Едеран () — град во округот Средна Саксонија, во сојузната покраина Саксонија, Германија.

Географија

Едеран се наоѓа 14 километри југозападно од Фрајберг, 17 километри источно од Кемниц и околу 50 километри западно од Дрезден.

Градот ги вклучува и селата Бернихен, Брајтенау, Франкенштајн, Галенц, Герберсдорф, Кирхбах, Лесництал и Шенерштат.

Историја

Едеран првпат бил споменат како град во 1286 година. Населбата на оваа област потекнува од лужичкото племе во и век. Франкониските фармери, занаетчии и трговци се населиле овде во век. Од средниот век, најважни индустрии биле текстилната и ткаењето. Во век, изградбата на железничката линија придонела за развој на градот. Биле изградени неколку фабрики со средна големина околу железничката станица во Едеран.oederan.de: Историја на Едеран . 8 јуни 2008

Во текот на Втората светска војна, овде се наоѓал подкамп на концентрациониот логор Флосенбирг.Кристин О‘Киф: Концентрациони логори.

Знаменитости

Едеран е познат по неговата туристичка атракција „Klein-Erzgebirge“, најстариот минијатурен парк во Германија. Во паркот се прикажани околу 185 минијатурни реплики на познати згради од областа на Рудните Планини во размер од 1:25klein-erzgebirge.de: Der älteste Miniaturpark der Welt lädt ein! . 8 јуни 2008.

Најважната стара градба е готската црква. Историјата на црква потекнува од 13 век. Оргули изградени од познатиот Готфрид Зилберман се наоѓаат внатре.

Втората важна градба во градот е Градското собрание. Прво изградена околу 1400 година, но подоцна била запалена неколкупати (1632, 1709 и 1753) и повторна била изградена во нејзиниот денешен облик во 1785 година.

Луѓе

Игор Миторај (1944-) — полски вајар и сликар Адолф Готлиб Фидлер (1771–1850) — саксонски претприемач во Саксонија и Полска

Литература

Cziborra, Pascal. KZ Oederan. Verlorene Jugend. Lorbeer Verlag. Bielefeld. 2008 ISBN 978-3-938969-06-9

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Средна Саксонија