трката околу Полска како подготовка за Вуелта. Ја преземал водечката маичка по победата на етапата 4 и потоа ја освоил и етапата 5. Иако ја загубил маичката од Даниел Мартин по тешката завршница на етапата 6, тој успеал да ја поврати на последниот ден од трката, благодарение на бонус секунди на средните спринтови и второто место на етапата. Исто така го освоил и бодовниот пласман.

Саган возел и на Вуелта а Еспања, што му било прво појавување на некоја голема трка. Тој не разочарал, заработувајќи три етапни победи на трката. На етапата 6 предизвикал поделба на малата водечка група кога го возеле последниот спуст. Тројца негови колеги го преживеале спустот, како и Пабло Ластрас (), кој заедно со Саган заминал кон победа во спринт. Исто така, ја освоил етапата 12 во спринтерска завршница. Негова следна цел била последната етапа во Мадрид, каде победил благодарение на многу малата разлика од соперниците Даниеле Бенати и Алесандро Петаки.

2012

мини|лево|Саган завршил петти на Трката околу Фландрија.

На почетокот на 2012, Саган неофицијално објавил дека ќе го продолжи неговиот договор со Ликвигас до 2014. Во договорот, потпишан пред Вуелта а Еспања, Саган добил подобри финансиски користи за можноста да вози и неговиот брат Јурај во екипата. „За мене, Ликвигас беше првиот избор. Имав понуди од други екипи, кои дури и би ми дале поголема слобода во групата. Но Ликвигас ме доведе во професионалниот велосипедизам, тие веруваа во мене и јас сакам да им возвратам на тоа“, коментирал Саган за 53x11, чешки велосипедски месечник.

Ја започнал сезоната во добра форма, освојувајќи етапа, како и бодовниот пласман на Трката околу Оман. Саган победил на етапата 4 на Тирено-Адријатико и исто така играл клучна улога во помагањето на Винченцо Нибали во победата на целата трка. Добрата форма на Саган продолжува во сезоната на класиците, со четвртото место на Милано-Санремо, второ на Гент-Вевелгем, етапна победа на Три дена Де Пане, петто место на Трката околу Фландрија и третото на Амстел Голд Рејс.

На првата етапа на Трката околу Калифорнија, Саган имал незгода на 7 километри пред крајот. Но, успеал да се врати во групата и да ја избегне несреќата, која се случила на 3 километри пред крајот на етапата. Неговиот колега Даниел Ос го довел во последните неколку километри и Саган ги отспринтал сите соперници, земајќи ја етапната победа. Следниот ден, повторно ја освоил етапата 2 во Санта Крус. Откако доживеал пад на искачувањето, тој повторно се вратил и неговата екипа го довела до последната кривина на трката, на само неколку стотина метри од целта. Саган излегол прв од кривината и забрзал до крајот, со што ја освоил втората победа по ред. На третата етапа, Саган ја однел третата последователна победа со многу тесна разлика пред Хајнрих Хауслер () третпат по ред. Тој повторно победил на четвртата етапа во масовниот спринт. Откако завршила трката, Саган имал пет етапни победи, вклучувајќи ја осмата и последна етапа во Лос Анџелес и бодовниот пласман, надминувајќи го претходниот рекорд по број на етапни победи на Трката околу Калифорнија со вкупно осум етапи, кој му припаѓал на Леви Лајпхајмер од екипата со шест победи. Тој исто така бил награден за неговиот резултат со спринтерската маичка.

мини|лево|Саган носејќи ја зелената маичка на етапата 19 на Тур де Франс