Дуран Дуран е англиска рок група, формирана во Бирмингем во 1978 година. Беа еден од најуспешните бендови во осумдесеттите години и бенд број еден во „Втората Британска Инвазија“ од Ем Ти Ви во САД. Од осумдесеттите години до сега, имаат пласирано 14 синглови во Топ 10 на Британската топ листа и 21 сингл во Билборд Хот 100, а според Сандеј Меркјури, имаат продадено преку 100 милиони копии. Кога првпат се појавија, општо беа сметани за дел од нео романтистичката сцена, заедно со други бендови како Спандау Балет, но подоцна го изгубија овој имиџ. Бендот соработуваше со многу модни творци за да создадат остар и елегантен имиџ, што им го донесе прекарот „најубавите момци во рокот“. Контроверзните видеа од бендот, кои содржеа делумен нудизам и предлози за сексуалноста, станаа популарни во раните осумдесетти на тогаш новоформираниот телевизиски музички канал Ем Ти Ви. Дуран Дуран беа меѓу првите бендови кои ги снимаа своите спотови со професионални режисери и 35 милиметарски филмски камери, што на спотовите им даваше поквалитетен и поблескав изглед. Во 1984 година, бендот се наоѓаше меѓу првите иноватори во видео технологија на настапите во живо. Групата беше формирана од страна на Ник Родс, Џон Тејлор и Стефан Дафи, со подоцнежно приклучување на Роџер Тејлор и по бројни промени во составот, Енди Тејлор и Сајмон Ле Бон. (Никој од тие со презиме Тејлор не е роднински поврзан, а Роџер Тејлор не е тапанарот од Квин, само го носи истото име и презиме) Никогаш не престанаа да создаваат, само имаа промени во составот, гитаристот Ворен Чучуруло од 1989 г. до 2001 г. и тапанарот Стерлинг Кемпбел од 1989 г. до 1991 г. Обединувањето на оригиналните пет членови во почетокот на 2000 година, создаде немир меѓу обожавателите на бендот и музичките медиуми. Енди Тејлор го напушти бендот во средината на 2006 година, а лондонскиот гитарист Дом Браун од тогаш работи со бендот како повремен изведувач и како дел од нивните турнеи.

Историја

1978-1980 година: Формирање и рани почетоци

Џон Тејлор и Ник Родс го формираа Дуран Дуран во Бирмингем во 1978 година, каде станаа резидентен бенд во градскиот ноќен клуб Рам Ранер. Во клубот и двајцата работе, Џон како вратар, а Ник како диџеј со дневница од 10 фунти. Тие почнаа да вежбаат и редовно да свират на собиралиштето. Во близина имаше повеќе ноќни клубови, а најзначајниот, каде што свиреа Секс Пистолс и Клеш, се викаше „Барбарела“. Сакаа на бендот да му го дадат името по бандитот од францускиот научно фантастичен филм Барбарела од Роџер Вадим. Бандитот, улога одиграна од страна на Мило О’Шиа, беше наречен Д-р Дуранд Дуранд.

Првиот пејач во бендот беше Стефан Дафи. Наскоро на Родс, Тејлор и Дафи им се придружува и Стефан Коли. Коли првично во бендот свиреше на бас гитара, како што Тејлор во исто време свиреше на гитара. Ова беше првииот состав на бендот кој свиреше во живо. Во замена за тапаните и ударните инструменти, ја користеа електричната ударна машина од Родс. Коли го напушти бендот, пред да дојде Енди Тејлор. Неколку гитаристи кои беа последователно сослушани на аудиција (за поголемиот дел, безуспешно), како и неколку вокалисти кои му се приклучија на бендот по заминувањето на Дафи, го напуштија бендот на почетокот од 1979 година.

Според автобиографијата на Енди Тејлор, меѓу неколкуте вокали кои ги имаа пред Сајмон Ле Бон, беше и Енди Викет кој играше голема улога во пишувањето на „Грлс он Филм“за време на својот „мандат“ во бендот. (Викет исто така се појавува и во неколку демо снимки кои биле презентирани на ЕМИ.) Според мрежните страници од Викет и Џон Тејлор, Викет у чествувал во создавањето на почетна верзија на песната која стана позната под името “Рио” тенор соло на саксофон од Енди Хамилтон. По заминувањето на Коли и Викет, бендот во својот состав ги вброи пејачот Џеф Томас и гитаристот Алан Куртис, за многу краток период, пред конечно да се одлучат за Енди Тејлор како главен гитарист и за Сајмон Ле Бон како вокал во 1980 година.Средбата на тапанарот Роџер Тејлор со Џон Тејлор, Родс и Викет на забав во 1979 година, исто и заминувањето на Коли, доведоа до тоа Џон Тејлор да се префрли на бас гитара. Тогаш Роџер Тејлор стана нивниот “човечки” тапанар. Овој состав( Џон Тејлор на бас гитара заедно со Родс, Викет и Роџер Тејлор) ги создаде првите студиски демо касети на Дуран Дуран.

Во април 1980 година, гитаристот Енди тејлор дојде од Њукасл на аудицијата на одговор на објавениот оглас во Мелоди Мејкер. Во мај 1980 година, лондонскиот вокал Сајмон Ле Бон му беше препорачан на бендот од страна на поранешната девојка која работеше во Рам Ранер. Сопствениците на клубот, браќата Пол и Мајкл Бероу, станаа менаџери на бендот плаќајќи им да таботат како вратари, диџеи и собирачи на стакло, кога не вежбаа. Групата, генерално, беше признат дел од Новата Романтичарска сцена, со друг “стил и танц” бендови како Спандау Балет, Јапан и АБЦ. Во 1980 година, снимија две демо касети и настапуваа по клубовиниз Бирмингем и Лондон.

При крајот на 1980 година, кога имаа турнеја како предгрупа на Хазел О’Конор , бендот привлече критично внимание што резултираше со бојна на понуди помеѓу двете издавачки куќи ЕМИ и Фонограм Рекордс.” Со доза на патриотизам” за етикетата Битлси ги натера да потпишат со ЕМИ во декември. Ник Родс во интервју за магазинот Делукс во 1998 година изјави дека бендот бил ‘ужасно изгорен’ со договорот со ЕМИ. Дуран Дуран е еден од првите бендови кои работеа на ремиксови на своите песни. Пред добата на дигитални синтисајзери и аудио одмерувањето, создаваа повеќе слојни аранжмани на своите синглови, понекогаш снимајќи целосно различни и проширени изведби на песните во студиото. Овие ‘ноќни верзии’ беа достапни само на винилска плоча како страна Б на сингловите со 45 вртежи во минута или на (12 инчните) клупски синглови, сè до издавањето на компилацијата Ноќни Верзии: Есенцијалните Дуран Дуран во 1999 година. Од самиот почеток на нивната заедничка кариера, сите членови на бендот имаа изострена смисла за визуелниот стил. Работата со стилистот Пери Хејнс и со модните творци Кан & Бел и Ентони Прајс за да изградат остар и елегантен имиџ, кој подоцна ги надмина наборите и појасите кај „испиратизираниот“ ново романтистички изглед кој беше популаризиран од страна на Адам и Мравките во текот на 1980-81 година. thumb|Дуран Дуран во раните почетоци Бендот продолжи да ја промовира модата како дел од пакетот во текот на нивната кариера. Во 90 – те години соработуваа со Вивиен Вествуд, а во 2000 година со Џорџо Армани. Бендот одржуваше креативна контрола на визуелното претставување и имаше блиска соработка со графичкиот дизајнер Малколм Герет многу други низ годините, за да создаде омоти за албумите, програми за турнеите и други материјали. Сите 5 членови на бендот беа фотогенични и беа етикетаирани како „најубавите момци во рокот“ од страна на списанието Пипл. Британските тин и музички списанија набрзо покажаа интерес за нивниот добар имиџ, а кратко потоа им се придружија и американските. Во раните 80-ти години редок беше месецот во кој не беше издадена барем една фотографија од членовите на бендот во тин списанијата како Смеш Хитс или Тајгер Бит.

Џон Тејлор еднаш забележа дека бендот е како „кутија со чоколатца Квалити Стрит, секој има свое омилено“. Дуран Дуран подоцна зажалија за раното изложување во јавноста, но во тоа време помогна за да се привлече националното внимание. На почетокот на 1988 година, во интервју за списанието Рок Фивер Суперстарс, Џон Тејлор изјави: „Порано во 79 година бевме интригантно име за спомнување, но потоа дојде публицитетот на петте ѕвезди и нешто тргна наопаку. Нешто навистина тргна наопаку. Тоа не беше тоа што го барав. Не дека не сакав да вриштат по мене. Во еден момент навистина сакав.“

1980 – 1981

Првиот албум на бендот Дуран Дуран беше издаден под етикета на ЕМИ во 1981 година. Првиот сингл, "Планетата Земја", достигна до Топ 20 на Обединетото Кралство во број 12. А следниот "Безгрижни Спомени", беше на место број 37. Сепак нивниот трет сингл, "Девојките на филм",беше тој што привлече најголемо внимание. Песната стигна до место број 5 во Велика Британија пред озлогласеното видео да биде снимено. Во август, видеото во кое има топлес жени кои се борат во кал, борби со перници и стилизирани прикази на други сексуални фетиши, беше направено во режија на дуото Годли и Крем. Видеото е снимено само две недели по лансирањето на Ем Ти Ви во САД. Бендот очекуваше дека видеото "Девојки на филм" треба да се пушта во поновите ноќни клубови кои имаат видео екрани или на платени ТВ канали, како на Плејбој каналот. Кевин Годли го објасни размислувањето позади тоа: Ни беше многу експлицитно кажано од страна на менаџерите на Дуран Дуран да направиме сензационално и еротско парче што ќе биде наменето за клубови, каде што ќе се прикажува нецензурирано само за да ги натера луѓето да обрнат внимание и да разговараат околу тоа.

Видеото во голема мера беше цензурирано од Ем Ти Ви. Албумот го достигна својот врв во Велика Британија во Топ Дваесет и беше на местото број 3. Подоцна во 1981 година, бендот се оддаде на својот првата клупска турнеја во САД, проследена со повеќе датуми во Германија и Велика Британија. Оваа втора турнеја во Велика Британија се совпадна со бранот на безредијата предизвикани од невработеноста и расната напнатост, вклучувајќи ги и оние на Мос Сајд и Токсет. Бендот свиреше во морничаво тивкиот Бирмингем еден ден по немирите на Хендсворт. Дуран Дуран почна да постигнува светско признание во 1982 година.

Во мај тие го издадоа нивниот втор албум, Рио, кој стигна до место број четири во Велика Британија на Топ Дваесет и сингловите "my Own Way", "Hungry Like a Wolf", "Save a Prayer", а насловната нумера "Рио". А главната турнеја низ Австралија, Јапонија и САД беше проследена со поддршката на бендот Блонди за време на последната турнеја во САД. Дајана, принцезата од Велс го прогласи Дуран Дуран за нејзин омилен бенд, а бендот беше наречен "познатата петторка" од страна на британските медиуми, споредувајќи ги со Битлси чиј прекар беше Познатата четворка.

Албумот Рио на почетокот не помина добро во САД. ЕМИ во Велика Британија го промовираше Дуран Дуран како нео романтистички бенд, но тој жанр беше едвај познат во САД и подружницата na американскиот ЕМИ Капитол Рекордс беше во криза за тоа како да ги продадат. По Карневал, ЕП на денс ремиксите на Рио стана популарнo со диџеите во пад, a бендот го ангажираше Дејвид Кершенбаум за да им направи ремикси на поголемиот дел од песните на албумот. Во јуни 1982 година, Дуран Дуран за првпат се појави на американска телевизија. Тие енергично ја изведоa "Hungry like a wolf" и "Рио" на Dancing on Air, претходникот на националните хит шоуa Dance Party во САД. Мајкл Најси, извршниот продуцент на двете емисии, се сеќава колку беа срамежливи "момчињата" и како тие се шегувале едни со други за тоа колку лошо изгледаат на ТВ.

Откако повторно беше издаден во САД во ноември, со добра промоција, како денс албум, Рио почна да се искачува на американските топ листи шест месеци по своjot европски успех. Ем Ти Ви постојано го вртеше "Hungry like a wolf" и уште неколку други видеa od Дуран Дуран, туркајќи go "Рио" меѓу првите дваесет na топ листите во САД на почетокот на 1983 година. Исто така добро помина заводливата балада Save a Prayer. "O Овој бенд е правиот за музичката телевизија", истакна списанието Roling Stоne. "Тие можеa да бидат прватa рок-група koja ќе го воведе видео бранот." На крајот, албумот достигна до место број 6 во САД и остана на топ листите таму уште 129 недели - речиси две и пол години. Во 2003 година, Рио беше ставена на списокот на место број 65 во NME 100-те Најголеми албуми на сите времиња.

1983-1985: "Познатата Петорка"