thumb|350px|Преглед на етапите; црните линии ги претставуваат растојанијата на поединечните етапи, додека црвените линии се растојание поминати во префрлање помеѓу етапите.

Етапата 11 на Тур де Франс 2012 се одржала на 12 јули, а трката се завршила на 22 јули. Втората половина на трката била сместена целосно во Франција; започнувајќи со планинската етапа од Албервил до Ла Тузиар-Ле Сибел – вклучувајќи две искачувања од екстра категорија на етапата – пред да се заврши трката вообичаено на етапната завршница на Шанзелизе во Париз на 22 јули.

По неговата победа на поединечниот хронометар на етапата 9, возачот на Бредли Вигинс го одржал водството во втората половина на трката. Го одржувал неговото водство на трката, правејќи разлика од 2 минути и пет секунди – постигната на етапата 9 – до последниот поединечен хронометар на трката, одржан на претпоследниот ден на трката. Вигинс ја освоил етапата со една минута и шеснаесет секунди предност пред неговиот колега Крис Фрум и Вигинс на крајот го задржал неговото водство до следниот ден во Париз, каде ја освоил трката со три минути и дваесет и една секунда, со што станал првиот возач од Велика Британија, кој освоил некоја голема трка. Фрум завршил втор, додека подиумот бил заокружен со поранешниот победник на Вуелта а Еспања Винченцо Нибали, возејќи за екипата , кој бил само втор возач, кој завршил во рамките од 10 минути зад конечното вкупно време на Вигинс.

Само колегата на Вигинс Марк Кевендиш успеал да победи на повеќе од една етапа во текот на втората половина на трка, победувајќи на две од трите последни етапи, вклучувајќи ја и четвртата последователна етапна победа во Париз. Оваа победа му овозможила да стане најуспешниот спринтер на Тур де Франс со 23 етапни победи, надминувајќи го рекордот од 22, кој бил држен 48 години од Французинот Андре Дарижад. Тројца француски возачи – Пјер Ролан, Пјерик Федриго и Тома Веклер – секој имал етапна победа во текот на втората половина на трката, додека победата на кралската етапа на Веклер му помогнала да стане краен победник на планинскиот пласман. Други етапни победници биле Дејвид Милар, Андре Грајпел, Луис Леон Санчес и Алехандро Валверде.

Во текот на етапата 14 на трката, Вигинс ја запрел групата на спустот по искачувањето Мур де Пегуер, откако биле пронајдени клинци фрлени на патот, кои биле одговорни за проблеми со гумите на триесетина возачи. Помеѓу оние со проблеми бил и бранителот на титулата Кедел Еванс, кој доживеал повеќекратни проблеми со гумите на искачувањето и изгубил околу две минути пред Вигинс да повика на мир во главната група, дозволувајќи му на бегството да ја заврши етапата со време од осумнаесет минути пред групата. По пребарувањето на хотелот на екипата во текот на првиот ден за одмор, вториот ден за одмор одминал со позитивен тест за допинг на возачот од Френк Шлек, третопласиран на трката во 2011. Шлек ја напуштил трката по пронајдените траги ксипамид, забрането средтво од велосипедистичкиот сојуз, кои биле пронајдени во примерок од неговата урина и подоцна потврдени со уште еден тест.

ЛегендаМаичките, кои се појавуваат во табелата лево на страницата биле носени од велосипедистите на наведената етапа, додека оние кои се појавуваат на десната страна означуваат кој велосипедист ќе ги носи наредната етапа.   20px|alt=A yellow jersey   Го означува предводникот во генералниот пласман      Го означува предводникот во бодовниот пласман   20px|alt=A polka-dot jersey   Го означува предводникот во планинскиот пласман   20px|alt=A white jersey   Го означува предводникот во пласманот за млад возач   20px|alt=A jersey with a black rider number on a yellow background   Го означува предводникот во екипниот пласманБројчињата им се доделени на сите останати возач во водечката екипа.   20px|alt=A jersey with a white rider number on a red background   Го означува возачот означен како најборбен во текот на денот   и.в. означува дека возачот ја поминал целната линија во иста група, како оној што го добил времето над него и затоа му било доделено истото завршно време.

Етапа 11

thumb|Профил на етапата

12 јули 2012 — Албервил до Ла Тузиар-Ле Сибел, 148 км

Етапата целосно била сместена на Алпите со две искачувања од екстра категорија – Кол де ла Мадлен по 40 километри и Кол де ла Кроа де Фер по 93 километри; обата имаат врвови на 2.000 метри или повисоко - пред да заврши на завршницата во Ла Тузиар-Ле Сибел. Кол де ла Кроа де фер била највисоката точка на Алпите на овогодинешниот Тур, па така водачот, кој поминал на врвот ја добил наградата Сувенир Анри Дегранж. Завршницата била на искачување од прва категорија долго 18 километри со просечен наклон од 6,1%. Како и претходниот ден било создадено големо бегство откако неколку различни групи се одвоиле од главната група по првото искачување на денот, на Кол де ла Мадлен.

Вкупно имало дваесет и осум возачи во групата; на врвот на искачувањето, темпото се зголемило и групата се поделила на повеќе помали групи, додека возачот на Петер Велитс ги освоил максималните бодови на врвот, следен веднаш од возачот на Фредрик Кесијакоф. Велитс и Кесијакоф добиле предност од 45 секунди на спустот, но на крајот осум возачи ја намалиле разликата и го стигнале дуото пред Кол де ла Кроа де Фер. имал двајца возачи во групата, Кристоф Керн кој го поставувал темпото за неговиот колега Пјер Ролан, и темпото повторно ја поделило групата. Назад во групата, водачот во пласманот за млад возач Тиџеј ван Гардерен () нападнал на искачувањето, како најава за подоцнежниот потег на неговиот колега Кедел Еванс. Тие постигнало предност од 30 секунди на една точка пред повторно да го доведе Бредли Вигинс назад до нив. Кесијакоф бил подобар од Ролан за бодовите во планинскиот пласман на Кол де ла Кроа Фер, додека групата била две минути зад нив.

Групата составена од Вигинс и другите кандидати за генералниот пласман заостанала дополнително за една минута во првите делови на Кол ду Молар, каде бегството составено од Велитс, Ролан, возачот на Крис Анкер Соренсен и Роберт Кишерловски од , додека возачот на Васил Кириенка пристигнал подоцна. Ролан паднал на спустот од искачувањето, каде пристигнал прв, додека Соренсен бил во потешкотии да остане со водачите. Возачот на Винченцо Нибали се обидел да се одвои од главната група на два наврати на последното искачување, достигнувајќи го возачот на Јурген ван ден Брук, кој избегал со победникот на осмата етапа, возачот на Тибо Пино. Еванс не успеал да се задржи на искачувањето, губејќи време од вигинс, неговиот колега Крис Фрум и другите соперници. Фрум го довел Вигин во потешкотии едно време, но го намалил темпото, кога му кажале преку екипното радио. Напред, Ролан бил последниот преостанат возач од бегството и заминал соло кон неговата втора етапна победа на Тур, и втора последователна етапна победа на неговата екипа. Пино водел во групата на жолтата маичка низ линијата на целта, додека Еванс изгубил скоро 90 секунди зад Вигинс, Фрум и Нибали, кои завршиле на првите места во генералниот пласман по оваа етапа.

Резултат од етапа 11 ВозачЕкипаВреме 1 2 + 55" 3 + 55" 4 + 57" 5 + 57" 6 20px|Yellow jersey + 57" 7 + 1' 08" 8 + 1' 58" 9 + 2' 13" 10 20px|Yellow-bibbed jersey + 2' 23"Генерален пласман по етапа 11 ВозачЕкипаВреме 1 20px 2 + 2' 05″ 3 + 2' 23″ 4 + 3' 19″ 5 + 4' 48″ 6 20px + 6' 15″ 7 20px + 6' 57″ 8 + 7' 30″ 9 + 8' 31″ 10 + 8' 51″

Етапа 12

thumb|Профил на етапата

13 јули 2012 — Сен-Жан-де-Морин до Аноне-Давезје, 226 км

Со растојание од 226 километри оваа етапа била најдолгата на овогодишниот Тур; трката ги оставила Алпите и имало само две искачувања од прва категорија - Кол ду Гран Кишерон на 1.188 метри и Кол ду Гранје на 1.134 метри – во првите 80 километри, иако имало и едно искачување од трета категорија кратко пред крајот на етапата. Како што било случај на претходните две етапи, повторно се создала голема група во бегство, која поставила темпо и се одвоила од главната група уште на почетокот на етапата. На нејзиниот максимум, групата била составена од деветнаесет возачи, но била намалена на единаесет, кога групата дошла до подножјето на воведното искачување, Кол ду Гран Кишерон.

Роберт Кишерловски од ги зел максималните бодови на искачувањето, за да го заштити водството во пласманот, држен од неговиот колега Фредрик Кесијакоф. Возачот на Давид Монкутје се обидел да ја намали разликата и да стигне до водечките, но доживеал сериозен пад на спустот од искачувањето. Тој ја напуштил трката со исеченици. Кишерловски исто така ги зел максималните бодови и на Кол ду Грание, што го направило водството на Кесијакоф безбедно уште еден ден. По пристигнувањето на средина на етапата во зоната за храна, водечката група се поделила и пет возачи – Дејвид Милар од , возачот на Жан Кристоф Перо, возачот на Егои Мартинес, Кишерловски и Сирил Готје, кој одел кон третата победа по ред за – заврзувајќи се одвоиле и достигнале водство од 13 минути на нивниот максимум. Бидејќи ниеден од тие возачи не биле блиску до водечките во генералниот пласман, главната група ја оставила групата и одлучиле да не ги бркаат до крајот.

Ниеден од квинтетот не напаѓал во групата и тие останале заедно до последните 5 километри на етапата. Кишерловски одиграл прв, напаѓајќи на 3,5 километри, но Перо го достигнал веднаш и нападот се прекинал; вториот потег дошол од Мартинес и Готје. Перо повторно забрзал и Милар го следел на неговото тркало, додека Кишерловски отпаднал. Милар излегол напред во последниот километар, но Перо останал на неговото тркало на само 200 метри пред крајот; тој започнал напад, но Милар го победил на линијата за неговата четврта поединечна етапна победа на Тур – прва неговата победа од 2003 – и четврти различен британски возач, кој победил на етапа на Тур 2012. Главната група била предводена на линијата на целта осум минути зад водечките од двајцата водачи во бодовниот пласман, возачот на Метју Гос и возачот на Петер Саган. Саган реагирал на спринтерската завршница од Гос, изразувајќи дека бил попречен во последните метри. Организаторите на трката се согласиле со Саган и поместиле Гос на седмото место - ставајќи една секунда разлика помеѓу нив и групата – и го казниле со одземање на 30 бода во пласманот, како и му додале 30 секунди во генералниот пласман.

Резултат од етапа 12 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 + 5" 4 + 5" 5 + 5" 6 20px|Green jersey + 7' 53" 7 + 7' 53" 8 + 7' 54" 9 + 7' 54" 10 + 7' 54"Генерален пласман по етапа 12 ВозачЕкипаВреме 1 20px 2 + 2' 05″ 3 + 2' 23″ 4 + 3' 19″ 5 + 4' 48″ 6 20px + 6' 15″ 7 20px + 6' 57″ 8 + 7' 30″ 9 + 8' 31″ 10 + 8' 51″

Етапа 13

thumb|Профил на етапата

14 јули 2012 — Сен-Пол-Тру-Шато до Капо д’Агд, 217 км

Оваа транзитна етапа го носела Тур на Средоземното Море. Искачувањето преку Мон-Сен-Клер и ветерот на морскиот брег претставувале две опасности за трката во последните 28 километри. За прославата на Денот на Бастилја, бегството се состоело со голема бројка на Французи, со дури пет возачи од вкупно осум – возачот на Самуел Димулен, возачот на Матје Ладању, Џими Енжулвен од , Максим Буе () и Жером Пино, претставувајќи ја екипата . Групата била заокружена со Пабло Уртасун од , возачот на Мајкл Морков и возачот на Рој Карверс.

Октетот го направил бегството во првите 20 километри од етапата и нивната предност се искачила на максмилани десет минути на обележјето од 35 километри, пред да испрати возачи напред во главната група, со цел да ја намали разликата. Уртасун ја предводел групата низ линијата на средниот спринт, додека позади, водачот во бодовниот пласман Петер Саган () бил во можност да го започне неговиот спринт пред тоа да го прави спринтерот на Метју Гос, и со овој резултат го зголемил неговото водство во пласманот. Пино се одвоил на 65 километри пред крајот, но неговиот потег бил предвиден од Морков, пред тој да нападне. Морков ја држел едноминутната предност пред поранешните членови на бегството сè до подножјето на Мон-Сен-Клер, но групата ги достигнала пред врвот на искачувањето.