Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во богданското село Ѓавато. Црквата е сместена на крајот од селото.
Историја Црквата е подигната во 1834 година, а обновена во 1893 година од страна на Андон Китанов. Пред почетокот на Првата светска војна, таа била опожарена, но ѕидовите биле сочувани. Подоцна, црквата била обновена.„Цркви во Богданци“. Повардарска епархија.
Архитектура Градбата на црквата е трикорабна, со дрвени тавани во трите кораби, при што средишниот кораб ги надвишува страничните. Храмот е долг околу единаесет метри и има покривна конструкција изградена на две води којашто е потпрена на два реда со дрвени столбови. Кон јужната страна на црквата е доградена припрата којашто е затворена, а на источниот ѕид има мала полукружна апсида. Главниот влез е сместен на јужната страна и над влезната порта има ниша со фреска на којашто е прикажано Успението на Пресвета Богородица. Црквата не е живописана по обновувањето, но има иконостас изработен во поново време, составен од стари и нови икони. Старите икони потекнуваат од XIX век.
Црквата има простран двор кој е ограден и во него се сместени селските гробишта.
Камбанаријата на црквата е сместена надвор од нејзиниот двор, на неколку стотина метри од главниот објект, на височинка која доминира над самото село. Таа има квадратна основа и е поделена на два дела. Во првиот дел е во основата и во него е сместена влезната врата, додека вториот дел е повисок и на секоја од неговите четири страни има по една монофора. Камбанаријата во целост е обоена во бела боја.
Галерија
Поврзано Ѓавато Повардарска епархија Гевгелиско архијерејско намесништво Богданска парохија
Наводи
Надворешни врски
Ѓавато