Марсел Кител (; р. ) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2011-2019 за екипите , и .
Како јуниор се насочил кон хронометрите, освојувајќи и бронзен медал на Светските првенства до 23 години. Кога станал професионалец во 2011 година, се насочил кон масовните спринтови и има освоени 19 етапи на секоја од трите големи трки, како и вкупно 89 победи во неговата професионална кариера.
По повлекувањето работи како амбасадор за велосипедските брендови Ендура и Роус.
Кариера Скил-Шимано (2011–2015) 2011
Кител го имал својот прв професионален настап во 2011 година со холандската екипа . Познат како специјалист за хронометри во тоа време, го освоил масовниот спринт на Тур де Лангкави. По успехот одлучил да стане спринтер. Потоа, освоил четири од петте етапи на Четири дена Денкерк, сите во масовни спринтови. Кител ја освоил својата прва етапа во Светската турнеја, победувајќи на воведната етапа на Трката околу Полска, каде освоил уште три други етапи. Исто така, го имал својот прв настап на некоја голема трка на Вуелта а Еспања, каде ја освоил седмата етапа поразувајќи ги Петер Саган и Óscar Freire. He finished the season off by winning two stages at the Herald Sun Tour. Kittel became the second most winning rider in 2011 - with 17 wins.
2012
Кител го направил своето деби на Тур де Франс во 2012 година, кога бил избран како водач на својата екипа за Тур де Франс 2012. Меѓутоа, се откажал на етапата 5, откако добил стомачен вирус уште на етапата 2, четврто откажување на Тур 2012. Повторно се вратил на трките на почетокот на август, кога ја освоил првата етапа на Енеко Тур, прва трка по неговото враќање. Единствен возач кој се натпреварувал со него во масовниот спринт бил Французинот Арно Демар (). На етапата 3 го следела лоша среќа, кога се здобил со механички проблеми на 5 километри пред целта, Кител победил повторно на етапата 4. Им се заблагодарил на колегите Том Велерс и Џон Дегенколб за нивната работа во последните километри, кога го довеле до целта и го штителе од ветрот. На крајот на 2012, кога велосипедистичкиот свет бил потресен од допинг скандалот на Ленс Армстронг, Кител зазел антидопинг став и изјавил дека му е доста од луѓето кои сè уште го бранат Армстронг во велосипедистичкиот свет.
2013
Во 2013 година, екипата на Кител била унапредена во елитната дивизија на спортот и добила статус на UCI World Tour екипа. Кител ја освоил првата етапа на Трката околу Оман во масовен спринт, негов прв успех на сезоната. На Тур де Франс 2013, Кител покажал неверојатен успех за спринтер. Завршил прв на првата етапа на Тур во Корзика и потоа ја презел првата жолта маичка на 100. издание на Тур де Франс. Меѓутоа, ја загубил жолтата маичка следниот ден од Јан Бакелантс од . Кител не ставил крај на трката, па така тој победил на десеттата и дванаесеттата етапа. На последната етапа, Кител повторно триумфирал на Шанзелизе; ставајќи крај на четиригодишната победничка низа на возачот на Марк Кевендиш. Завршил на четвртото место во бодовниот пласман.
2014
Кител ја започнал сезоната 2014 со победа на три етапи по ред на Тур Дубаи. На третата етапа успеал да премине преку две кратки искачувања близу крајот на трката и го освоил спринтот во значително намалената група. На Џиро д’Италија 2014, Кител ги освоил втората и третата етапа пред да ја напушти трката по завршувањето на третата етапа. Го повторил подвигот од минатата година на Тур де Франс, откако ја освоил првата етапа и ја облекол жолтата маичка, но ја изгубил од Винченцо Нибали веќе на наредната етапа. Меѓутоа, Кител ги освоил втората и третата етапа. Исто така, ја освоил и последната етапа на Шанзелизе повторувајќи го успехот од 2013 година во Париз. Во септември, Кител ја освоил воведната етапа на Трката околу Британија, претекнувајќи ги Никола Руфони и Марк Кевендиш. Исто така ја освоил завршната етапа победувајќи го истиот двоец.
2015
Во јануари, Кител победил на Даун Андер Класик во Австралија втора година по ред. Кон крајот на април учествувал на само две трки: Тур Даун Андер и Трката околу Катар. Не учествувал на ниеден спринт на овие трки, бидејќи фатил вирус. Се вратил со натпреварување во мај на Тур де Јоркшир, но отпаднал по извозени 100 километри на првата етапа. Се очекувало да настапи на Трката околу Калифорнија, но се повлекол неколку дена пред трката, наведувајќи повторно болест. Возел на Стер ЗЛМ Тур, но не успеал да заврши помеѓу првите десет на некоја етапа. На крајот на јуни било објавено дека Кител нема да учествува на Тур де Франс, бидејќи неговата форма не била добра. „Не добивајќи номиниран (за Тур) е без сомнение најтешкото време во мојата кариера“, изјавил Кител ден по објавата.
Етикс-Квик-Степ (2016–2017)
Во октомври било објавено дека потпишал двегодишен договор со од 2016 година, откако го ослободиле од неговиот договор една година порано.
2016
мини|Кител на почетокот на Милано-Санремо 2018
На Трката Дубаи, прва трка во сезоната за него, освоил две етапи, како и генералниот и бодовниот пласман. Продолжил со успесите на португалската трка Волта ао Алгарве, освојувајќи ја првата етапа со значајна разлика пред Андре Грајпел. Исто така, ја освоил четвртата етапа и бодовниот пласман.
2017
Кител освоил пет етапи на Тур де Франс, со што стигнал до 14 етапни победи на Тур де Франс.
Тим Катјуша-Алпесин (2018–2019) 2018
Трета година по ред избрал да ја започне сезоната на Трката Дубаи. Меѓутоа, овој пат не освоил ниту една етапа. Кител освоил две победи во сезоната 2018, обете на Тирено-Адријатико.
2019
Кител силно ја започнал сезоната 2019, освојувајќи го Трофео Палма, дел од Предизвикот Мајорка, и остварувајќи второ место на Класика де Алмерија. Го напуштил составот на екипата на Трката околу Калифорнија и Тур де Јоркшир, наведувајќи здравствени причини. На 9 мај 2019 година, неговиот договор со бил прекинат. Ова било заедничка одлука на управата на екипата и Кител, кој сакал да се повлече од професионалниот велосипедизам поради премореност.
Кител го објавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам на 23 август 2019 година.
Достигнувања
2004 1. 20п Национално младинско друмско првенство 2005 1. 20п Светско јуниорско хронометарско првенство 2. Национално јуниорско хронометарско првенство 2006 1. 20п Светско јуниорско хронометарско првенство Национални јуниорски друмски првенства 1. 20п Хронометар 1. 20п Екипен хронометар 1. Етапа 3a (ITT) Трофео Карлсберг 2007 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 1. Етапа 4 Трка околу Бранденбург 2008 1. Гросер Зилбер-Пилс Прајс 1. Меморијал Давиде Фардели 2. Краен пласман Трка околу Бранденбург 1. Етапа 5 2009 1. 20п Европско хронометарско првенство под 23 години 1. Етапа 6 Трка околу Тирингија под 23 години 4. Светско хронометарско првенство под 23 години 4. Класик Нојзен 6. Ла Кот Пикард 7. Краен пласман Флеш ди Сид 1. Етапа 1 1. Етапа 3 8. Краен пласман Триптих на планините и замоците 9. Краен пласман Тур ди О-Анжу 1. Етапа 4 2010 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години Тур де Мозел 1. Етапа 2 1. Етапа 4 2. Краен пласман Трка Мајнфранкен 3. 15п Светско хронометарско првенство под 23 години 3. Краен пласман Фестнингсритет 1. Етапа 2 3. Меморијал Давиде Фардели 2011 1. 20п Краен пласман Делта Тур Зеланд 1. Етапа 1 1. Прорејс Берлин 1. Фландриско првенство 1. Минстерланд Џиро 1. Амстел Курасао Рејс Четири дена Динкерк 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Етапа 5 Трка околу Полска 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Етапа 7 Хералд Сан Тур 1. Етапа 3 1. Етапа 5 1. Етапа 5 Тур де Лангкави 1. Етапа 7 Вуелта а Еспања 2. Трка околу Келн 3. Трофео Палма де Мајорка 6. Трофео Кала Милор 2012 1. Схелдепрајс 1. Омлоп ван хет Хутланд 1. Минстерланд Џиро Стер ЗЛМ Тур 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 4 Енеко Тур 1. Етапа 1 1. Етапа 4 Трка околу Оман 1. Етапа 3 1. Етапа 6 Тур де л’Еврометропол 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Етапа 2 Три дена Де Пане 1. Етапа 2 Етоал де Бесеж 2. Класик Хандзаме 3. Гран при де Фурмје 7. Гран при Импанис-Ван Петегем 2013 1. 20п Краен пласман Тур де Пикарди 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 3 1. Схелдепрејс 1. Омлоп ван хет Хутланд 1. ПроРејс Берлин Тур де Франс 1. Етапа 1 1. Етапа 10 1. Етапа 12 1. Етапа 21 Трка околу Турција 1. Етапа 1 1. Етапа 7 1. Етапа 8 1. Етапа 2 Париз-Ница 1. Етапа 1 Трка околу Оман 6. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур 1. Етапа 2 2014 1. Даун Андер Класик 1. Схелдепрејс Тур де Франс 1. Етапа 1 1. Етапа 3 1. Етапа 4 1. Етапа 21 Џиро д’Италија 1. Етапа 2 1. Етапа 3 Трка околу Британија 1. Етапа 1 1. Етапа 8b 1. Етапа 1 Стер ЗЛМ Тур 5. Краен пласман Три дена Де Пане 6. Краен пласман Тур Дубаи 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Етапа 4 6. Ватенфал Класик 2015 1. Даун Андер Класик Трка околу Полска 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 6. Трка околу Келн 2016 1. 20п Светско првенство во екипен хронометар 1. 20п Краен пласман Трка Дубаи 1. 20px Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 4 1. Схелдепрејс 1. Гран при де Фурмје Џиро д’Италија 1. Етапа 2 1. Етапа 3 Волта ао Алгарве 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 4 1. Етапа 1 Тур де Романди 1. Етапа 3а Три дена Де Пане 1. Етапа 4 Тур де Франс 3. Национално друмско првенство 2017 1. 20п Краен пласман Трка Дубаи 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 5 1. Схелдепрејс Тур де Франс 1. Етапа 2 1. Етапа 6 1. Етапа 7 1. Етапа 10 1. Етапа 11 1. Етапа 1 Трка околу Калифорнија 1. Етапа 2 Трка Абу Даби 1. Етапа 3а Три дена Де Пане 1. Етапа 4 Стер ЗЛМ Тур 4. Минстерланд Џиро 2018 Тирено-Адријатико 1. Етапа 2 1. Етапа 6 5. Трка околу Келн 2019 1. Трофео Палма 2. Класика де Алмерија
Распоред на резултати на големите трки
20112012201320142015201620172018Џиро ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНС-4 ДНЕ ДНС-9 ДНЕ ДНЕОсвоени етапи — — — 2 — 2 — —Бодовен пласман — — — — — — — —Тур ДНЕ ДНФ-5 166 161 ДНЕ 166 ДНФ-17 ДНФ-11Освоени етапи — 0 4 4 — 1 5 0Бодовен пласман — — 4 4 — 2 — —Вуелта ДНФ-12 ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕОсвоени етапи 1 — — — — — — —Бодовен пласман — — — — — — — —
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Германски велосипедисти Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Луѓе од Арнштат Категорија:Германски етапни победници на Тур де Франс Категорија:Етапни победници на Шанзелизе на Тур де Франс Категорија:Германски етапни победници на Џиро д’Италија