мини|десно|250п|Антонис ван Дајк: „Чарлс I со г-динот де Сант Антоан“ (1633) Кралска збирка () — уметничка збирка на британското кралско семејство и една од најголемите и најважните вакви збирки во светот. Распоредена е во тринаесет кралски дворци и поранешни резиденции ширум Велика Британија. Збирката е во сопственост на кралицата како суверен, но се чува во задолжбина за нејзините наследници и целата нација.Кралска збирка - Што претставува Кралската збирка? Кралска збирка > За Кралската збирка

Содржи повеќе од 7.000 слики, 40.000 акварели и цртежи и околу 150.000 печатени графики, како и историски фотографии, таписерии, мебел, керамика, книги и други уметнички дела. Физички е распоредена на повеќе места; некои, како дворецот Хемптон Корт, се отворени за јавноста и бидејќи во нив не престојува кралското семејство, додека пак други, како Виндзорскиот замок се резиденции, но достапни за јавноста. Дел од збирката е сместена и во резиденции како Сандригем кои воопшто не се отворени за јавноста. Краличината галерија во Бакингемската палата во Лондон приредува изложби од збирката по неколку месеци во годината. Ваква галерија има и до Холирудскиот дворец во Единбург.

Се проценува дека збирката има вкупна вредност од 10 милијарди фунти. Меѓутоа, други извори велат дека збирката е толку бесценета, што нејзината вредност не може да се процени.

Историја мини|десно|230п|Петар Паул Рубенс: „Питагора како проповеда вегетаријанство“, ~1618–30 Преостанати се мошне малку експонати од времето пред кралот Хенри VIII. Најважните дела во збирката ги набавил кралот Чарлс I, кој бил страстен колекционер на италијански слики и главен клиент на фламанскиот сликар Антонис ван Дајк и други негови современици. По неговото погубување во 1649, збирката е продадена, но голем дел од неа е повратена по обновата на монархијата во 1660, кога Холандската Република на кралот Чарлс II му го дала таканаречениот „холандски дар“. Подоцна самиот Чарлс набавил многу слики и други дела. Џорџ III, со помош од Фредерик Огаста Бернард, кон збирката додал многу голем број дела, особено графики и цртежи, а кралицата Викторија и принцот Алберт придонеле како посветени колекционери на старомајсторски слики. Многу дела од збирката се предадени на музеи, особено во времето на Џорџ III и кралицата Викторија. Џорџ III го подарил најголемиот дел од тогашната кралска библиотека на Британскиот музеј (денес Британска библиотека) каде и денес книгите се заведени како „кралски“. Клучниот дел од оваа збирка го набавил Џејмс I од сличните збирки на Хемфри Лојд, лордот Ламли и ерлот од Ерандел.R. Brinley Jones, ‘Llwyd, Humphrey (1527–1568)’, Oxford Dictionary of National Biography, Oxford University Press, септември 2004

Во текот на владеењето на кралицата Елизабета II (1952–), збирката е значително зголемена со добро промислени набавки, наследства и дарови од разни земји.Royal Treasures, A Golden Jubilee Celebration. Ed. Jane Roberts. Royal Collection Enterprises, St. James' Palace, London, 2002. стр. 25 (Hugh Roberts) и стр. 391 (гл. 14). ISBN 1 902163 49 4 (h-b uk) и ISBN 1 902163 52 4 (pb uk) Ваквите дарови го претставуваат ликовниот фонд на земјите од Комонвелтот.

Збирка Слики, графики и цртежи

Кралската збирка е една од најголемите и најважните ризници на западната ликовна уметност. Делата се со највисок квалитет и се клучни за изучувањето на нивните творци. Со историја на набавки подолга од 400 години, оваа збирка е веројатно најстарата во светот.

мини|десно|175п|Леонардо да Винчи — „Бебе во утроба“, 1511 мини|десно|175п|Микеланџело Буонароти — „Восресение“, 1532) мини|десно|175п|Рафаело Санти — „Чудесниот улов“, ~ 1515 мини|десно|175п|Тицијан — „Портрет на Јакопо Санацаро“ (1514–18) мини|десно|175п|Лука Кранах Постариот — „Аполон и Дијана“, ~ 1526 мини|десно|175п|Ханс Холбајн Помладиот — „Портрет на Сер Томас Гилфорд“, 1527 мини|десно|175п|Питер Бројгел Постариот — „Колежот на витлеемските младенци“, 1565–67 мини|десно|175п|Караваџо — „Повикувањето на Свети Петар и Андреја“, ~ 1602-04 мини|десно|175п|Франс Халс — „Портрет на човек“, 1630 мини|десно|175п|Рембрант — „Агата Бас“, ~ 1641 мини|десно|175п|Антонис ван Дајк — „Чарлс I во три положби“, 1635 мини|десно|175п|Јан Вермер — „Час по музика“, 1665 мини|десно|175п|Клод Лорен — „Приморска глетка со Грабнувањето на Европа“, 1667 мини|десно|175п|Каналето — „Враќањето на бучинторото кај споменикот Моло на Спасовден“, 1738

Англоамерикански Бенџамин Вест — 60 слики

Холандска школа (200+ дела)Единица за социјални работи — Холандски слики во Кралската збирка Абрахам Блумарт — 1 слика Јан Бот — 1 слика Јан де Бреј — 1 слика Филип Вауверман — 5 слики Адријан ван де Велде — 4 слики Вилем ван де Велде Помладиот — 7 слики Јан Веникс — 1 слика: Јан Вермер — 1 слика Адријан Ван дер Верф — 1 слика Хуго ван дер Гус — 1 слика Герит Дау — 4 слики Мелхиор Дондекутер — 4 слики Алберт Кејп — 7 слики Николас Мас — 1 слика Јан Мартенс Помладиот — 1 слика Даниел Мејтенс — 9 слики Габриел Метсу — 1 слика Адријан ван Остаде — 5 слики Рембрант ван Рајн — 6 слики Јакоб ван Рејсдал — 1 слика Саломон ван Рејсдал — 1 слика Јан Стен — 7 слики Герард Терборх — 2 слики Хендрик Тербруген — 1 слика Франс Халс — 1 слика Јан ван дер Хејден — 2 слики Мартен ван Хемскерк — 2 слики Мајндерт Хобема — 2 слики Герард ван Хонтхорст — 6 слики Питер де Хох — 3 сликиАнглиска школаВилијам Бичи — 17 слики Томас Гејнсборо — 33 слики Питер Лели — 20 слики Едвин Лендсиер — 100 слики и цртежи Томас Лоренс — 50 слики Годфри Нелер — 15 слики Џошуа Рејнолдс — 20+ слики Џорџ Стабс — 18 слики Вилијам Хогарт — 3 слики Џон Хопнер — 7 сликиФламанска школаЈан Бројгел Постариот — 1 слика Питер Бројгел Помладиот — 1 слика Маркус Герартс Помладиот — 1 сликa Антонис ван Дајк — 26 слики Денис Калварт — 1 слика Јос ван Клеве — 4 слики Питер ван Конинксло — 1 слика Јан Мабиз — 1 слика Квентин Матсејс — 1 слика Ханс Мемлинг — 1 слика Јан Провост — 1 слика Франс Пурбус Помладиот — 2 слики Петар Паул Рубенс — 13 слики, 5 цртежи Давид Тенирс Помладиот — 27 слики Франс Франкен Помладиот — 1 слика Франс Халс — 1 сликаФранцуска школаСимон Вуе — 1 слика Иполит Деларош — 3 слики Гаспар Диге — 3 слики Жан Клуе — 1 слика, 1 минијатура Франсоа Клуе — 3 слики Никола де Ларжилјер — 1 слика Жорж де Латур — 1 слика Луј Ленен — 1 слика Жан-Етјен Лиотар — 16 слики Клод Лорен — 5 слики Клод Моне — 1 слика Жан-Батист Патер — 4 слики Никола Пусен — најголема збирка на негови дела по онаа во Лувр Есташ Ле Сјер — 1 сликаГерманска школаФранц Ксавиер Винтерхалтер — 120 слики, 20 цртежи и акварели Албрехт Дирер — 1 слика Јохан Зофани — 17 слики Лука Кранах Постариот — 5 слики Лука Кранах Помладиот — 1 слика Георг Пенц — 1 слика Ханс Холбајн Помладиот — 7 слики, 80 цртежи и 5 минијатуриИталијанска школаНиколо дел Абате — 1 слика Алесандро Алори — 1 слика Фра Анџелико — 1 слика Јакопо Басано — 6 слики Леандро Басано — 3 слики Џовани Белини — 1 слика Џанлоренцо Бернини — 50 цртежи Франческо Боромини — 100 цртежи Бронѕино — 1 слика Микеланџело Буонароти — 20 цртежи Дучо ди Буонинсења — 1 слика Перин дел Вага — 2 слики Џорџо Вазари — 1 слика Палма Векјо — 2 слики Антонио Верио — 1 слика Паоло Веронезе — 3 слики Леонардо да Винчи — 600 цртежи, најдобра збирка на неговите цртежи во светот Латанџио Гамбара — 8 слики Рафаелино дел Гарбо — 1 слика Гверчино — 1 слика, и најголема група на негови цртежи во светот, со 400 табаци, 200 од неговите помошници и 200 други дела Бернардо Дади — 1 слика Карло Долчи — 1 слика Доменикино — 1 слика, 1.700 цртежи во 34 албуми (најзастапен уметник во збирката) Досо Доси — 2 слики Франческо Ѕукарели — 27 слики Каналето — Над 50 слики и 140 цртежи, најголема збирка во светот Караваџо — 2 слики Полидоро да Караваџо — 9 слики Агостино; Анибале и Лудовико Карачи — 5 слики, над 350 цртежи Џовани Каријани — 2 слики Лука Карлеварис — 4 слики Чима де Конељано — 1 слика Антонио да Кореџо — 2 слики Џовани Бенедето Кастиљоне — 260 цртежи Бернардино Личинио — 4 слики Пјетро Лонги — 2 слики Лоренцо Лото — 3 слики Андреа Мантења — 9 слики Лудовико Мацолино — 1 слика Андрија Медулиќ (Андреа Мелдола) — 2 слики Пармиџанино — 2 слики и 30 цртежи Франческо Пезелино — 1 слика Пјетро Перуџино — 1 слика Понтормо — 1 слика Гвидо Рени — 1 слика Себастијано Ричи — 14 слики Џироламо Романино — 1 слика Џулио Романо — 6 слики Џироламо Саволдо — 2 слики Андреа Саки — 130 цртежи Франческо Салвијати — 1 слика Рафаело Санти — 8 слики и многу цртежи Андреа дел Сарто — 2 слики Бернардо Строци — 1 слика Ѕаноби Строци — 1 слика Бенвенуто Тизи — 1 слика Тинторето — 5 слики Тицијан — 4 слики Алесандро Турки — 4 слики Џентиле да Фабријано — 1 слика Доменико Фети — 14 слики Џироламо Форабоско — 1 слика Фредерико Цукари — 1 слика Артемизија Џентилески — 1 слика Орацио Џентилески — 2 слики Лука Џордано — 12 слики Јакопо ди Чоне — 1 слика

Француски мебел Со над 300 експонати, Кралската збирка е една од најголемите и најважните ризници на француски мебел во светот. Се одликува со енциклопедиски опсег на дела од најистакнатите мајстори на предреволуционерна Франција.Јозеф Баумхауер — 1 експонат; Долен креденец, ~ 1765-1770;Пјер-Антоан Беланже — 13 експонати; Два пара подножја, ~ 1820 Пар столбни масички, ~ 1823-4 Пар мали столбни масички, ~ 1823-4 Масичка, ~ 1820 Пар секретарски масички, ~ 1827-8 Пар креденци, ~ 1820Андре-Шарл Бул — 13 експонати; Шифоњер, ~ 1700 Шифоњер, ~ 1700 Креденец, ~ 1700 Креденец, ~ 1700 Креденец, Пар ниски креденци Маса за пишување, ~ 1680 Пар стоечки лампи, ~ 1700 Рамно биро, ~ 1710 Мали креденци со постолје, поч. на XVIII векАдам Вајсвајлер — 13 експонати; Креденец, со инкрустација крај на XVIII век Креденец 1780 Масичка, ~ 1780 Масичка, ~ 1785 Пар столбни масички, шиноазери ~ 1787-90 Комода, ~ 1785 Конзолна маса x4, ~1785 Пар мали долни креденци, крај на XVIII векБенџамин Валјами и Бенџамин Луис Валјами — 4 експонати; Стоечка лампа x4, 1814Бенџамин Валјами — 3 експонати; Свеќник x2, 1811 Часовник за камин, ~ 1780Жерар-Жан Гал — 1 експонат; Свеќник x2, поч. на XIX векПјер Гарније — 2 експонатa; Пар креденци, ~ 1770Жорж Жакоб — 30 експонати; Мало канабе, ~ 1790 Канабе „лице в лице“, ~ 1790 Фотелјска столица, ~ 1790 Кревет во полски стил, ~ 1790 Мали фотелји и канабиња, ганритура од 20, ~ 1786 Armchairs x4, ~ 1786Фрасоа-Оноре-Жорж Жакоб-Демалте — 1 експонат; Цилиндрично биро, ~ 1825Жил Жубер — 2 експоната; Пар подножја, од Луј XV, ~ 1762Мартен Карлен — 2 експонатa; Креденец, ~ 1778 Креденец, со севрски плочи, ~ 1783Пјер Ланглоа — 5 експонати; Комода, ~ 1765 Два пара комоди, ~ 1763Етјен Левасер — 7 експонати; Масичка, ~ 1770 Два пара , ~ 1770 Две секретарски маси, ~ 1770Мартен-Елој Лињере — 2 експонатa; Пар креденци, (see pietra dura section), ~ 1803Бернард Молитор — 3 експонати; Комода, ~ 1780 Пар секретарски маси, ~ 1815Бернар II ван Ризамбург — 2 експонатa; Средишна маса, ~ 1775 Комода, ~ 1745Жан-Анри Ризене — 6 експонати; Комода, од Луј XVI ~ 1774; Пар аголни креденци, од Луј XVI, ~ 1774; Креденец за накит, ~ 1787 Маса за пишување, ~ 1785 Цилиндрично биро, ~ 1775Севр — 1 експонат; Средишна маса „на Големите Заповедници“ , ~ 1806-12Пјер-Филип Томир — 15 експонати; Подножје, ~ 1813 Подножје за коњичка статуа на Луј XIV, ~ 1826 Пар свеќници, 8 light, ~ 1828 Стоечки лампи x11, ~ 1814 Часовник, mounts attributed to., 1803 Свеќник x2, поч. на XIX векЖакоб Фрере — 1 експонат; Маса за пишување, ~ 1805

Европски мебел АнглискиРоберт Хјум — 1 експонат; Пар креденци, ~ 1820

ФламанскиНепознат — 2 експонатa; Креденец со постолје, ~ 1660 Креденец со постолје, XVII век

ГерманскиЈохан Даниел Зомер — 2 експонатa; Пар креденци со постолје, крај на XVII векМелхиор Маумгартнер — 2 експонатa; Часовник со оргула, 1664 Креденец, ~ 1660

ХоландскиНепознат — 1 експонат; Секретарски креденец, интарзија, ~ 1700

ЧасовнициАбраам-Луј Бреге — 1 експонат; Регулаторен часовник, 1825Андре Шарл Бул — 4 експонати; Часовник за камин, ~ 1710 Часовник на постолје, Часовник на постолје, крај на XVII век; Часовник на постолје, ~ 1720Бенџамин Валјами — 1 експонат;