Алесандро Балан (; р. во Кастелфранко Венето, Венето) — италијански професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата и е поранешен светски првак. Иако ја поседува формата, во која обично е поврзуван со искачувањето, Балан се има поставено како водечки кандидат во пролетните класици во изминативе години. Неговиот прекар, Bontempino, е деминитувна форма поврзувана со Гвидо Бонтемпи, со кого е поврзуван.

Кариера

Балан станал професионалец во 2004 со екипата Лампре. И покрај неговата солидна аматерска кариера, Балан не бил баран од професионалните екипи и затоа тој барал мала помош во обезбедувањето професионален договор. Во неговата прва сезона, Балан работел како помагач за Романс Вајнштајнс и Џанлука Бортолами.

2005

Во 2005, на Балан му била дадена шанса за постигнување високи пласмани во пролетните класици и успеал да победи на една етапа и да го освои второто место во крајниот пласман на Три дена Де Пане, заедно со шестото место на Трката околу Фландрија, напаѓајќи ја водечката група на 37 километри пред крајот. Подоцна во сезоната, успеал да ја постигне својата прва ProTour победа со освојувањето на етапата 4 на Енеко Тур Бенелукс.

2006

Во 2006, Балан ја започнал кампањата на пролетните класици како високо ценет кандидат, особено поради неговите резултати во 2005 и успехот во претходните трки, како што се Трофеј Лагвелија, второто место зад Том Бонен на Е3 Харелбеке и третото место во генералниот пласман на Тирено-Адријатико. Балан бил водечки фаворит во класиците: завршил петти на Трката околу Фландрија и трет на Париз-Рубе, откако биле дисквалификувани Петер ван Петегем, Владимир Гусев и Лиф Хост. Подоцна во сезоната, Балан го докажал неговиот талент со второто место на етапата 12 на Тур де Франс и третото место во генералниот пласман на Трката околу Полска. Балан завршил шести во поединечниот пласман на UCI ProTour 2006.

2007

Во 2007, Балан настрадал за време на Тирено-Адријатико и ја скршил клучната коска. И покрај оваа повреда, Балан работел напорно на Милано-Санремо, сепак екипниот водач Даниеле Бенати не победил на трка. Две недели подоцна, Балан ја освоил Три дена Де Пане, откако направил бегство на етапата 1. Балан не успеал да победи етапа, но го победил неговиот најблизок соперник Лука Паолини во текот на последниот хронометар, каде Балан завршил 10. На 8 април, Балан ја освоил Трка околу Фландрија во тесна спринтерска завршница со локалниот фаворит Лиф Хост од Белгија. Балан бил првиот Италијанец, кој победил на Трка околу Фландрија и Три дена Де Пане во иста сезона. На 19 август победил на Ватенфал Класик со напад во последниот километар, излегувајќи пред сите спринтери, вклучувајќи го поранешниот победник Оскар Фреир и младиот германски спринтер Гералд Чолек, со што го освоил неговиот втор еднодневен класик во сезоната.

2008

Пролетта 2008 не била успешна како онаа од 2008, иако бил вклучен во одлучувачкото бегство на Париз-Рубе и возел силно до третото место зад поранешните победници Том Бонен и Фабијан Канчелара, со кои заедно влегол во познатиот велодром во Рубе, губејќи во спринтот на завршната линија. Ова дошло една недела по освоеното четврто место на Трката околу Фландрија, каде бил бранител на титулата. Повторно ја избегнал домашната трка – Џиро д’Италија, но возел на другите две големи трки – Тур де Франс и Вуелта а Еспања, победувајќи една планинска етапа и носејќи ја водачката маичка потоа.http://autobus.cyclingnews.com/road/2008//vuelta08/?id=results/vuelta087

Во септември 2008, Балан станал светски друмски првак. Во трката, во која првакот од 2008 и италијанскиот сонародник Паоло Бетини биле фаворити, Балан повторно бил вклучен во одлучувачкото бегство во последниот круг на трката во Варезе. Од групата со 12 возачи, вклучувајќи ги и Италијанците Дамијано Кунего и Давиде Ребелин, Балан нападнал во последните 1.500 метри и издржал во спринтот за победа од 3 секунда во неговата татковина.http://autobus.cyclingnews.com/road/2008/worlds08/?id=results/worlds086

2009

Страдајќи од клетвата на маичката со виножито (која се носи цела година, бидејќи е светски првак), на Балан му бил дијагностициран цитомегаловирус во март 2009 и како последица на тоа не бил во можност да се натпреварува на пролетните класици и Џиро. За време на Тур де Франс, извршил еден напад и отишол во бегство на 19. етапа, но бил фатен пред целната линија.

Во август 2009, ја освоил Трката околу Полска. Балан потпишал со за сезоната 2010.

Балан бил под истрага за допинг и потоа бил суспендиран од неговата екипа БМЦ. Подоцна му била укината казната и повторно му било дозволено да се трка на 28 мај.

2012

На Трката околу Фландрија 2012, Балан завршил трет по воведното бегство на 25 километри пред крајот. Бонен и Поцато го презеле водството и завршиле пред Балан во завршниот спринт. Во декември, Балан доживеал тежок пад при спуст на тренинг со неговата екипа во Шпанија. Имал фрактура на неговата лева бутна коска, скршил ребро и ја продупчил неговата слезина, која морала да се отстрани. Поминал малку повеќе од една недела на интензивна нега.

Обвинувања за допинг

Балан е еден од 27. луѓе осомничени во Италија како дел од истрагата за допинг Мантова. Во 2010, кога била најавена истрагата, тој бил привремено суспендиран од БМЦ. Подоцна бил прогласен за невин од БМЦ и му било дозволено повторно да вози на 28 мај 2010. Во ноември 2013 било објавени дека CONI барал двегодишна забрана поради прекршување на членот 2.2 од кодексот на ВАДА.

Во јануари 2014, италијанскиот Олимписки комитет му одредил на Балан двегодишна суспензија. Балан нема да има право да настапи на било која трка до 16 јануари 2016 година. Воедно, покрај забраната, Балан треба да плати и парична казна од 2.000 евра. Неговиот договор со бил подоцна раскинат.

Достигнувања

2005 1. Етапа 1 Три дена Де Пане 1. Етапа 4 Енеко Тур Бенелукс 6. Трка околу Фландрија 2006 1. Трофеј Лагвелија 2. Е3 Харелбеке 2. Етапа 12 Тур де Франс 3. Париз-Рубе 3. Краен пласман Тирено-Адријатико 5. Трка околу Фландрија 8. Милано-Санремо 2007 1. 20п Краен пласман Три дена Де Пане 1. Трка околу Фландрија 1. Ватенфал Класик 4. Класика де Сан Себастијан 5. Краен пласман Трка околу Полска 2008 1. 20п Светско друмско првенство 1. Етапа 7 Вуелта а Еспања 2. Монтепаски Страде Бјанке 3. Париз-Рубе 4. Трка околу Фландрија 2009 1. 20п Краен пласман, Трка околу Полска 1. Етапа 5 2010 2. Етапа 15 Тур де Франс 3. Национален друмски првак 5. Краен пласман Трка околу Полска 2011 2. Монтепаски Страде Бјанке 4. Милано-Санремо 6. Париз-Рубе 2012 1. Џиро ди Тоскана 1. Етапа 7 Енеко Тур 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино 3. Париз-Рубе 3. Трка околу Фландрија 4. Страде Бјанке 8. Милано-Санремо 9. Е3 Харелбеке

Распоред на резултатите на Гранд Тур

Гранд Тур20062007200820092010201120122013201420п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро——————103——20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур6788949587————20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта——СОСО——63——

СО = се откажал

Наводи

Надворешни врски

Профил на екипната страница Профил на Eurosport

Категорија:Родени во 1979 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Кастелфранко Венето Категорија:Италијански велосипедисти Категорија:Италијански етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Светски прваци во велосипедизам