Спортскиот Центар Чаир, уште познат како Сала Чаир е мултифунционална спортска сала која се наоѓа во градот Ниш, Србија. Сместивоста на салата изнесува 5,000 места за спортски натпревари и 6,500 места за концерти.

Реконструкција Спортскиот центар бил целосно реновиран во 2011 година, откако било утврдено дека салата не ги исполнува критериумите за да биде домаќин на една од групите за Европското ракометно првенство 2012.Завршена „чаирска лепотица“, www.politika.rs, 22.09.2011. Реконструкцијата на салата се извршила според највисоките европски стандарди и критериуми доставени од страна на ЕХФ, правејќи ја салата најмодерна во Србија. Салата добила нов модерен интериер, нов систем на климатизација, модерно осветлување, нови соблeкувални, медицински блок, нови телескопски трибини, како и два големи семафори и дури четири мали.Реконструкција Хале Чаир, www.niscafe.com Хала Чаир, реконструкција, www.tvarenasport.com Сместивоста била зголемена за уште 500 места. Салата е целосно опремена за да може да биде домаќин на најголеми спортски настани.

Натпреварувања Европско првенство во ракомет за мажи 2012 Европско првенство во ракомет за жени 2012 Светско првенство во ракомет за жени 2013

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место на СЦ Чаир Сала Чаир на мрежното место СЦ Чаир Податоци за салата

Категорија:Спортски зданија во Србија Категорија:Ниш Категорија:Медијана (Ниш)