Зоран Шоров (Штип, ) — македонски борач, член на БК Балканец од Штип и државен репрезентативец. Тој бил двапати прогласуван за најдобар спортист на Македонија, во 1987 година и во 1991 година, најдобар спортист на XX век на град Штип, Великан на МОК во 2003 година, носител е на национално спортско признание во 2009 година.

Кариера Зоран Шоров е учесник на три олимпијади: 1984 г. Лос Анџелес; 1988 г. Сеул; 1992 г. Барселона.

Тој е носител на следниве медали: сребрен медал на Европското првенство во борење во слободен стил, во 1987 година во Велико Трново - Бугарија; бронзен медал на Европското првенство во борење во слободен стил, во 1991 година во Штутгарт - Германија; сребрен медал на Средоземните игри во 1983 година во Казабланка - Мароко; сребрен медал на Средоземните игри во 1991 година во Атина - Грција; сребрен медал на Балканско првенство во 1977 година во Атина - Грција; бронзен медал на Балканско првенство во 1978 година во Крајова - Романија.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Спортисти од Штип Категорија:Македонски борачи