Пукапуканскиот јазик (Pukapuka) е полинезиски јазик кој се зборува на островот Пукапука во Куковите Острови. Јазикот се развил во изолација бидејќи имало помал контакт со останатите околни јазици. Пукапуканскиот јазик е дел од подгрупата на самоански јазици и не е сличен со ниту еден од јазиците на Куковите Острови. Според скорешните истражувања, пукапуканскиот, токелауанскиот и тувалскиот сочинувале една група јазици. Јазикот е познат и како „домашен јазик“ или „te leo Wale“. Јазикот бил воведен во училиштата во 1980-те години и со тоа се подобрила писменоста. Според Ethnologue, јазикот го зборуваат околу 2.030 жители, од кои 840 се на Куковите Острови. Пукапукански јазик на Етнолог.

Наводи

Поврзано

Самоански јазици Полинезиски јазици

Надворешни врски

UNESCO за јазикот

Категорија:Самоански јазици