Густар Ерик Ларсон (; р. во Гемла) — шведски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа .

Претходно возел за професионалната континентална екипа во 2013-2014 година, а во 2012 година возел за . Тој е многу добар во хронометрите, што го има докажано на Летната олимпијада 2008, каде го освоил сребрениот медал.

Професионална кариера

На меѓународна сцена го претставувал Тим Саксобанк, а во Шведска Скогхалс ЦК-Хаморо. Ларсон започнал со велосипедизам, кога имал 14 години и покажал голем талент и посветеност, станал професионален 7 години подоцна. Екипата била неговиот прв работодавач и кога екипата била распуштена во 2005, се преместил во екипата . Возел една година за нив и повторно се префрлил во шведско-белгиската екипа , која добила покана за учество на UCI ProTour во 2006. Но, само што започнала сезоната 2007, екипата се нашла во конфликт со Amaury Sport Organisation, која јасно објавила дека Unibet.com не може да биде поканета на Париз-Ница или Тур де Франс. Другите организатори го следеле нивниот потег, па така екипата не добила скоро ниедна покана. Екипата се распаднала кратко потоа. покажал интерес за Ларсон и тој возел за нив во 2008. По сезоната 2008 било објавено дека Ларсон, ќе потпише со Кејс д’Епарњ за 2009, но тој продолжил со Тим Саксо Банк. Останал со екипата до крајот на 2011, кога се преселил во . Ларсон го напуштил на крајот на сезоната 2012 и ѝ се приклучил на новата швајцарска екипа за сезоната 2013.

Во јуни 2007, Ларсон го освоил шведското хронометарско првенство. Победата дошло еден ден, откако неговата девојка настрадала во сообраќајка и имала сериозни повреди на главата. Исто така станал национален хронометарски првак во 2006, 2010, 2011 и во 2012.

Во март 2015 година, Ларсон се обидел да го сруши часовниот рекорд на велодромот во Манчестер. Не успеал да го сруши светскиот рекорд на Роан Денис од 52,491 км, но неговото растојание од 50,016 км бил нов шведски часовен рекорд.

Личен живот

Живее во Бесано, Италија, со неговата сопруга Вероника Андреасон, која е шведски друмски велосипедист, исто така.

Достигнувања

2002 1. Краен пласман Трка околу Словачка 1. Етапа 5 1. Етапа 1 Рингерике ГП 1. Етапа 4 Трка околу Бранденбург 2006 20п Национален хронометарски првак 2007 20п Национален хронометарски првак 2008 1. Хронометар Трка околу Данска 2. 15п Олимписки игри, Олимписки хронометар 2009 1. Етапа 3 Тур ду Поату Шарент ет де ла Виен 2. 15п Светско хронометарско првенство UCI 2010 20п Национален хронометарски првак 1. Етапа 21 (ITT) Џиро д’Италија 1. Краен пласман Тур ду Лимузин 1. Етапа 2 (ITT) 1. Етапа 1 (ITT) Вуелта а ла Комунидад де Мадрид 2011 20п Национален хронометарски првак 2012 20п Национален хронометарски првак 1. Етапа 1 (ITT) Париз-Ница 2013 1. 20п Национално хронометарско првенство 2. Хроно на народите 5. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент 8. Краен пласман Средоземна трка 9. Светско хронометарско првенство 2014 4. Краен пласман Трка околу Норвешка 2015 1. 20п Национално хронометарско првенство 9. Краен пласман Трка околу Баварија 9. Краен пласман Трка околу Норвешка 2016 3. Национално хронометарско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка200620072008200920102011201220132014201520п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро66—14—59—35———20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур105——50——СО———20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта————20—————

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1980 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шведски велосипедисти Категорија:Олимписки велосипедисти на Шведска Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2004 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Олимписки сребрени медалисти за Шведска Категорија:Олимписки медалисти во велосипедизам Категорија:Шведски етапни победници на Џиро д’Италија