мини|десно|Електрична гитара Електричната гитара — вид на гитара која со помош на електромагнетни приемници ги преобразува вибрациите од нејзините жици во електронска струја. Сигналот кој се произведува од електричната гитара е премногу слаб, па затоа се засилува пред да се донесе до звучникот. Бидејќи производот на електричната гитара е електричниот сигнал, тој лесно се менува со електрични кола за да се додаде нијанса на звукот. Најчестите ефекти кои се користат се одекнување и изобличување на звукот.

Електричната гитара е измислена во 1931 година и веднаш станува неопходна за џез музичарите кои сакаат да го засилат звукот при нивните изведби како големи групи (тн биг бенд изведби). За време на 1950-тите и 1960-тите електричната гитара станува најважниот инструмент во популарната музика и еволуира во жичен музички инструмент со кој може да се свират безброј музички стилови и секако послужува за развивањето на рокенрол и многу други видови на музика.

Историја Разни експерименти за засилување на звуците од жичените инструменти се прават уште на почетокот на 20 век и има пронајдоци од 1910 година кои со помош на телефонски предаватели во внатрешноста на виолина и бенџо го засилуваат звукот.

Во 1920-тите се користат јаглеродни микрофони закачени за мост но тие произведуваат слаб звук. Многу слични експерименти од раните 20-ти и 30-ти доаѓаат блиску до изумот на електрична гитара.

Лес Пол експериментира со микрофони во дупката на акустичните гитари но првата електрично засилена гитара ја дизајнира Џорџ Бошамп, генералниот менаџер на Државната Корпорација за Гитари со потпретседателот Пол Барт. Хери Вотсон, главниот надзорник и менаџер на корпорацијата го гради прототипот со јаворово тело и лиен алуминиум или таканареченото Тавче. Производството почнува во летото 1932 година во корпорацијата Ро-Пат-Ин (Ro-Pat-In Corporation) во Лос Ангелес.

Потребата за засилена гитара станува голема во ерата на големите бендови каде оркестрите се зголемуваат и првите електрични гитари кои се користат во џезот се шупливите гитари чиј врат е свиткан на врвот со електромагнетен трансдуктор. Веќе во 1932 година електричните гитари се комерцијално достапни. Првите производители се Рикенбакер (Rickenbacker, Ro-Pat-In), Добро (Dobro),Нешнл (National),АудиоВокс (AudioVox), Волутон (Volu-Tone), Вега (Vega), Епифон (Epiphone), Гипсон (Gibson) и многу други по 1936 година.

Електричната гитара со цврсто тело се прави од цврсто дрво и нема функционални воздушни простори за резонанција. Рикенбакер нуди гитара од лиен алуминиум и електротехнички челик наречена Тавче или Гитара Палачинка која е развиена во 1931 година, а произведувана веќе од 1932 година. Првата Шпанска гитара со цврсто тело ја нуди Вивитон (Vivi-Tone) некаде во 1934 година. Електро Шпанската е уште една гитара на Рикенбакер од 1935 година, а веќе во 1936 година компанијата Слингерленд (Slingerland) произведува дрвен модел со цврсто тело.

Најстарата позната изведба со електрична гитара датира од 1932 година и му припаѓа на Гејџ Бруер (Gage Brewer), музичар од Вичита, Канзас, со Електрична Хавајска А-25 (тавче, скут гитара) и стандардна електрична шпанска од Џорџ Бошамп од Лос Ангелес Калифорнија. Првите снимки датираат од 1933 година од музичари со хавајски стил. Боб Дан и Милтон Браун ја претставуваат електричната хавајска гитара на западната свинг музика а потоа таа влегува и во џез и блуз музиката. Алвино Реј ја носи електричната гитара на поширока публика и потоа ја развива електричната гитара со педал за Лес Пол чија прва комерцијална гитара од 1936 година е моделот ЕЅ-150 (Electric Spanish, 150 долари). Моделот ЕЅ-150 е во форма на шестаголник и има еден спроводник, а е дизајнирана од Волт Фулер и станува позната како Чарли Христијан (Charlie Christian) по големиот џез музичар кој е еден од првите кој изведува со оваа гитара. ЕЅ – 150 станува делумно популарна но се губи поради нееднаквата гласност на сите шест жици.

Функционална електрична гитара со цврсто тело дизајнира и гради Лес Пол од акустичната гитара со свиткан врв на Епифон. Неговата трупец гитара така наречена поради телото кое се состои од едноставно 4x4 дрвено парче домашен магнет и хардвер и закачен врат воопшто нема сличности во дизајнот со моделот Лес Пол со цврсто тело кој го продава Гипсон.

Конструкција

1. Глава 1.1 Штимер 1.2 Потпирна прачка 1.3 Упатувач на жици 1.4 Држач за жици 2. Врат 2.1 Гриф 2.2 Гравури 2.3 Фретови 2.4 Зглоб на вратот 3. Тело 3.1 Магнет на вратот 3.2 Магнет на мостот 3.3 Седла за жици 3.4 Мост 3.5 Жичници 3.6 Вибрато-шипка 3.7 Копче за магнети 3.8 Копчиња за контрола и гласност 3.9 Излезен приклучок 3.10 Копче за прерамка 4. Жици 4.1 Бас-жици 4.2 Пискави жици

Дизајнот и конструкцијата на електричната гитара варираат од формата на телото до конфигурацијата на вратот, мостот и магнетите. Сепак, некои особини ги има кај сите електрични гитари. Сликата покажува разни делови кај електричната гитара како главата со штимерите, држачот на жици. Фретовите се тенки метални ленти кои ја запираат жицата на правиот тон кога гитаристот ќе ја притисне жицата за грифот. Потпирната прачка вообичаено е приспособлива метална прачка која ја држи под контрола затегнатоста на жиците за вратот да остане прав. Гравурите послужуваат за ориентација на нотите за гитаристот.

Вратот и грифот се издолжуваат од телото на гитарата и се споени кај зглобот на вратот со лепило или шрафови. Жиците кои вибрираат на магнетното поле од магнетите произведуваат електрична струја во спиралата на магнетот која минува низ контролите за гласност и тон до приклучокот.

Некои гитари имаат фиксиран мост а други имаат вибрато шипка со која гитаристите можат да ги виткаат нотите или акордите. Пластичен штитник го штити телото на гитарата од гребаници. Многу луѓе веруваат дека цврстото дрво од кое е изградено телото на гитарата влијае на засилувањето на звукот. Според едни разликата меѓу дрвата е голема, според други едвај се приметува. Кај акустичните и гитарите со свиткан врв разликата е поочигледна.

Типичните тела од цврсто дрво се градат од евла, пенсилваниски јасен, махон, топола и липа. Јаворот е популарно но тешко дрво за тело на гитара. Поевтините гитари се прават од иверица, бор или агатис, кои не се цврсти дрва, што влијае на тонот и трајноста. Иако повеќето се прават од дрво, за правење гитари може да се искористи каков било материјал, пластика, метал дури и картон се користел при правење гитари.

Приклучокот типично е за моно сигнал, но многу гитари имаат стерео приклучоци. Стерео приклучокот поретко се наоѓа, а кај стерео гитарите магнетите од вратот и мостот најчесто се насочени кон различни излези на гитарата. Тогаш стерео кабел ги насочува кон својот засилувач.

Магнети Во споредба со акустичната гитара, која има шупливо тело, електричната прави многу послаб звук кога ќе се затегнат жиците и затоа се поврзани со засилувач. Кога се свири електричната гитара, движењето на жиците произведува мала електрична струја во магнетите кои имаат навои со многу тенка жица. Сигналот поминува низ колото на контролите за тон и гласност до излезниот приклучок и преку кабел до засилувачот. Поттикнатата струја е правопропорционална со дебелината на жицата и движењето над магнетите.

Бидејќи во повеќето случаи подобро е да се изолираат магнетите со навои од ненамерните внатрешни вибрации тие се опкружуваат со восок, политура или смола за да се спречи микрофонскиот ефект на магнетот.

Поради нивните природни индукциски квалитети, сите магнети кај електричната гитара примаат амбиенти, најчесто електромагнетни пречки (ЕМИ). Како резултат се добива шум кој е многу гласен кај магнети со еден навој, уште полошо кај повеќето старомодни електрични гитари каде нема доволно заштита од овие ЕМИ. Најчеста појава е 60 херцниот шум од куќните жици и слично. Бидејќи целата звучна опрема поврзана со електричните гитари мора да биде вклучена останува технолошки предизвик да се намали или елиминира несаканиот шум.

Магнетите со двоен навој или таканаречените хамбакери (humbucker) се појавуваат како еден од начините да се намали овој несакан шум. Хамбакерите имаат два навои со спротивни магнетни и електрични поларитети за да произведат диференцијален сигнал. Електромагнетната врева која еднакво ги погодува двата навои се стреми да го направи сигналот позитивен кај едниот навој и негативен кај другиот навој, со што ќе се намали вревата. Високата индукција од двата навои носи побогат, подебел тон кој станува заштитен знак на хамбакерите.

Пиезоелектричните магнети се составени од сендвич од кварцен кристал или друг пиезоелектричен материјал позициониран под седлата за жици или држачот за жици. Овие направи одговараат на притисокот од вибрациите на овие точки.

Оптички магнети се вид на магнети кои со помош на инфраред ги регистрираат вибрациите на жиците и телото и не се осетливи на ЕМИ.

Некои хибридни електрични гитари имаат дополнителен микрофон, пиезоелектрика, оптика и други видови на трансдуцери кои го приближуваат тонот до оној на акустичната и ја прошируваат соничната палета на електричната гитара.

Вратови Има различни видови на форми и градби кај вратовите на електричните гитари. Должината на вратот во која жиците вибрираат кај типичен Фендер е 65 сантиметри, додека Гипсон користи врат од 63 сантиметри кај нивните Лес Пол електрични гитари.

Фретовите се ставаат пропорционално низ должината на вратот, па колку е пократка должината на вратот, помал е просторот на фретовите. Популарното мислење е дека подолг врат придонесува за поголема амплитуда, но тоа е различно за многу луѓе.

Постојат склопени, зашрафени и долж телото на гитарата. Склопените вратови се залепени за телото на гитарата и наводно имаат потопол тон и поголемо одржување на ноти. Тоа е најтрадиционалниот вид на спојување врат и тело на гитара. Лео Фендер е пронаоѓач на зашрафените вратови за полесно приспособување и замена.

Инструментите со врат долж телото се познати по подолгото одржување на ноти и нивната цврстина. Додека склопениот врат може да се одлепи и зашрафениот може да се отшрафи, вратовите долж телото се многу тешки, дури и невозможни за поправка, зависно од штетата. Историски најпопуларен врат е зашрафениот поради лесната инсталација и приспособување. И поради тоа што лесно се вадат, постои посебен пазар за вакви вратови од компании како Warmoth и Mighty Mite. Моделите на Гипсон сè уште се прават со склопени/залепени вратови. Вратовите долж телата се најзастапени кај бас гитарите.

За изградба на вратовите се одбираат материјали кои се истакнуваат со нивната димензионална стабилност и закоравеност и затоа се претпочита цврсто дрво како јавор, махон, јасен, а грифот се прави од различен вид на дрво најчест јаворов врат оди со гриф од палисадрово дрво или абонос. Во 1970-тите дизајнерите како Џон Велено, Тревис Бин, Џоф Гулд и Алембик Инк почнуваат да користат егзотични рачно направени материјали како алуминиум за авиони, јаглеродно влакно и ебонол, материјал сличен на абоносот.

Покрај можните инженерски предности, некои веруваат дека со растењето на цената за дрвата за инструменти, рачно направените материјали може да бидат поекономични и поеколошки. Меѓутоа дрвото е сè уште најпопуларен материјал за производство на инструменти, иако понекогаш помешано со новите материјали. Vigier Guitars при производството користи дрвен врат зајакнат со додавање на мала прачка од јаглеродни влакна наместо вообичаената челична шипка. Посебните вратови за зашрафување се прават целосно од јаглеродни влакна. Многу малку доказ постои за влијанието на различните материјали на звукот на електричната гитара.