Елче () или Ељч — град во Шпанија во автономната заедница Валенсија и во покраината Аликанте. Според пописот во 2009 година, во Елче живеат 230.112 жители, рангирајќи го градот како трет најнаселен град во Валенсија, веднаш по градовите Аликанте и Валенсија и 20-ти во Шпанија.

Дел од општината е крајбрежен, но главниот град е оддалечен околу 11 км. од Средоземното Море. Мала река наречена Виналопо тече низ градот, разделувајќи го на два дела.

Градот е познат по своите градини со палми, а најголемата Ел Палмерал, од 2000 година е под заштита од УНЕСКО

Елче е исто така дом на фудбалскиот клуб „Елче“.

Стопанство Економијата во Елче е заснована, во најголем дел, на индустријата за чевли, со повеќе од 1000 фабрики за чевли, како еден од најважните центри за чевли во Шпанија и во остатокот од Европа. Постојат и други економски активности во градот како земјоделството (урми, маслинки, житарици, калинки), индустријата за гуми, трговијата и туризмот.

Во градот се наоѓаат и конференциски центар, меѓународен аеродром наречен Аеродром Аликанте како и државниот универзитет Мигел Еернандез и приватниот универзитет Карденал Херера.

Збратимени градови Касукабе, Јапонија, од 2010 Оран, Алжир, од 1939 Тулуза, Франција, од 1981 Суботица, Србија, од 2004 Хака, Шпанија, од 1983

Поврзано Мистерија од Елче — позната средновековна драмска претстава заснована на Библијата

Наводи

Надворешни врски Виртуелна прошетка 360° на градот Елче Економски и социјални инфорамции за градот 2007 Ajuntament d'Elx , Градската сала на Елче Елче — статистика Turisme d'Elx, Официјален туристички водич Elche, Преглед на градот Cultura d'Elx, Мрежно место за културни настани FuturElx , Стратегиски насоки на градот Универзитет Мигел Ернандес Фестивал на уличната уметност Elx al Carrer

Категорија:Општини во Аликанте Категорија:Градови во Шпанија