Нобеловата награда за економија или Нобелова награда за економски науки, официјално: Награда за економски науки на Банката на Шведска во спомен на Алфред Нобел (швед. Sveriges riksbanks pris i ekonomisk vetenskap till Alfred Nobels minne) — награда која се доделува за извонредни придонеси во полето на економијата, една од најпрестижните награди од овој вид. Иако не е дел од Нобеловите награди основани согласно тестаментот на Алфред Нобел, во јавноста таа секогаш се поистоветува со нив. Nasar, A Beautiful Mind, стр. 358, „Впрочем, таа не е Нобелова награда, туку награда на Централната банка на Шведска [Sveriges Riksbank] за економски науки во спомен на Алфред Нобел“. Наградата за економија, како што се нарекува во Нобеловата фондација, е воведена во 1968 од страна на Банката на Шведска (Sveriges Riksbank), која е покровител на средствата. Наградата е основана по повод 300-годишнината на банката и во спомен на Алфред Нобел. Како и кај наградите за хемија и физика, лауреатите за економија ги бира Кралската академија на науките, со комитет сличен на оној за другите награди.Предлагање и доделување - „Награда за економски науки“, Кралска академија на науките. прист. 17 ноември 2007 Првите лауреати (1969) на наградата се холандскиот економист Јан Тинберген и норвешкиот економист Рагнар Фриш „за разработка и примена на динамични модели за анализирање на економските процеси.“„Јан Тинберген“ (2007) - Енциклопедија Британика, прист. 16 ноември 2007 од Encyclopædia Britannica Online: <http://www.britannica.com/eb/article-9380801> „Рагнар Фриш“ (2007) - Енциклопедија Британика, прист. 16 ноември 2007, од Encyclopædia Britannica Online: <http://www.britannica.com/eb/article-9364984>

Финансирање на наградата Дотациите што Нобеловата фондација ги добива од Банката на Шведска ги покриваат трошоците за доделување на наградата, како и износот на самата награда. Од 2001 наваму, паричниот дел од наградата достигнал 10 милиони круни (нешто над 1,1 милиони евра).Податок од мај 2012 Ова е еквивалентен износ на сумата што ја добиваат лауреатите на Нобеловите награди. „Наградата за економски науки 2007“ - извештај за печат на Кралската академија на науките, 15 октомври 2007. прист. 16 ноември 2007 Од 2006 наваму, Банката на Шведска ѝ доделува на Нобеловата фондација годишна сума од 6,5 милиони круни (0,7 милиони евра) за административни трошоци и еднократна дотација за изработка на страници за наградата на мрежното место на Нобеловата фондација.

Предлагање и доделување мини|десно|230п|Соопштување на добитниците за 2008 г.

Секој септември, надлежниот комитет составен од пет избрани члена, „испраќа покани на илјадници научници, академици и универзитетски професори во голем број земји, со молба да предложат кандидати за таа година. Членовите на академијата и досегашните лауреати исто така можат да прегладаат.“ Сите предлозите и приложените докази мора да бидат примени до 1 февруари. Потоа комитетот ги разгледува предлозите заедно со посебно назначени стручњаци. Пред крајот на септември, комитетот избира потенцијални лауреати. Доколку има нарешени гласови, претседателот на комитетот го дава решавачкиот глас. Откако ќе се направи изборот, овој потесен круг на личности ѝ се доставува на Деветта класа (одделот за општествени науки) на Кралската академија. Кон средината на октомври одделението ги става потенцијалните лауреати на гласање, и така го избира лауреатот или лауреатите на наградата. Како и кај Нобеловите награди, наградата за економија во една година заеднички можат да ја добијат највеќе три лица. Истите мора да се живи за време на сопштувањето во октомври. Информациите за предлозите можат да се објават дури 50 години по доделувањета на наградата.

Како и кај Нобеловите награди, секој лауреат по економија добива уверение, златен медал и документ за парична награда од кралот на Шведска, на истата свеченост на која се доделуваат Нобеловите награди (10 декември).

Поврзано Кралска академија на науките Список на добнитници на Нобеловата награда за економија

Наводи

Надворешни врски Награда за економски науки на Банката на Шведска во спомен на Алфред Нобел – официјална страница на наградата Кралска академија на науките Нобелова фондација IDEAS/RePEc

Категорија:Награди за економија Економија Категорија:Кралска шведска академија на науките