Ларс Итинг Бак (; р. во ) — дански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Кариера

Станал професионалец во 2002 година за Тим Факта, каде возел со сонародникот Алан Јохансен. Во 2004 обајцата се префрлиле во БанкЏироЛотери, каде Ларс Бак ја остварил својата прва професионална победа, но бидејќи екипата се распаднала по сезоната 2004, обајцата Бак и Јохансен морале да се префрлат во во 2005 година.

Бак го освоил данското друмско првенство и подоцна во сезоната ја покажал неговата сила и талент како надежен воза, бидејќи Бак освоил етапа и генералниот пласман на трката Тур де л’Авенир. Го освоил генералниот пласман спринтајќи за победа во група од четворица возачи на првата етапа, место кое го бранел следните девет етапи, вклучувајќи и хронометар и бројни ридесто-планински етапи.

Во 2011 година, конечно го остварил своето деби на Тур де Франс, каде работел силно за „возот“ на Марк Кевендиш и завршил со бегство на последната етапа. Бак се придружил на за сезоната 2012.

Во 2012 година ја освоил дванаесеттата етапа на Џиро д’Италија.

Достигнувања

2004 1. Етапа 1 Трка околу Луксембург 2005 1. 20п Национален друмски првак 1. 20п Краен пласман Тур де л’Авенир 1. Етапа 1 1. Париз-Бурж 2006 1. Ајндховен Екипен хронометар 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања 4. Краен пласман Трка околу Баварија 2007 1. 20п Национален хронометарски првак 1. Етапа 5 Тур де Валони 2008 1. 20п Национален хронометарски првак 2. Краен пласман Трка околу Полска 1. Етапа 1 (ТТТ) 2009 1. 20п Национален хронометарски првак 6. Краен пласман Тур де Романди 7. Краен пласман Енеко Тур Бенелукс 1. Етапа 5 2010 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања 2011 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија 3. ГП Хернинг 5. Париз-Рубе 2012 1. Гран При де Фурмие 1. Етапа 12 Џиро д’Италија 10. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур 2013 2. Краен пласман Трка околу Данска 2014 2. Краен пласман Трка околу Данска 2015 2. Краен пласман Трка околу Данска 6. Краен пласман Три дена Де Пане 2018 10. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“

Распоред на резултатите на големите трки

Големи трки20032004200520062007200820092010201120122013201420152016 2017 2018 20п ЏироСО—————16—12672945690СО118106 20п Тур————————152961088237173123— 20п Вуелта———21———154————————

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1980 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Дански велосипедисти Категорија:Луѓе од Силкеборг Категорија:Дански етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Олимписки велосипедисти на Данска