Илчо Наумоски (роден на 29 јули 1983 во Прилеп, Југославија) — македонски фудбалер кој игра за Вардар во македонското фудбалско првенство и за фудбалската репрезентација на Македонија.

Клупска кариера Наумоски својата фудбалска кариера ја започнал во австрискиот клуб Грацер. Својот прв погодок во Австриската Бундеслига го постигнал на 17 август 2002 година во натпреварот против Рапид Виена кој завршил со резултат 1-1. Во премиерната сезона во Австриската Бундеслига тој одиграл 12 натпревари и постигнал пет голови, а клубот го освоил второто место во лигата. Следната сезона Наумоски играл во Лигата на Шампионите каде бил елиминиран во последното - трето квалификационо коло од Ајакс. Во 2004 година, со Грацер, Наумоски ја освоил двојната круна (Австриската Бундеслига и Австрискиот Куп). Во двете сезони во Грацер, тој одиграл 22 натпревари и постигнал осум голови.

По две неуспешни сезони, најпрво во турски Малатијаспор, а потоа и во италијанскиот калчолигаш Катанија , тој повторно се вратил во Австрија, овојпат во Матерзбург. Во Матерзбург, Наумоски за многу кратко време станал клучен играч на клубот.

Во август 2013, Наумоски потпишал едногодишен договор со Интер Баку во азербеџанското фудбалско првенство, со можност на продолжување на договорот на уште една година. Откако за клубот одиграл само 4 натпревари на кои не постигнал погодок, договорот на Наумоски бил предвреме раскинат. На почетокот на 2014, во зимскиот преоден рок, Наумоски како слободен играч потпишал за Вардар Скопје.Илчо Наумоски е ново засилување на Вардар telegraf.mk, 21 јануари 2014

Кариера во репрезентативниот дрес Наумоски својот прв натпревар за Македонската фудбалска репрезентација го одиграл на 9 февруари 2003 година во пријателски натпревар против Хрватска кој завршил со резултат 2-2. Првиот погодок за репрезентацијата го постигнал на 20 август истата година на пријателски натпревар во Прилеп против Албанија. Натпреварот завршил со резултат 3-1 во корист на Македонија.

Голови # Дата Место Противник Резултат Исход Натпреварување 1 20 август 2003 Прилеп 3–1 Победа Пријателски натпревар 2 11 октомври 2006 Андора ла Веља 3–0 Победа Квалификации за ЕП 2008 3 7 октомври 2007 Скопје 3–0 Победа Квалификации за ЕП 2008 4 17 ноември 2007 Скопје 2–0 Победа Квалификации за ЕП 2008 5 20 август 2008 Луксембург 4–1 Победа Пријателски натпревар 6 6 септември 2008 Скопје 1–0 Победа Квалификации за СП 2010 7 3 март 2010 Скопје 2–1 Победа Пријателски натпревар 8 7 септември 2010 Скопје 2–2 Реми Квалификации за ЕП 2012 9 8 октомври 2010 Андора ла Веља 2–0 Победа Квалификации за ЕП 2012

Постигнувања ФК Грацер Австриска Бундеслига: 1 2004 Австриски Куп: 1 2004

Наводи

Надворешни врски Ilco Naumoski profile at svm.at

Profile at MacedonianFootball.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Фудбалери од Прилеп Категорија:Фудбалери на ФК Матерсбург Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје)