Премиерот на Јапонија (јап. 内閣総理大臣, трскр. најкаку-сори-дајџин) е шеф на владата на Јапонија. На функцијата го изгласува Собранието на Јапонија, избирајќи од своите пратениците, а на функцијата го назначува царот. За да остане на функцијата треба да ја ужива довербата на Претставничкиот дом. Премиерот е шеф на кабинетот и ги назначува или разрешува министрите. Буквален превод на јапонскиот назив на функцијата е Министер за сеопфатна управа со кабинетот или Министер што претседава со кабинетот.

Функцијата е создадена во 1885, четири години пред донесувањето на уставот на Јапонското царство. Денешниот облик на функцијата се должи на уставот од 1947.

Назначување Премиерот го избираат двата дома на Собранието со гласање од два круга. Доколку домовите изберат различни лица, тогаш се формира заедничка комисија што има за задача да постигне согласност за едно лице. Доколку не се договорат во рок од десет дена, тогаш функцијата му припаѓа на лицето што го предложил Претставничкиот дом. Затоа, во теорија, Претставничкиот дом може да избере кого сака.Член 67 од Уставот на Јапонија Потоа кандидатот формално стапува на функција со негово назначување од страна на царот.Член 6 од Уставот на Јапонија

Лицето мора да ја отстапи функцијата доколку Претставничкиот дом му изгласа недоверба или ја надгласа довербата, под услов домот да не се растури во следните десет дена.Член 69 од Уставот на Јапонија

Должности Уставни улоги Врши „контрола и надзор“ врз сета извршна власт.Член 5 од Уставот на Јапонија Поднесува нацрт-закони во Собранието во име на кабинетот.Член 72 од Уставот на Јапонија Потпишува закони и налози на кабинетот (заедно со други членови на кабинетот).Член 74 од Уставот на Јапонија Ги назначува сите министри на кабинетот, со можност да ги разреши во секое време.Член 68 од Уставот на Јапонија Може да одобри правна постапка против членови на кабинетот.Член 75 од Уставот на Јапонија Мора да пишува отчети за и домашните и надворешните односи и да му ги доставува на Собранието. Мора да дава отчет на барање на Собранието, одговарајќи на прашања или давајќи образложенија.Член 63 од Уставот на Јапонија

Статутарни улоги Претседава со седниците на кабинетот.Закон за кабинетот, чл. 4 Врховен командант на Самоодбранбените сили на Јапонија (војската).Закон за Самоодбранбените сили од 1954 Може да отфртли судски налог против управен акт, образложувајќи ја причината.Закон за судски спорови во управата, Член 27

Обележја

Список на премиери од 1982 до 2012 ИмеМандатТошики Кајфу1989–1991Киичи Мијазава1991–1993Морихиро Хосокава1993–1994Цутому Хата1994Томиичи Мурајама1994–1996Рјутаро Хашимото1996–1998Кејзо Обучи1998–2000Јоширо Мори2000–2001Џуничиро Коизуми2001–2006Шинзо Абе2006–2007Јасуо Фукуда2007–2008Таро Асо2008–2009Јукио Хатојама2009–2010Наото Кан2010–2011Јошихико Нода2011–2012Шинзо Абе2012–2020Јошихиде Суга2020–2021Фумио Кишида2021-2024Шигеру Ишиба2024-2025Санае Такаичи2025-

Поврзано Список на премиери на Јапонија

Наводи

Надворешни врски

Премиерот на Јапонија и неговиот Кабинет - службен портал Список на јапонски кабинети од 1885 до 1989 г. 

Категорија:Политика на Јапонија

bg:Министър-председател на Япония