Предмет-подмет-прирок или предмет-подмет-глагол (меѓ. крат. OSV, од анг. object–subject–verb) е еден од збороредите кои се среќаваат во разни јазици во светот. Според овој редослед, на прво место во реченицата се наоѓа предмет, а потоа следува подметот или лицето и на крај доаѓа прирокот или глаголот. Пример за овој редослед е реченицата „Јаболко Томе јаде.“

Јазиви со редослед OSV Овој редослед на зборовите е најслабо застапен меѓу јазиците. Повеќето од јазиците каде овој редослед е стандардна појава се од Амазонија, како што се шавантиски, јамамадискиот, апурињскиот, кајапскиот или надепскиот јазик.O'Grady, W. et al Contemporary Linguistics (3rd edition, 1996) ISBN 0-582-24691-1

Апурињски пример:: {| class=wikitable |anana||nota||apa |- |ананас||јас||носам |- |colspan=3|Јас носам ананас.

Овој редослед на зборовите може понекогаш да се сретне и кај останатите јазици, меѓу кои и македонскиот, за да се долови некоја стилска, граматичка или синтаксна форма.

Поврзано Збороред Синтакса Збор

Наводи

Категорија:Јазична типологија