Џереми Метју Воринер (англ. Jeremy Matthew Wariner) е американски атлетичар, олимписки и повеќекратен светски првак во трката на 400 метри. Тој освоил златен медал на Летните олимписки игри 2004 на трката на 400 метри, како и на штафетната трка 4 x 400 метри со американскиот тим. На Летните олимписки игри 2008 тој освоил сребро на трката на 400 метри заостанувајќи само една стотинка зад неговиот сонародник и најголем соперник Лешон Мерит, и освоил злато на штафетната трка 4 x 400 метри со американскиот тим. Тој е исто така освојувач на 5 злата на светските првенства.
Најдобри времиња ДисциплинаВреме (секунди)МестоДата200 метри20.19 сКарсон, Калифорнија, САД21 мај, 2006300 метри31.61 сОстрава, Чешка12 јуни, 2008400 метри43.45 сОсака, Јапонија31 август, 2007400 метри (сала)45.39 сФејтвил, Арканзас, САД13 март, 2004
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Џереми Воринер
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Американски атлетичари