Ајмар Зубелдија Агире (; р. во Усурбил, Баскија) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 1998-2017 година. Во текот на кариерата, Зубелдија забележал пет завршници меѓу најдобрите десет на Тур де Франс и една на Вуелта а Еспања.

Кариера

Зубелдија станал професионалец во 1998. Тој е постојан возач на UCI ProTour особено на големите трки и етапните трки. Неговата екипа го смета како силен искачувач и специјалист за хронометри.

Првиот успех го имал во 2000, кога завршил 2. на Критериум ду Дофине Либере во генералниот пласман и го освоил пласманот за млад возач. Завршил 4. на истата трка во 2002.

На Тур де Франс, највисокиот пласман на Зубелдија бил 5. во 2003 и повторно во 2007. На Тур 2003 имал неколку прекрасни завршници против Ленс Армстронг и Јан Улрих во планините и хронометарот. По овие силни настапни, тој завршил 15. и 8. на Тур де Франс во 2005 и 2006 соодветно. Завршил 16. на Тур де Франс 2011. Зубелдија се покажал силно на Вуелта а Еспања, каде завршил 10. двапати во 2000 и 2002.

И покрај високите пласмани, Зубелдија нема освоено ниедна трка во тој период; по неговата победа во 2000 на Вициклета Васка, поминало 10 години додека не победил повторно, до победата на Тур де л’Ен во 2010.

Во 2014 година, Зубелдија станал шпански возач со најмногу настапи на Тур де Франс, рекорд претходно држен од петкратниот победник Мигел Индураин и Хосе Висенте Гарсија. Во својата кариера, Зубелдија имал 29 настапи на големите трки - 16 на Тур де Франс, 12 на Вуелта а Еспања и 1 на Џиро д’Италија. Од нив завршил на 26 трки.

Достигнувања

2000 1. 20п Краен пласман Еускал Бициклета 2. Краен пласман Критериум ду Дофине 1. 20п Пласман за млад возач 10. Краен пласман Вуелта а Еспања 2001 7. Краен пласман Волта а Каталуња 2002 4. Краен пласман Критериум ду Дофине 1. 20п Пласман за млад возач 11. Краен пласман Вуелта а Еспања 2003 5. Краен пласман Тур де Франс 3. Краен пласман Вуелта а Мурсија 2004 3. Краен пласман Вуелта а Астурија 5. Краен пласман Еускал Бициклета 2005 7. Класика де Сан Себастијан 15. Краен пласман Тур де Франс 2006 8. Краен пласман Тур де Франс 8. Краен пласман Еускал Бициклета 10. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон 2007 5. Краен пласман Тур де Франс 2008 9. Класика де Сан Себастијан 2009 1. Етапа 4 Тур де Франс 3. Краен пласман Волта а Каталуња 8. Краен пласман Критериум ду Дофине 2010 1. 20п Краен пласман Тур де л’Ен 1. Пролог 4. Класика де Сан Себастијан 4. Гран при Монтреал 2011 8. Краен пласман Вуелта а Андалусија 16. Краен пласман Тур де Франс 2012 6. Краен пласман Тур де Франс 8. Краен пласман Вуелта а Андалусија 10. Краен пласман Критериум ду Дофине 10. Краен пласман Трка околу Баварија 2014 7. Класика де Сан Себастијан 8. Краен пласман Тур де Франс 2015 6. Краен пласман Трка околу Калифорнија 2017 10. Краен пласман Трка околу Калифорнија

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро — — — — — 49 — — — — — — — — — — — — 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур — 73 39 5 СО 15 8 4 44 25— 15 6 36 8 62 24 52 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта 10 43 11— 40— 34 44— 14— 25— СО СО 23 19 —

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Достигнува на Cycling Base

Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шпански велосипедисти Категорија:Баскиски велосипедисти