Ропотовска парохија — македонска православна парохија, дел од Прилепското архијерејско намесништво на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Парохијата е со седиште во црквата „Св. Троица“ во прилепското село Ропотово. Парохиски свештеник е ереј Благоја Трајкоски.
Во составот на ова парохија се селата: Ропотово, Лажани, Кутлешево, Сарандиново, Дебреште, Кошино, Крапа, Бело Поле, Вранче, Средорек, Новоселани и Заполжани.
Цркви и манастири
Ова е список на црквите во парохијата. Можно е списокот да не е целосен:
име населено место изградена слика Црква „Св. Троица“(главна парохиска црква) Ропотово 1859 200п Црква „Св. Атанасиј“(манастирска црква) Ропотово 10 октомври 2016 200п Параклис „Св. Архангел Михаил“ Ропотово 17 јуни 2008 200п Црква „Св. Никола“ Лажани 1989 200п Црква „Св. Ѓорѓи“ Дебреште 1932 200п Црква „Св. Никола“ Кошино 200п Црква „Св. Атанасиј“ Кошино 200п Црква „Св. Димитриј“ Кошино Црква „Св. Никола“ Крапа 200п Параклис „Св. Недела“ Крапа 200п Црква „Успение на Пресвета Богородица“ Крапа 1960 200п Црква „Св. Никола“ Бело Поле 1874 200п Црква „Св. Јован Крстител“(манастирска црква) Бело Поле 15 декември 2013 200п Црква „Св. Никола“ Вранче 1874 200п Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ Средорек XIX век Црква „Св. Ѓорѓи“ Новоселани 1837 200п Црква „Св. Атанасиј“ Заполжани
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Страница на Преспанско-пелагониската епархија
Категорија:Прилепско архијерејско намесништво Категорија:Парохии на МПЦ