Милан Обреновиќ II (српски: Милан Обреновић, 21 октомври 1819 - 8 јули 1839) бил кнез на Србија и прв престолонаследник на династијата Обреновиќ Guy Gauthier, Les Aigles at les Lions, Histoire des monarchies balkaniques, Éditions France-Empire, 1996. Животопис Милан бил најстариот син на Милош Обреновиќ I и кнегињата Љубица, брат на кнезот Михаило. Иако целиот свој живот бил болежлив и немал систематско образование, делумно успеал да изгради политички погледи и разбирања, меѓутоа неговата болест со текот на времето го спречила неговиот развој и дејност. На престолот дошол по абдикацијата на својот татко Милош и владеел до 8 јули 1839 година, кога починал. Поради болеста како и спротиствувањето на Советот, немал можност како кнез да потпише ниеден акт. Во историјата на современа Србија е запаметен како владетел со најкраток владетелски период (25 дена). Доњи Милановац е именуван според него.

Извори

Белешки

Категорија:Луѓе од Крагуевац Категорија:Династија Обреновиќ Категорија:Православни христијани од Србија Категорија:Православни монарси Категорија:Срби од 19 век Категорија:Погребани во црквата „Свети Архангел Михаил“ (Белград) Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Родени во 1819 година Категорија:Починати во 1839 година Категорија:Погребани во црквата „Свети Марко“ (Белград) Категорија:Починати во Белград