Македонци во Австралија или Австралиски Македонци — едно од поголемите етнички малцинства во државата со над 100.000 припадници. Според ОМД во Австралија има околу 200.000 Македонци. Најголема имиграција на Македонците има за време на Грчката граѓанска војна и Втората светска војна. Исто така голем број на миграции од Македонија во Австралија има во 60-тите и 70-тите години на XX век.

Население

На пописот од 2011 година, 40.222 жители на Австралија се наведени како родени во Република Македонија.https://www.vic.gov.au/sites/default/files/2019-08/FYR-of-Macedonia-Community-Profile-2016-Census.pdf Link needs to be updatedВкупно 93.570 жители се изјасниле со македонско потекло, или сами или во комбинација со друго потекло. Total responses: 25,451,383 for total count of persons: 19,855,288. Link needs to be updated Дополнително, 68.843 жители зборувале македонски дома. Во 2001 година, Македонија била 26-то најзастапено родно место во Австралија.

Наводи