Карстен Крон (; р. во Дален) — поранешен холандски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 1997-2014 година. Се повлекол од трките на крајот на сезоната 2014.http://www.cyclingnews.com/news/nuyens-set-to-announce-retirement
Кариера
Крон го покажал неговиот талент како аматер со освојувањето на професионалната Трка околу Дренте во 1996. Тој му се приклучил на младинскиот состав на во 1997 и освоил голем број аматерски трки во наредните две години. Во 1999, му се придружил на сениорскиот состав. Имал неколку победи, меѓу кои етапата 8, на Денот на Бастилја, на Тур де Франс 2002. Крон и неговиот сонародник, Ерик Декер, завршиле заедно во група од седум луѓе, но Крон ја освоил етапата на неговиот прв Тур де Франс со помошта на поискусниот Декер.Крон однесе етапна победа, ББС Спорт, 14 јули 2002 Крон ја носел маичката за планински пласман на секоја од трите големи трки, иако неговото водство не траело до крајот.
На 10 август 2005 изјавил дека, до 2007 ќе вози за Саксо Банк. Тој сакал повеќе слобода. „Никогаш не сум рекол дека сакам да бидам водач“, рекол за CyclingNews.com, „Единствено сакам да добивам шанси“.Крон за CSC, CyclingNews.com, 10 август 2005 Во март и април 2006, тој бил заеднички екипен капетан за ProTour трките. Завршил во првите десет на Тирено-Адријатико и Трката околу Фландрија. Му помогнал на Френк Шлек да победи на Амстел Голд Рејс со растурањето на потерата, кога Шлек нападнал; Крон завршил четврти.Мешана среќа за Крон и Богерд, Pro Cycling, 17 април 2006 На крајот, Крон завршил на подиум на Флеш Валон, бил трет пред Шлек. Тој исто така бил втор на Амстел Голд Рејс 2009, веднаш зад Сергеј Иванов.
Во 2010, Крон му се приклучил на , но се вратил во за сезоната 2012.
Достигнувања
1996 1. Трка околу Дренте 1997 1. Вламсе Пајл 1. Етапа 2 Сиркут Франко-Белж 1998 1. Краен пласман Стер дер Белофтен 1. Етапа 2 1. Етапа 6 Сиркут дес Минес 1. Етапа 2 Трка околу Навара 1. Етапа 3 Трка околу Навара 1. Етапа 2 Вуелта а Леон 1999 10. Класика де Алмерија 2001 1. ГП Кантон Аргау 3. Шпаркасен Џиро Бохум 9. Брабант Пејл 2002 1. Етапа 8 Тур де Франс 2003 1. Етапа 5 Тур ду Поату 2004 1. Трка околу Франкфурт 2005 5. Брабант Пејл 9. Омлоп Хет Волк 2006 Трка на три земји 1. Етапа 2 1. Етапа 5 3. Флеш Валон 4. Амстел Голд Рејс 8. Трка околу Фландрија 2007 4. Трка околу Фландрија 2008 1. Етапа 2 Вуелта а Кастиља и Леон 1. Етапа 5 Трка околу Саксонија 1. Трка околу Франкфурт 5. Џиро ди Ломбардија 9. Амстел Голд Рејс 2009 2. Амстел Голд Рејс 2. Трка околу Франкфурт 4. Курне-Брисел-Курне 5. Брабант Пајл 2010 9. Амстел Голд Рејс 2012 5. Краен пласман Тур де л’Еврометропол
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1976 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2004 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Холандски велосипедисти Категорија:Холандски етапни победници на Тур де Франс Категорија:Олимписки велосипедисти на Холандија Категорија:Луѓе од Куворден