Дарио Срна (роден на 1 мај 1982 година, во Метковиќ) — поранешен хрватски фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред.

Кариерата ја започнал во во татковината, а потоа преминал во украинскиот клуб Шахтар Донецк во кој поминал најголем дел од својата кариера. После цели 15 години во Шахтар, во 2018 година тој потпишал за италијанскиот , каде ја одиграл последната сезона во кариерата забележувајќи преку 20 настапи во Серија А.

Тој е поранешен репрезентативец на Хрватска за која настапил 134 пати и бил играчот со најмногу настапи за својата земја, се до 2021 година, кога Лука Модриќ го престигнал.

По завршувањето на играчката кариера започнал да работи како спортски директор во клубот во кој се задржал најдолго во својата кариера, Шахтар Донецк.

Клупска кариера Талентот на Срна беше увиден од многу скаути во Хрватска, додека бил млад. Тој подоцна стигна и до договор со еден од двата најквалитетни тимови во Хрватска, тимот на Хајдук Сплит.

Шахтар Донецк Во 2003 година, Срна беше продаден, заедно со голманот Стипе Плетикоса во Шахтар Донецк. Тој е многу чест член на тимот и наскоро станува капитен во неговиот нов клуб, за кого има направено големо влијание во лигата.

По завршувањето на Светското првенство 2006, Бенфика се интересираше за потписот на играчот, но ништо не се случи, по што многумина тој обид го сметаат за одбиена продажба. Оттогаш, тој се поврзува со голем број на други клубови, вклучувајќи го и Лацио.

Срна го направи своето деби во групната фаза на Лигата на шампионите на 14 септември 2004 против Милан.

На 20 мај 2009 година, Срна го освои Купот на УЕФА во неговото последно издание, и го подигна трофејот како капитен на Шахтар. Срна му асистираше на Жадсон за победоносниот гол по седум минути игра во продолжението. Следната сезона ова натпреварување беше пременувано во Лигата Европа.

Срна беше во тимот на Шахтар кој стигна до четвртфиналето во Лигата на шампионите во сезоната 2010/2011, каде што загубија од подоцнежниот шампион Барселона. Срна имаше 5 асистенции во 5 меча.

Каљари На 22 јуни 2018, Срна потпишал едногодишен договор со италијанскиот , со можност за продолжување за уште една година ако двете страни бидат задоволни од соработката.

Титули Клупски

Хајдук Сплит Прва ХНЛ : 1 2000-2001 Куп на Хрватска : 2 1999-2000, 2002-2003

Шахтар Донецк Премиер лига на Украина : 10 2004–2005, 2005–2006, 2007–2008, 2009–2010, 2010–2011, 2011–2012, 2012–2013, 2013–2014, 2016-2017, 2017-2018 Куп на Украина : 8 2003–2004, 2007–2008, 2010–2011, 2011–2012, 2012–2013, 2015–2016, 2016–2017, 2017–2018 Суперкуп на Украина : 8 2005, 2008, 2010, 2012, 2013, 2014, 2015, 2017 Куп на УЕФА : 1 2008-2009

Наводи

Надворешни врски

Darijo Srna at the official Shakhtar Donetsk website

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Хајдук Сплит Категорија:Фудбалери на ФК Шахтар Донецк Категорија:Фудбалери на Каљари Калчо Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Родени во 1982 година