Тур де Романди — велосипедска етапна трка, која е дел од Светската турнеја. Се вози во областа Романди, во француското говорно подрачје на Швајцарија. Започнала во 1947 во чест на 50-годишнината на швајцарската велосипедска федерација.
Трката традиционално започнувала со пролог во Женева и завршувала со друг поединечен хронометар во планинските терени во Лозана. Последниот хронометар традиционално започнувал на стадионот северно од Лозана, се спуштал кон југ Женевското Езеро и повторно се враќал назад нагоре кон стадионот. Во последните изданија на трката, оваа рута е изменета. Не е никакво изненадување, дека победници и неколку од првите возачи обично се одлични специјалисти за хронометри. Пред изданието во 2014, четири победници на Тур де Романди победиле и на Тур де Франс истата година; Стивен Роуш во 1987, потоа Кедел Еванс, Бредли Вигинс и Крис Фрум во 2011, 2012 и 2013, соодветно.
Рутата на трката обично се движи кон север кон планините Јура и планинскиот масив Алпи во западна Швајцарија.
Победници
Алехандро Валверде завршил на ова издание како победник, но неговите резултати подоцна биле поништени, како последица на ретроактивната суспензија.
Повеќекратни победници
Победи Возач Изданија 3 1983 + 1984 + 1987 2 1948 + 1951 1954 + 1957 1960 + 1961 1965 + 1967 1966 + 1971 1991 + 1995 1993 + 1994 2001 + 2002 2003 + 2004 2006 + 2011 2013 + 2014 2018 + 2019
Победи по држави
Победи Држава <center> 13 <center> 12 <center> 10 <center> 6 <center> 5 <center> 4 , <center> 3 , , <center> 2 , , , <center> 1 , ,
Најмногу етапни победи
# Возач Етапни победи 1 12 2 8 4 6 10 5
Забелешки
Од 1 март 2022 година, UCI објавил дека велосипедистите од Русија и Белорусија не можат повеќе да настапуваат во име на знамето на нивните држави поради руската инвазија на Украина.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:UCI ProTour трки Категорија:Велосипедски трки во Швајцарија
Категорија:Светски ранкинг на UCI Категорија:Светска турнеја на UCI