Виничани — село во Општина Градско, во областа Клепа, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Клепа, западно од десниот брег на реката Вардар, на околу пет километри од општинското средиште Градско и на 23 километри јужно од градот Велес.
Историја
Селото Виничани е едно од постарите населени места во околината на денешниот град Велес. Ова населено место во текот на историјата неколкупати ја менувало својата местоположба. Според преданија кои се раскажуваат од постари луѓе кои живеат или некогаш живееле таму досега населбата 9 пати ја менувала положбата. Во околината на денешното село Виничани речиси на секое ритче постојат археолошки наоди од камено време до ден денешен. За денешната населба со сегашната местоположба има записи во повеќе турски и македонски книги и записи. Според Јордан Хаџи Константинов-Џинот населбата Виничани во 1859 година имала повеќе од 40 куќи и неколку цркви.
Стопанство
Економијата во ова населено место е во постојан подем. Главен двигател во овој сектор е земјоделието кое учествува со 80% од економската активност на населението, 10% е трговијата и 10% градежништвото. Земјоделието кое е врежано во историјата на ова населено место е во постојан подем. Во 60-тите години од минатиот век најзастапени земјоделски гранки биле производството на индустриските производи како што се: памук, афион, шеќерна репка, тутун, слануток и сл. Со развојот на механизацијата во тогашната СФРЈ и овозможувањето на поединечно производство во почетокот на 90-тите години во селото почнало да се сади лозје и овошни насади (кајсии, сливи и праски).
По осамостојувањето на Македонија и пропаѓањето на ЗК Лозар-Велес и потоа ЗК Вардар-Градско месното население барајќи издршка почнало да се занимава со поединечно производство на бостан, пипер, патлиџан, зелка и други градинарски култури. Со тек на времето сите овие култури се имаат префрлено со производство под најлон (фолии), со што Виничани е едно од селата кои се најголеми производители на раноградинарски производи во Македонија.
Во моментот населеното место Виничани произведува голем дел од извозниот потенцијал на земјоделски производи (пипер, патлиџан, кајсии, праски, грозје, кромид, лук итн.) од општина Градско.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година селото има 650 жители, сите Турци.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 158.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.
Според пописот од 2002 година, селото Виничани броело 569 жители, од кои:
Македонци: 487 (85,6 %) Турци: 22 Срби: 1 Бошњаци: 58 останати: 1
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 473 жители, од кои 370 Македонци, 14 Турци, 63 Бошњаци, 6 останати и 20 лица без податоци.
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Виничани:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.
Година Македонци Албанци Турци Роми Срби Бошњаци Вкупно 1948 — — — — — — — — 970 1953 13 — 1.100 1 — — 3 — 1.117 1961 360 4 441 — — — 14 — 819 1971 472 29 79 — — — 66 — 646 1981 496 16 19 — — — 109 — 640 1991 493 1 29 — 2 — 109 — 634 1994 473 — 22 — 1 — 92 — 588 2002 487 — 22 — 1 58 1 — 569 2021 370 — 14 — — 63 6 20 473
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Во поново време и особено со мерките за зголемување на наталитетот преземени од страна на државата и самата Општина Градско, во селото се забележува зголемен број на новороденчиња.
Родови
Според истражувањата од 1924 година родови во селото биле. Сите муслимански:
Староседелци: Мечовци (1 к.), Кундевци (2 к.), Мурговци (1 к.), Асанковци (6 к.), Алишовци (2 к.), Рунтефци (3 к.), Дервишовци (4 к.), Емевци (5 к.), Дели-Ибрајимовци (4 к.), Шапковци (4 к.), Халовци (1 к.), Ѓендовци (6 к.), Шакол Алмазовци (2 к.), Салијовци (2 к.), Куловци (6 к.), Sевгаровци (1 к.), Смаовци (1 к.), Рендаровци (3 к.), Алимовци (4 к.), Кара-Османовци (4 к.), Хаџијовци (3 к.), Муновци (8 к.), Кадаровци (3 к.), Југовци (1 к.), Шиљевци (6 к.), Чамевци (3 к.), Јусуфовци (5 к.), Матлијовци (3 к.), Балџијовци (1 к.), Бејтовци (2 к.), Тировци (1 к.), Момчевци (1 к.), Аќевци (2 к.) и Бурчаковци (3 к.) овие родови биле турцизирани. Доселеници: Јуруковци (3 к.) доселени се на крајот од 17 век од јуручкиот предел во Лакавичко (радовишко). По потекло Јуруци; Етемовци (2 к.) доселени во исто време од некое јуручко село. По потекло Јуруци; Оџевци (4 к.) доселени однекаде после претходните родови; Чабревци (1 к.) доселени во 1912 од селото Грнчиште. Се доселил Рушид како домазет; Исмаилер (1 к.) доселени во 1917 од селото Згрополци. Се доселил Амет како домазет; Шајиновци (1 к.) доселени во 1919 од селото Водоврати. Се доселил Хасан како домазет.
Во селото Виничани денес живеат мнозинство Македонци од православна христијанска вероисповед кои во најголемиот дел се доселени на местото на иселеното муслиманско (турско) население во 1956/57 година од источна и североисточна Македонија од Кочанско, Виничко, околината на Македонска Каменица, Кривопаланечко претежно од Цера, Пресека, Грљани и други села.Според кажување на Ристов Стоил, жител на селото. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски, Ѕвонко Петровски на 8 декември 2015
Македонски семејства кои живеат во Виничани се: Стојкови, Ристови, Ангелови, Соколови, Јованови, Китанови, Спасови, Николови, Димитриеви, Стоилови, Стаменкови, Ивановски, Алчеви, Стојменови, Спасовски, Малчеви, Цековски, Стојанови.
Општествени установи
мини|десно|300п|Поглед на селото, во позадина (горе десно) на ридот се гледа училиштето
Во селото Виничани постојат следниве објекти:
Амбуланта Подрачно основно училиште „Даме Груев“ — основното училиште е сместено на врв на брдото наспроти главната селска црква и одржува настава во девет одделенија Водна заедница на водостопанството од ХМС „Тиквеш“ — канцеларија на водната заедница „Виничани“ со седиште во зградата на месната заедница на Виничани.
Самоуправа и политика
Селото се наоѓа во Општина Градско, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес, додека во периодот по војната од 1955 до 1962 година селото било во рамките на некогашната општина Градско.
Во периодот 1952-1955 година, селото се наоѓало во тогашната Градска општина, во која покрај Виничани се наоѓале и селата Водоврати, Горно Чичево, Градско, Долно Чичево, Подлес, Убого и Уланци. Самата Градска општина била дел од Титоввелешката околија. Во периодот од 1950-1952 година, селото се наоѓало во рамките на тогашната Општина Градско, во која покрај Виничани, се наоѓале и селата Градско и Уланци.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2225 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Грнчиште и Скачинци.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 526 гласачи.
Културни и природни знаменитости мини|десно|300п|Црквата „Св. Илија“ во селото Археолошки наоѓалишта Абдови Карпи — населба од римско време Алишовски Пат — некропола Бурлатица — населба Гробовите — некропола Гумења — населба и некропола Дупен Камен — осамен наод Ѓурѓевица — населба Св. Илија — населба од брозено и утврдена населба од римско време Тумба — некропола од доцниот среден век Црква — црква и некропола од средниот век
Цркви Црква „Св. Илија“ — главна црква во селото, изградена во 2007 г.
Иселеништво Топаловци, Мустајбеговци и Коласијовци (10 семејства) се иселиле во турско време во градот Велес. Потоа уследило големо иселување на муслиманското население во Турција.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Градско