Балиски јазик (Basä Bali) — јазик од поширокото малајско-полинезиски семејство кој го говорат 3,3 милиони луѓеПодаток од 2000 г. на индонезискиот остров Бали, на северот на Пенида, западниот дел на Ломбок и источна Јава.Ethnologue Највеќето говорници на балискиот го владеат и индонезискиот јазик.
Во 2011, Културната агенција на Бали објавила дека на островот Бали нема повеќе од 1 милион жители што го користат балискиот јазик во секојдневниот живот бидејќи во градовите родителите говорат само на индонезиски (па дури и англиски), а истиот има исчезнато од установите и медиумите. Најголемиот дел од населението не го владее и користи балиското писмо, а во секојдневието, јазикот се употребува смешан со индонезиски. Меѓутоа, иселениците во други подрачја вон Бали го користат јазикот во изворен облик и затоа тие играат важна улога во неговото зачувување.
Повисоките регистри на јазикот имаат многу заемки од јаванскиот. На Бали се користи и кави (стар облик на класичниот јавански) во богослужби, обреди и свечености.
Фонологија Самогласки Предни Средни Задни Затворени i u Средни e ə o Отворени a
Литературниот правопис ги означува обата гласа и со a. Меѓутоа, a обично се изговара како кога стои на крајот на зборот, а се јавува и во претставките ma-, pa- и da-.
Согласки УснениЗабниПредно-непчениЗадно-непчениГласилниИзбувниpbtdcɟkɡНосни m n ɲ ŋСтрујни s hТрепетни r Странични l Приближни w j
Акцент Акцентот во балискиот паѓа на последниот слог.
Граматика Зборовниот ред е сличен на индонезискиот, а глаголите и имениките исто така минимално се менуваат. Меѓутоа, изведувањето игра значајна улога и се користат наставки за определен и неопределен член, како и присвојност (по избор).
Регистри Балискиот има разни регистри зависно од односот кон и статусот на соговорникот: низок (basa ketah), среден (basa madia) и висок (basa singgih). Високиот се одликува со многу заемки од санскрит и јавански.
Бројки Јазикот користи декаден броен систем, но има и голем број на зборови за поединечни бројки како 45, 175 и 1600.
Писмо Балискиот денес се пишува на латиница, но порано се користело балиското писмо.
Балиско писмо мини|400п|сновни знаци од балиското писмо
Балиското писмо („чаракан“) е азбучнослоговно писмо (абугида) и води изворно потекло од индиското писмо брами и е речиси исто како јаванското. Најстариот пронајден запис на ова писмо датира од XI век, но денес само малку луѓе имаат познавања од него.Omniglot
Латиница Денес во улилиштата на Бали се изучува само латиницата, локално наречена Tulisan Bali.Јазиците на Бали – Bali Vision
Поврзано Јавански јазик Балиско-сасачки јазици Јазици во Индонезија
Наводи
Надворешни врски
Балиски јазик - Ethnologue Балиска дигитална библиотека
Категорија:Балиско-сасачки јазици Категорија:Јазици во Индонезија Јазик