Call of Duty: Modern Warfare 2 (исто така нарекувана Call of Duty: MW3, Modern Warfare 3, Call of Duty 8 или едноставно MW3) — пукачка игра од прво лице изработена од страна на Infinity Ward, Sledgehammer Games во соработка со Raven Software и објавена од страна на Activision за Microsoft Windows, PlayStation 3 и Xbox 360. Ова е осмата игра во серијалот, третата игра во Modern Warfare трилогијата и е директно продолжение на Call of Duty: Modern Warfare 2.

Играта беше пуштена во продажба на 8 ноември 2011 година за Microsoft Windows, Xbox 360, PlayStation 3, и за Wii, со посебна верзија за Nintendo DS изработена од n-Space. Во Австралија, Wii верзијата беше пуштена во продажба на 23 ноември 2011 година. Во првите 24 часа од пуштањето во продажба, играта продаде 6.5 милиони копии само во САД и Велика Британија и заработи околу 400 милиони долари, правејќи ја најголемата продажба на сите времиња за првите 24 часа.

Гејмплеј

Како и нејзините претходници, Modern Warfare 3 е пукачница од прво лице. На Gamescom 2011, Activision потврди дека PC верзијата на Modern Warfare 3 ќе поддржува dedicated опслужувачи.

Кампања Играчот ја зазема улогата на различни карактери во текот на сингл-плеер кампањата, менувајќи перспективи низ приказната, која, како и во нејзините претходници, е поделена на три сета на мисии, наречени "Чинови". Секоја мисија во чиновите, е составена од серија на цели, кои се прикажани на HUD-от, кој ја обележува насоката и растојанието од и до целите. Штетата нанесена на играчот е прикажана преку количеството на крв на HUD-от. Здравјето на играчот се регенерира со текот на времето. Целите во мисиите се разликуваат според нивните побарувања, движејќи се од пристигнување на некое место, елиминарање на непријатели на означена локација, бранење на локацијата од непријателски ескадрони, управување со мини-ган и други оружја и поставување експлозиви на непријателски инсталации.

Кооперативен мод Modern Warfare 3 прикажува нов мод, наречен Преживувачки мод (анг. Survival Mode. Овој мод можат да го играат еден или двајца играчи, борејќи се со бесконечни бранови на непријатели, со што, секој нареден бран е потежок е претходниот. Овој мод е достапен на сите мултиплеер мапи. Играчот заработува пари за оружја, муниција, надградби, воздушна/земјена поддршка и опрема. Special Ops модот се враќа од Modern Warfare 2. Во овој мод има предизвикувачки мисии, кои овојпат, наместо 69 (како во Modern Warfare 2), имаат 48 ѕвездички. Некои оружја во Spec Ops се ексклузивни за тој мод, и ги нема во мултиплеерот.

Мултиплеер thumb|right|Новата "Recon Juggernaut" поинтстрик награда во мултиплеер модот. Целиот Килстрик систем е преработен. Килстриковите се сега познати како Поинтстрикови, и убиствата веќе не се единствениот начин за да се зголеми поинтстрикот на играчот. Извршувањето на цели, како на пример, поставување на бомба во Пронајди и Уништи (анг. Search and Destroy) или заземањето на знамиња во Заземи го Знамето (анг. Capture the Flag) го наградува со бодови Поинтстрикот на играчот. Поинтстриковите сега се организирани во три strike packages наречени Assault, Support и Specialist.

Assault работи исто како Килстрик системот од Modern Warfare 2 и Black Ops: играчот мора да освојува сè повеќе и повеќе бодови без умирање. Кога играчот е убиен, неговите или нејзините бодови се ресетираат на 0. Исто така, Specialist ги наградува играчите со перкови после секое второ последователно убиство. По смртта, играчот ги губи сите перкови и бодовите се ресетирани на нула. Обратно од нив, Support наградува врз основа на сите бодови освоени во текот на мечот, без разлика колку пати е убиен играчот. Мора да се напомене дека, доколку играчот одбере друга класа со различен strike package во текот на мечот, сите бодови се ресетирани на 0.

Неколку контроверзни перкови од Modern Warfare 2 се отстранети од Modern Warfare 3. "Нуркањето", од станувачка во лежечка позиција, познато како "делфинско нуркање" е отстрането, поради проблеми во балансирањето. Modern Warfare 3 го користи системот за "топла/брза поправка" (анг. hot fix) на Treyarch за поправа на багови и гличови. Во Modern Warfare 3 е вклучена локална и он-лајн опција за "сплит-скрин".

Неколку нови мултиплеер модови се претставени во Modern Warfare 3: "Потврдено Убиство" (анг. "Kill Confirmed") е мод каде што играчот треба да собере лебдечки дог таг (анг. dog tag) од трупот на убиениот непријател пред убиството да биде регистрирано. Сепак, спротивниот тим исто така може да го собере дог тагот за да го негира убиството. "Бранител на Тимот" (анг. "Team Defender") е мод каде што двата тима се обидуваат да го земат знамето од првиот играч кој ќе биде убиен откако мечот ќе почне. Тој тим којшто го има знамето, добива дупли бодови за секое убиство, додека другиот тим добива бодови по дифолт.

Приватните мечеви сега вклучуваат нови модови: "Инфицирани" (анг. "Infected") - каде што инфицираните ги убиваат непријателите за ги регрутираат во нивниот тим, "Тим Џугернот" (анг. "Team Juggernaut") - каде што секој тим игра со Џугерноти со AI (вештачка интелегенција), "Gun Game" - каде што играчот со секое ново убиство добива и ново оружје, "Еден во Комората" (анг. "One in the Chamber") - каде што секој играч има пиштол со еден куршум и три животи, а куршум се добива со убиство на играч) и "Џугернот" (анг. "Juggernaut") - каде што секој игра за себе против Џугернот и играчот треба да го убие за да стане ист таков. Исто така, на играчите им е дозволено да направат свои модови со прилагодени опции, како на пример, бројот на играчите и временскиот лимит.

Наводи

Надворешни сајтови

Call of Duty: Modern Warfare 3 на Call of Duty wiki

Категорија:Ликови од Call of Duty: Modern Warfare 3 Категорија:Видеоигри од 2011 година Категорија:Игри на Activision Категорија:Call of Duty Категорија:Воени видеоигри Категорија:Пукачки игри од прво лице Категорија:Видеоигри со здружена игра Категорија:Групни семрежни игри Категорија:Продолженија на видеоигри Категорија:Видеоигри од САД Категорија:Видеоигри што се одвиваат во САД Категорија:Видеоигри што се одвиваат во Сомалија Категорија:Видеоигри што се одвиваат во Русија Категорија:Видеоигри што се одвиваат во Чешка Категорија:Видеоигри што се одвиваат во Франција Категорија:Видеоигри што се одвиваат во Германија Категорија:Видеоигри што се одвиваат во Сиера Леоне