Сакаба (шпански: Sacaba) е град во Боливија, административен центар на покраината Чапаре во департманот Кочабамба. Градот се наоѓа на 13 км источно од Кочабамба и е втор по големина град во департманот. Голем дел од колонијалната архитектура во градот е оштетена поради недостаток на локална грижа, но сепак остатоци од колонијалниот период има во центарот на градот.
Демографија Според пописот од 2001 година, Сакаба има население од 92.581 жителWorld-Gazetteer.
Клима Сакаба има умерена клима, слична со таа во Кочабамба. За време на зимскиот период, температурите се движат од 1 до 24 степени целзиусови и дождовите се поретки Во летниот период, температурата се движи од 10 до 19 степени со голем степен на влажност.
Наводи
Поврзано
Боливија Градови во Боливија
Надворешни врски Карта на покраината Чапаре Боливиска музика
Категорија:Градови во Боливија Категорија:Населени места основани во 1761 година