Убого — село во Општина Градско, централна Македонија. Денес нема жители.
Географија и местоположба Селото се наоѓа југоисточно од Велес, на околу 8 км северно од општинското седиште Градско. Сместено е од левата страна на реката Вардар, на надморска височина од 160 м.
Историја Подрачјето на Убого е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Ногаевски Пат во непосредна близина на селото.
Во XIX век Убого било македонско село во Штипската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Убогово имало 130 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 157. Други извори велат дека тогаш селото било влашко (погл. Население).
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Во статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Убогоно (Oubogono) живееле 80 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 136-137.
Според туркологот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Убово имало и 3 Турци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.
Населението на Убого значајно нараснало во повоениот период, со речиси исклучив прилив од македонско население. Подоцна се доселиле и поголем број Албанци, како и доста лица чија народност во пописот не се определена (т.е. сместена во „останати“). Почнало масовно да се раселува некаде во 1960-тите и е сосема напуштено во 1970-тите. Според пописот од 2002 година, Убого немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Општествени установи
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Троица“
Археолошки наоѓалишта Долно Селиште — населба од римско време Ногаевски Пат — населба од неолитот Чукар — тумул од железно време
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Градско Категорија:Раселени села во Македонија