ЖРК Будућност Подгорица е женски ракометен клуб од Подгорица, Црна Гора. Клубот се натпреварува во Црногорската Прва Ракометна Лига и во Регионалната Лига.

Историја

Клубот е основан на 13 февруари 1949 година во склоп на Спортското друштво "Будуќност". Во Втората сојузна лига на Југославија клубот за првпат влегол во сезоната 1972/73, додека пак во Првата сојузна лига за првпат влегол во сезоната 1981/82.

Клубот со 22 титули државен првак и со 15 титули во Купот, е најтрофеен ракометен клуб во Црна Гора, како и во поранешна СФР Југославија и во Србија и Црна Гора.

Исто така клубот поседува и 5 европски титули, 3 пати го освоил Купот на Победниците на Куповите (1985,2006,2010), еднаш ЕХФ Купот во 1987 и еднаш ЕХФ Лигата на Шампионите во 2012 година.ЛШ: Подгоричанке на крову Европе! , www.sportal.rs, 13. 05. 2012.

Постигнувања ЕХФ Лига на шампиони: Победник (2): 2012, 2015 Финалист (1): 2014 ЕХФ Куп: Победник (1): 1987 ЕХФ Куп на Победниците на Куповите: Победник (3): 1985, 2006, 2010 Црна Гора: Победник (13): 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019 Куп на Црна Гора: Победник (13): 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019 Регионална Лига: Победник (8): 2010, 2011, 2012 Будуќност ја освои Регионалната лига , ekipa.mk, 22. 04. 2012. , 2013, 2014, 2015, 2016, 2019 18 пати шампион на СФР Југославија, СР Југославија и Србија и Црна Гора (1985, 1989, 1990, 1992–2006) 16 пати освојувач на националниот куп (1984, 1989, 1995–1998, 2000–2002, 2005, 2006) 4 пати прогласен за најдобар клуб во Југославија (1985, 1987, 1993, 1998)

Состав 2017-18

Голмани 40 Анастасија Бабовиќ

Леви крила 6 Ивона Павичевиќ 96 Итана Грбиќ

Десни крила 4 Дијана Ујкиќ

Пикери 66 Ема Рамусовиќ

Леви бекови 9 Џурџина Јауковиќ

Средни бекови 10 Матеа Плетикосиќ 14 Ванеса Аговиќ

Десни бекови 25 Џурџина Маловиќ 27 Сања Премовиќ

Наводи

Надворешни врски Матична страница Регионална лига

Категорија:Ракометни клубови од Црна Гора Категорија:Ракометот во Црна Гора