Брзозборките се зборовни конструкции тешки за изговор, се изговараат брзо и при брзиот изговор се прават грешки кои предизвикуваат весело расположение.Македонски јазик - Димитар Пандев, Милка Миноска, Стојка Даскаловска Во македонската литература брзозборки пишувале Васил Куноски, Рајко Јовчевски, Киро Донев и др.

Опис Брзозборката е необичен фолклорен жанр која претставува своевидна игра на зборови. Брзозборките се градат со поврзување на зборови кои се тешки за изговор и слични по својата звучност, често врз принципот на алитерацијата. Тематската страна на брзозборките не е важна, зашто тие служат за забава, за натревари во брз изговор или практично вежбање за брзо зборување. Оттука, во нив преовладува духовитоста. Од друга страна, брзозборките се многу поетични и ритмички убаво скроени. Денес, брзозборките повеќе му припаѓаат на детскиот фолклор.Кирил Пенушлиски, „Предговор“, во: Пословици и гатанки (избор и редакција Кирил Пенушлиски). Македонска книга, Скопје, 1969, стр. 16.

Примери мини|Германска брзозборка на поштенска картичка Бел петел бела пепел прета. Во дол бол има вол. Дрзок дрвар в дрма дрва врзал. Едно дрво јаворово преку поле Лазорово. Кантар тргат катран. Лош кантар црн катран мереше. Ми рекоа да му речам и си реков дај да му речам да не речат дека не сум му рекла. Петко плете плет, Петкојца меси леб, пушти Петре плет, за да јадеш леб. Петре плети плот, да помине поп, да растуре плот, да ни дојде гос. Пушка пукна, патка падна. Расол лош расол. Ситна роса ситно трева росеше. Снесла страчка на прачка дванајсет јајца, поминав едно зедов изедов поминав зедоф две изедов, поминав зедов три итн. до 12. Страчка каша варила од јачмен и просо, а пак ќосот во ќошот си го чепкал носот. Фатив слон и сом на сон. Џеб, џепче, џепчиња без денарчиња. Штркот штрака со штракалката.

Поврзано Алитерација

Наводи

Категорија:Книжевност Категорија:Македонски јазик Категорија:Фолклор