Ума или Хума — село во Општина Гевгелија, во областа Влахомеглен, во околината на градот Гевгелија.
Географија и местоположба
Населбата се наоѓа во областа Влахомеглен, во западниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото е сместено на падините на планината Кожуф. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 850 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 20 километри.
Атарот зафаќа површина од 42,3 км2.
Историја
Во век, Ума било христијанско влашко село во рамките на Гевгелиската Каза на Отоманското Царство.
Селото било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.
Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Ума порано било село со околу 500 Власи со христијанска вероисповед. Денес, тоа е практично иселено и функционира како викенд-населба.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ума имало 490 жители, сите Власи.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ума имало 480 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Ума било влашко со 30 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.
Селото во 1961 година имало само еден жител, а во 1994 година било целосно раселено.
Според пописот од 2002 година, во селото Ума имало 2 жители, од кои 1 Влав и 1 Бошњак.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, од кои 1 Македонец и 3 Власи.
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.
Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Горничет, во која влегувале селата Горничет, Конско, Моин и Ума.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Гевгелиска градска општина, во која покрај селото Ума се наоѓале градот Гевгелија и селата Горничет, Конско, Моин и Мрзенци.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 360 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на деловен објект - продавница на селото Серменин.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Пантелејмон” — главна селска црква
Редовни настани
Секоја година во почетокот на август се одржуваат панаѓурски денови по повод Св. Пантелејмон, кога во селската црква се организира неделен курбан.
Личности
Родени во Ума Иван Антонов (1924-1983) — новинар Петар Атанасов — лингвист
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Гевгелиски села Категорија:Села во Општина Гевгелија