Горка Вердуго Маркотегуи (; р. во Ечари-Аранац, Навара) — шпански професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата .

Тој нема освоена ниедна трка, но го направил неговото деби на Џиро д’Италија во 2005 (86.) и го имал првиот настап на Тур де Франс во 2006 (75.). Негов највисок пласман на Тур де Франс бил во 2010 (36.), меѓутоа и покрај тоа што успеал 6 пати да ја заврши трката, никако не успеал да биде во првите десет на некоја етапа. Сметан како лојален член на екипата, негов најдобар личен резултат бил на етапата 16 на Тур де Франс 2007, кога со бегството успеал да добие доволно бодови во планинскиот пласман да заврши 11. на крај во Париз. Завршил 11. во генералниот пласман на Вуелта а Еспања 2012, забележувајќи го најдобриот пласман на Гранд Тур трка.

Достигнувања

2006 10. Краен пласман Класика а Алкобендас 2008 5. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсија 7. Краен пласман Париз-Ница 10. Краен пласман Волта а Каталуња 10. Субида а Уркиола 2009 8. Класика Примавера 2012 3. Гран Пиемонт 11. Краен пласман Вуелта а Еспања 2013 7. Пруеба Вилјафранка де Ордизија

Распоред на резултатите на Гранд Тур

Гранд Тур200520062007200820092010201120122013201420п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро68———————64—20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур—744770603524СО——20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта—————83361163—

СО = се откажал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1978 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шпански велосипедисти Категорија:Наварски велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Тур де Франс