Микеле Скарпони (; — ) — италијански професионален друмски велосипедист, кој професионално возел од 2002 до неговата смрт во 2017 година, последно за UCI World Tour екипата .

Бил прогласен за победник на Џиро д’Италија 2011 по дисквалификацијата на Алберто Контадор. Други поголеми резултати во неговата кариера биле победите на етапните трки Тирено-Адријатико 2009, Волта а Каталуња 2011 и Џиро дел Трентино 2011.

Ран живот и аматерска кариера

Скарпони е роден на 25 септември 1979 година во градот Јези, во средишната италијанска област Марке во семејството на Џакомо и Флавија. Го поминал детството во Филотрано, Марке, со неговиот брат Марко и сестра му Силвија. Неговиот прв велосипедст му бил даден на неговата прва причесна. Се приклучил на локалниот велосипедски клуб Пјерализи на осум години и започнал да освојува трки. Во 1997 година на 17 години станал национален друмски првак; својот победнички потег го имал на искачувањето Кастело ди Канева. Бил додаден во репрезентацијата на Светското друмско првенство 1997 во Сан Себастијан, Шпанија; имал учество на јуниорската друмска трка, завршувајќи на 104. место.

Во април 2001 година возејќи за аматерската екипа Сите-Фреца, Скарпони завршил втор зад Јарослав Попович на еднодневната трка Џиро дел Белведере. Во април-мај 2001 година ја освоил петтата етапа и завршил втор на Џиро деле Реџони, повторно зад Јарослав Попович. Во октомври учествувал на хронометарот за возачи под 23 години на Светското првенство, завршувајќи на осмо место со 1 минута и 32,40 секунди зад победникот, Американецот Дени Пејт.

Професионална кариера 2002–2004

Скарпони станал професионалец во 2002 година со екипата , но се распаднала на крајот на сезоната. Со екипата ја освоил својата прва професионална победа, освојувајќи етапа на Сетимана Чиклистика Ломбарда, завршувајќи на второто место на трката и го имал својот прв настап на некоја голема трка, завршувајќи на осумнаесеттото место на Џиро д’Италија 2002. Скарпони се преместил во екипата Домина Ваканце-Елитрон за сезоната 2003; освоил етапа на Џиро д’Абруцо, завршил трет на крај и завршил меѓу првите десет на Амстел Голд Рејс (седми) и Лиеж-Бастоњ-Лиеж (четврти) - обете трки дел од Светскиот куп 2003. Повторно завршил меѓу првите дваесет на Џиро д’Италија (16. место), и завршил тринаесетти на Вуелта а Еспања.

Скарпони ја започнал сезоната 2004 со силен настап на пролетните италијански етапни трки; завршил трет на крај и освоил една етапа на Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали, пред да ја освоил Сетимана Чиклистика Ломбарда неколку недели подоцна заедно со три етапи, бодовниот и планинскиот пласман. Повторно возел на сите три арденски класици, завршувајќи четврти на Флеш Валон, и седми на Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Пред Џиро д’Италија 2004, Скарпони настапил на Мировната трка; ја освоил четвртата етапа во Германија откако се приклучил на потег кон крајот на етапата и го освоил спринтот на крај. Го одржал водството на трката до крајот во Прага. По второто место на Трката околу Австрија во јуни, Скарпони настапил на Тур де Франс по првпат; завршил на 32. место.

2005–2006

мини|лево|upright|Скарпони возејќи за на Џиро д’Италија 2005

Скарпони се преселил во екипата за сезоната 2005, и имал потивка сезона отколку претходните години; не освоил ниту една трка, и покрај своите амбиции за Џиро д’Италија. Завршил седми на Вуелта а Бургос и го забележал својот најдобар пласман на некоја голема трка дотогаш со 11. место на Вуелта а Еспања, возејќи главно како помошник за Роберто Ерас, кој подоцна бил дисквалификуван по позитивен допинг-тест за еритропоетин (ЕПО). Во 2006 година, Скарпони бил вмешан во допинг-случајот „Операсион Пуерто“. Ова имало одредени последици на резултатите на Скарпони: неговиот најдобар резултат бил петтото место на тринаесеттата етапа на Џиро д’Италија, на која не завршил по првпат; не успеал да ја отпочне седумнаесеттата етапа откако неговиот спортски директор Маноло Саиц бил уапсен во врска со случајот. Екипата се распаднала на крајот на сезоната, но Скарпони успеал да обезбеди договор со во февруари 2007 година.

2007

По неговото доцно потпишување, Скарпони не ја започнал сезоната 2007 до трката Класика де Алмерија во март, завршувајќи надвор од временската граница. Завршил петти на Вуелта а Мурсија и деветти на Тирено-Адријатико, пред да учествува на Сетимана Интернационали ди Копи е Бартали. Ја освоил втората етапа на трката откако нападнал од главната група на 1,6 километри пред крајот. Влегол во завршниот ден со две секунди зад предводникот на трката Лука Пјерфеличи, но Пјерфеличи отпаднал; со што Скарпони завршил втор зад Рикардо Рико, но го освоил генералниот пласман на трката за осум секунди пред Рико. По четвртото место на Џиро д’Оро, Скарпони завршил втор зад поранешниот колега Дамијано Кунего на Џиро дел Трентино, меѓутоа, тоа било негова завршна трка на сезоната.

Потоа, Скарпони бил повторно вмешан во случајот „Операција Пуерто“. На 1 мај, Скарпони се сретнал со италијанскиот олимписки комитет во Рим, во врска со неговата наводна вмешаност во случајот. Една недела подоцна и ден откако неговиот сонародник Иван Басо ја признал вклученоста во случајот - како возач под кодното име „Бирило“ – Скарпони го направил истото, потврдувајќи дека тој бил „Запатеро“ и „Ил Президенте“ на друг состанок со комитетот. На 15 мај, комитетот побарал обајцата да бидат суспендирани; ова барање било одобрено следниот ден. Во јули, Скарпони добил 18-месечна забрана, со почеток од 15 мај - денот кога комитетот побарал суспензија за Скарпони - и намалена од нормалната двегодишна забрана поради соработката во дисциплинската постапка. Во март 2008 година по жалбата до Арбитражниот суд за спорт, забраната била продолжена на 21 месец, но истовремено, земајќи го периодот на неактивност на Скарпони; со тоа, тој можел повторно да настапи од 1 август.

2008–2010

Со завршувањето на неговата забрана, објавиле на 13 јуни, дека потпишале со Скарпони за наредните две сезони. Се вратил на трката Џиро дел’Апенино на 3 август, а својот најдобар резултат за сезоната 2008 го имал на Џиро дел’Емилија, завршувајќи на седмото место.

2009

Во 2009 година, Скарпони ја започнал сезоната со петто место во генералниот пласман на Вуелта а Андалусија, поддржувајќи го Давиде Ребелин во неуспешниот обид да ја освои трката. Откако настапил на италијанските трки, Трофео Лаигвелја и Џиро ди Сардења во февруари, Скарпони учествувал на Тирено-Адријатико. По четвртото место на хронометарот на петтата етапа, Скарпони ја освоил шестата етапа; нападнал на искачувањето до скијачкиот центар Сасотето, и доаѓајќи до мала група, успеал да ги претекне Стефано Гарцели и Иван Басо на последното искачување во Камерино, достигнувајќи наклони од 12% на некои места. Избегнал проблеми на завршната етапа и ја освоил својата прва победа во Светскиот пласман, 25 секунди пред Гарцели.

Откако учествували на арденските класици, Скарпони целел на Џиро д’Италија, каде бил еден од главните помошници за екипниот предводник Џилберто Симони. По охрабрување од тимскиот менаџер Џани Савио, Скарпони се впуштил во бегство на шестата етапа, која завршувала на италијанско-австриската граница. Скарпони го откачил својот содружник од бегството, Васил Кириенка, на околу 10 километри од целта, и дошол сам до целта за негова прва етапна победа на некоја голема трка. Исто така, бил во бегство на осумнаесеттата етапа; бил еден од осумтемина возачи кои се одвоиле од поголема група на 25 возачи на 15 километри до целта и се бореле во спринт за етапната победа, каде Скарпони преовладал, со што дошол до втората етапна победа на Џиро д’Италија. На крајот, завршил на 31. место во генералниот пласман. По Џиро д’Италија, Скарпони потпишал продолжување од една година на договорот со екипата, до крајот на 2010 година. Учествувал на низа еднодневни трки во текот на втората половина на сезоната, завршувајќи меѓу првите десет на Пруеба Вилјафранка де Ордизија (деветти), Копа Уго Агостони (шести) и ГП Индустрија е Комерчо ди Прато, каде завршил седми. Скарпони бил избран за Светското друмско првенство во Мендрисио, Швајцарија, каде не успеал да ја заврши друмската трка.

2010

мини|upright|Скарпони завршил четврти на Џиро д’Италија 2010, со што по првпат бил меѓу првите десет на некоја голема трка.

Скарпони ја започнал сезоната 2010 со пласмани меѓу првите десет: седми на Џиро ди Сардења и деветти на Класика Сарда во февруари, пред да се обиде да ја одбрани титулата на Тирено-Адријатико. Го презел водството на трката со победа на четвртата етапа, напаѓајќи со Винченцо Нибали, пред да го отфрли до целта. Подоцна, изгубил време од Стефано Гарцели на следните две етапи и влегол на завршниот ден со само две секунди предност. Екипата на Гарцели, , успеале да го спроведат својот предводник за да освои секунда на секој од двата средни спринта, а етапата била подобна за спринтери, со што Гарцели го презел водството и ја освоил трката. Потоа настапил на Сетимана Чиклистика Ломбарда, каде го освоил воведниот пролог, хронометар од 6,6 километри. Завршил втор на другите две етапи, со што ја освоил трката со 22 секунди предност пред најблискиот соперник, Рикардо Рико. Како негова последна подготвителна трка пред Џиро д’Италија, Скарпони завршил четврти на Џиро дел Трентино, пропуштајќи подиум за само две секунди зад Доменико Поцовиво, кој направил доволна разлика за да го претекне со победа на завршната етапа.

Скарпони ја предводел екипата на голема трка по првпат, предводејќи ја екипата . Откако скоро и да бил невидлив во првата половина од трката, Скарпони напорно работел до место во генералниот пласман кога трката пристигнала во високите планини. Завршувал трет два дена по ред, на етапата 14 до Монте Грапа и на етапата 15 до Монте Ѕонколан; на втората етапа бил во водечката група додека не отпаднал од Кедел Еванс и Иван Басо. Останал осми во генералниот пласман кога ја преземал престижната победа на етапата 19, каде се одвоил од групата со колегите од , Нибали и Басо. Басо се обидувал да го преземе водството на трката, со тоа што Нибали и тој го сработиле поголемиот дел од опасниот спуст и подоцнежното качување, оставајќи го Скарпони доволно свеж за да го претекне двоецот. Поради тоа, Скарпони се поместил на четвртото место во генералниот пласман; доцнел само една секунда до место на подиум следниот ден, но на крајот завршил тринаесет секунди на четвртото место, по завршниот поединечен хронометар во Верона. Исто така, завршил на четвртото место во бодовниот пласман и петти во планинскиот пласман. Со исклучок на Трката Бриксија и Вуелта а Бургос, Скарпони настапувал на еднодневни трки до крајот на сезоната; освоил три места на подиум есента, трето место на Џиро дел’Емилија и втори места на Гран Премио Индустрија е Комерчо ди Прато, и исто така на трка од Светскиот пласман − на неговата завршна трка за − на Џиро ди Ломбардија.

2011–2013: Лампре-ИСД 2011

Скарпони се преселил во за сезоната 2011, потпишувајќи двегодишен договор со екипата. Скарпони го имал својот прв настап со екипата на Џиро ди Сардења, каде ја освоил завршната етапа по доцен напад; завршил на крајот на трката на четвртото место, пропуштајќи да се качи на подиум за единаесет секунди. Негова следна трка била Тирено-Адријатико; бил сметан за кандидат за победа, но не и за фаворит, поради релативно слабите резултати на хронометрите. Откако изгубил време на воведниот екипен хронометар, Скарпони ја освоил четвртата етапа на трката до Кјети; заедно со пет други возачи се одвоил од групата на завршното искачување и со колегата Дамијано Кунего исто така во можност да го контролира темпото на главната група, Скарпони успеал да се одвои дополнително и покрај тоа што имал проблеми при крајот, се одржал за победа со неколку должини на тркалото пред Кунего. Завршил трет на претпоследната етапа и на крајот завршил како трет зад Кедел Еванс и Роберт Гесинк, а го освоил бодовниот пласман поради големиот број бодови освоени на етапите на средните спринтови и на етапните завршници.